Од денес постои Еднакви.мк со база на женски експертки што е почит и гордеење. Од розевата фемина.мк сигурно ќе има по некоја дел од таа база или не?
Да доучам ќе седнам ќе побарам. Пишувам од телефон цело време, мака ми е менување јазици, теми и копирање линкови.Ќе потрае малку
„Маж во куќа" се мисли на партнер, сопатник, некој кој ќе е со тебе низ секојдневието и ќе делите обврски и одговорности. Полека со woman power. Не дека жена сама не може ама за повеќето полесно е со партнер. Не секоја е таков карактер, не секоја е индивидуалец или не секоја заработува доволно да со леснотија сама се носи со трошоците. Затоа и дозволено треба да и' е да си каже -Сакам маж во куќа, или -тешко е без маж во куќа
Да Бриџи, до негде си во право.Но да ги ДЕЛИТЕ ОБВРСКИТЕ, а не се да биде на грбот на жената или на мажот.Уште не е разјаснето тоа. Ама затоа не треба ни да се фрлаат камења по жена кога ќе каже ,,Не ми треба маж можам и сама”.
Eве ги статистиките https://genderstats.un.org/#/indicators Кај индикаторот подеси average number of hours spent on total work. Не ќе да се 2/3 на жени. Скоро секаде жените поминуваат повеќе часа дневно во работа, ама не до толку повеