Чистев едни полици дома,затоа што на нив имаше некои стари книги и тетратки. Најдов една боенка од кога сум одела во градинка,најдов и една тетратка полна со песнички од 1во одделение,која препишана,која од мене напишана,којзнае. Седнав и ја прочитав тетратката,но една песна премногу ми се допадна,не ми текнува дали сум ја напишала јас или сум ја препишала,но сепак решив да споделам со вас две песнички. Ако сум ја напишала јас значи ,,многу‘‘ поетична сум била на 6 годинки. Еве ја песничката со наслов Зима. Зима Кога надвор се е снежно и снегулки паѓаат полека,нежно, ракавички,капа секој од нас има, брза да излезе,ни дошла зима. Дома да се седи малку е тешко кога ти се прави снешко, костенчиња-очи,морковче-нос, нему не му студи ни кога е бос. Бело е се,од сегде јурат санки, со топки се полни нашите дланки, од сегде се слуша весел детски глас, па што ако е ладно,што ако е мраз. Еве една кратка песничка со наслов Кокиче. Кокиче Над село, на бреже, нежно бисерно бело, никнало цвеќе смело. Среде студ и мраз тивко рече: -Кокиче сум јас. Премногу ми недостасува тоа време,кога немав фејзбук,кога не ме интересираа компјутери,кога времето го поминував надвор,кога бев слаба ( ),кога не ме интересираше ништо освен тоа што брзав да стигнам дома пред 4ипол саатот за да не го пропуштам цртанот винкс или телетабиси на А1 телевизија. Почнав да станувам носталгична за тоа време и сега сфаќам дека порано грешно сум мислела дека е поубаво да си возрасен,да знаеш се. Но гледам дека сум била во заблуда,нема ништо поубаво од тие детски,невини мисли за животот,па верувањето дека постои дедо мраз и уште мал милион такви мечти. Ми недостасува тоа време.
Сабота по којзнае кој пат. Математички ако пресметам во низа години, ќе ми требааааа... Пааааа, едно дваеседум минути. Туку, светов е од апови и down=ови напраен. Ко играчка на батерии. Сакав да кажам дека пролет иде. А каква ќе биде, сигурно нема на телевизија да даваат. Шмекерски си залепувам крем за лице, го колнам простиот телефон што цркнува на секои три минути, сонувам за едно олдскул мп3 плеерче со два гига музика и одам пеш на работа со кесичка од Зара а во неа тегличка црвен грав, алуминиум фолија во која се кријат пржени кришки и пластично кутивче салата од цвекло. Морни, копачи и копачки, треба да се чита, да се скита, да се пита (прашува)! Љубов. Први. Вино. Вина. Многу стрес и бес. Врските се како секси корсети. Или пукаат или нежно се одврзуваат за до следниот чин. Мачкиве важно си се изнауживаа по хауби, подруми и настрешници. Снег - ни за лек. Во недела, Сокаче и роденден на мојана водолија. Ив Енслер, Добро тело. Како полнеж во пиперка. Имам вишок. Засекогаш ќе имам вишок. Килограми, револт, љубов и емоции. Зарем тоа не е прекрасно?
Абре луѓенца...јас како јас мрдната така отидов да гледам претстава на Солза и смеа,Златна бубашваба 7 се викаше...Е отидов,шо отидов..арно ама си купив карта шо си купив и како секоја нормална персона чекам ред секако..Абе гужва невидена!Ко Бараката на Обама да слетал во Домот на Културата!Абе така ми дојде една мисла...а да му ја прднам овде,да рокнам?Сите ќе се разбегаа и јас на раат ќе си влезев ко Ал Капоне внатре...ама штета-не пиев чај од грав
Цело сабјале си ги читам старите мислења ,се потсетувам на сите важни и неважни патеки низ кои сум поминувала,личноста која сум била.Како да сум ја потиснала негде длабоко во себе и таму сум ја заборавила. Колку може животот во една година да се смени.And i'm glad.Се радувам што сеуште не сум на истото.Не дека ми било лошо тогаш,но не би можела да поднесам да тапкам во место. И не можам да ги поднесам луѓето кои секогаш тапкаат во место.А не дека не сум опкружена со дузина такви.Амеби.Шу. Aј тоа, него што правиме со врмево.Сонце барам,сонце не ме грее. own:
Е значи колку ме нервираат луѓе што сакат своето мислење да го наметнат и на други ,се знаат,се разбираат и само они се во право Како да не другите ако си ги убедил-а дека ти со твоите мислења си совршена и секогаш си во право кај мене не поминуваш толку лесно .Јас сум си јас не сум оние другите
Кога сум била помала,ме заплашувале со кажување на страшни вести,бабароги,чудовишта со пет глави..Јас на своето дете,ќе му кажувам да се чува од луѓе-луѓе со една глава а пеесет лица на нејзе.Има ли поголемо чудовиште од тоа,хм?
сдк... И вчера и денес сум многу расположена.Вчера сонцето ме исполни со енергија и се чувствував прекраснооо. Денес веста дека братот на дечко ми ја запроси својата девојка и тоа ме прави многу среќна,наскоро ќе имаме свадба. Им посакувам многу многу среќа и долг заеднички живот. Следна сум јас,си чекам . Пријатен ден среќички,бидете и вие многу многу среќни секогаш.
Какви погледи ми испраќаат девојките аууу многу јебозовни,толку ли сум убав и привлечен а? Не сум нарцис,само многу се ценам и почитувам,вредам бе,што ми можете? Можете само да ме мразите.поздравче
на оваа сликава на профилов мислиш па постирај брат да те видиме што лице носиш, за да ти одговорам на прашањето мала шала
Многу ми се оди негде надвор од земјава. Би сакала да одам на неколку дена на планина,да претстојувам во мала,дрвена куќичка,во некоја нордиска земја. Далеку од Интернет,телефони и телевизија,далеку од книги и далеку од многу луѓе што ми беа во опкружувањето. Така да поседам неколку дена таму,да ми се покачи бројот на еритроцитите,да се изнадишам чист ,студен воздух. И да се бањам со снег. Или некоја спа на отворено би ми завршила работа исто ко тоа со снегот. Вака ептен Норвешка ми паѓа на памет, да ги гледам фјордовите и да ловам риби во дупка.
Големите достигнувања во животот бараат големи ризици Обидот да ја пронајдеме другата половина е еден од нив. Љубовта е како ѕвезда што паѓа. Ако трепнеш,ќе ја пропуштиш. Ако успееш да и се насмевнеш,треба да ја задржиш. Таа ни емотивна е водилка во животот...