СДК, на пример мене да ме земат да се натпреварувам во Брза кујна, мислам дека ќе бидам единствениот неспособен талент кој не умее да стигне да зготви и постави маса за 20 минути Ама сериозно. Никогаш не сум била вешта во кујна, не знам да готвам многу јадења, додуша барем знам да се снајдам колку да не останам гладна, ама и тоа што ќе го направам го правам со оставање на голем хаос зад мене, или ќе го пресолам и изгорам јадењето, трето нема Ама каков ден беше денес човече, зедов да правам солен кекс и не ми се погоди, замина на ѓубре, а колку ми беше криво за потрошениот материјал и што ја направив цела кујна лом, па немав доволно брашно и се качив горе да позајмам од снаа ми, и се испофалив и неа дека ќе правам солен кекс во куглоф, и реков да слези за некое време. И нормално слезе, а јас во меѓувреме исчистив и измив се, го прибрав и миксерот и ги измив сите садови, на крај дојде работата "ни лук си јал, ни лук си мирисал" ме прашува снашка кај е кексот, и'и викам, ааа не направив се премислив (морав да лажам, оти ми се смачи да пустам само се, оти не ми е првпат да не ми се погоди нешто, само да знаете колку торти имам исфрлено) срам ме фаќа да кажам дури
Во тоа е и убавината. Таа тема ќе остане да биде храм без небитни додатни коментари, а тињата ќе си ја пренесуваме соодветно кај што треба, како на пример во живава песок тука. И напротив, нема дупка у закон, никој не вика да не коментираме, само да не се коментира таму. Јас имам многу надеж за таа тема дека ќе биде како што требаше да биде оваа, ми доаѓа да ја отворам 70 годишната ракија на дедо да прославам.
Во новата тема што е без цитирање ги видов коментарите што ги пишувате за тоа дека не сакате цитирање,нешто како еј супер тема без цитирања.Што гледате толку лошо во тоа ако некој го цитира вашето мислење па дури и да не се согласува со вас
Јас не сакам секогаш да ме цитираат затоа што некои постови се само за мене,за да ми олесни на душа,а не за да ме напаѓаат некои на кои не им се допаѓа напишаното. Убаво би било оваа тема да се избрише или заклучи и да биде достапна само таа без цитирања.
Првично многу негативно ја сфатив новата тема без цитирања (па напишав мислење, па го избришав), ама сега мислам дека и ја сфатив функцијата. Пр. Те изнервира Коловоз и фино одиш во сакаш да кажам без цитирање и пишуваш: Коловоз краво една! (без навреда на кравче)... И ајде сега да те видам. Нема цитирања
Во однос на цитирањето во темава. Ако на еден пост се надоврзе некој со свое лично мислење/искуство што придонесува кон дискусијата и има поента, а да не е десет реда смајлиња, ,,аха хахаха", ,,да, да", ,,лајк за постов ", ,,се сложувам" и на нив сличните, мислам дека е сосема во ред. Има некаков тек муабетот, има смисла. Ако нема дискусија, зошто би постоеле темиве?
Мислам дека не е проблемот во тоа дали некој се согласува или не, нормално секој си има свое мислење, но мислењето на другиот треба да се почитува. Мислам дека станува збор за тоа дека додека тие цитираат, цитираат за навреда, ругање или понижување, што не е дозволено во нитуедна тема на форумот. Во ред е да цитираш некого, нешто ти се допаѓа, нешто сакаш да додадеш, или нешто не ти се допаѓа. Се е океј тоа, но не е океј да се цитира некого за да се навреди (без разлика дали директно или индирекно) и да се напише во смисол "мала шала, сви се насмејамо хахаха".
А остатокот од жените, чекаат да најдат маж зашто тешко е без маж. Е тоа е жалното, што еден куп жени не се борат да постигнат нешто туку бараат маж и тоа им е “најголем успех”. Ни сијалица не менуваат без маж во куќата.
Што точно се подразбира под работите во светот? Нереално ми изгледаше податоков и расчепкав по Интернет, не можам да најдам ваква информација. Има некој извор во учебникот? Можеби се мисли на неплатена работа во домот? Има податоци за тоа на сајтот на УН, ама не соодветствуваат со напишаното тука. Чепнав низ интернетов, се' што најдов е ова. И сега прашањата ми се: Кој ги пишува учебнициве, зошто не се проверуваат информациите, зошто преводот е толку нејасен (2/3 oд работите во светот, стварно?), и зошто не се цитираат јасни извори за учениците да можат да проверат? И ова ќе им го дадат на тест, па тие го учат така како што е. Фактичката состојба со жените во светот е доволно сериозна. Лажни информации само ја релативизираат. Чек да видам во која тема сме... а, може цитирања овде.
Јас, тоа со работите во светот, го сфатив во смисла и на домашни работи, работи во двор, бавчи, се што прави жената, а не и е професија/занимање.
Сдк некои луѓе погрешно ги толкуваат статистиките. На пример се заборава дека дел од тие статистики се само чиста математичка случајност без логично објаснување зошто едното го има повеќе од другото. Од друга страна, постокат статистички податоци позади кои има логика и причина за таквата математика. (инаку бројките од ракав ми се) Пример 1 - статистика која покажува дека 95 % од заболените од хемофилија се мажи, останатите жени, што не е случајност. Постои објаснување за болеста зошто се појавува повеќе кај мажи, генетика, полови хромозоми енд стаф. Така да, овде е во ред да се каже дека болеста е поверојатно да се појави кај маж отколку кај жена. Слично е и за други болести како цистит на пример кој се појавува повеќе кај жени од друга причина. Овде резултатите навистина зависат од полот или од она според кое се поделени. Двете групи (во случајов мажи vs жени) навистина имаат нешто различно од кое зависи дали ќе се појави болеста и зошто ако да. Пример 2 - статистика која покажува дека 60% од бебињата родени минатите 5 години во некоја земја биле женски.Тука не значи дека има поголема веројатност таа жена што ќе роди следно да роди женско дете. Двете групи немаат разлика која би укажала зошто едните повеќе се раѓаат од другите. Или статистика која вели дека 65% од луѓето кои гинат во сообраќајни несреќи се мажи, што пак не значи дека некој маж треба повеќе да се плаши дека има поголема веројатност да настрада во таква несреќа. Сите оние кои настрадале, тоа било поради грешка која не може да се поистоветува со полот. Така да гледајќи реално, не е некоја жена побезбедна само зошто математички повеќе гинат мажи. Шансите да настрада некој воопшто не зависат од полот, туку други фактори кои еднакво се застапени и кај мажи и жени. Eднакво подлежат на ризик и едните и другите. Почудно ќе беше ако е рамно 50:50
Е тоа е тоа..баш сега ја учам темава во школо.И си дискутирам со професорката и машкиве нешто као ,,све се чека на нас, шо ќе праите вие без нас” а јас сирота уште од мала знам да ковам шајки, да менувам сијалици. Од секогаш сум била таква.Се ме интересирало, сум растурала па сум местела, сум му се плеткала на дедо ми па слободно можам да кажам дека знам некои работи. Искрено да немав од мала замисла што сакам да бидам кога ќе пораснам пошто сум чукната ќе одберев најнерандом професија за женско кај нас.Ама за физичка работа не сум бидејќи за кратко време се заморувам. Според мене во едно домаќинство и кај нас и секаде мажот треба да знае да запегла, да зачисти.Ама и ние не треба да останеме покусо, треба да знаеме бар еден штрафцигер да фатиме, нешто да затегнеме, да заковаме. Сами си ги поставуваме тие граници ,,еј ова е машка работа”. Мене дома како едно дете ме имаат воспитано дека во домаќинството нема машки и женски работи.И мајка ми кова шајки, менува сијалици.Кога е болна или не може да средува татко ми усисива,мие садоб Нас професорката по социо. ни кажа дека под тие 2/3ни спаѓаат и домашните работи. Значи занимање и плус домашни обврски.И да може да се цитира овде, зато овде и постирав бидејќи знаев дека ќе дојде до дискусија и мило ми е искрено. Табу тема е сеуште положбата на жената, нејзините права, барања и потреби. Истражувањето е правено на глобално ниво. Ни кажа за непименоста дека најголем дел од неписмените жени се во муслиманските земји, каде што НАМЕРНО не ги праќаат во училиште бидејќи ги спремале да бидат мајки и домаќинки. Искрено верувам во зборовите на професорката бидејќи е многу паметна жена, интелектуалец е.Има читано многу книги, openminded e и има доста познавања. @СуперДевојка ете одговорив. Под тие 2/3 се подразбираат И домашните обврски а и занимањата воедно.
Проблемот е што "статистиките" во учебникот се извадени од ракав, т.е. од рандом инфографик од интернет, без соодветно истражување и цитирање. Види го линкчето што го постирав погоре, нема никаква подлога на тие податоци, и претставници од ОН изјавиле дека тие статистики не се точни. Има конкретни извештаи од ОН, со точни податоци. Наместо врз основа на нив да се пишуваат учебници, полесно им е да клинкат на првиот сајт што ќе го исфрли Гугл. Тие 2/3 не се точни и за работите во домаќинство. Има извештај на страната на ОН, може да го симнеш (првиот линк од погоре, кликни на data). Јасно е има проблем со рамноправност на глобално ниво, ама уште појасно е дека образовниот систем кај нас смрди, труе.
Токму за неписменоста не спомнав, зашто не бев сигурна. Другите три дефинитивно се извадени од ракав.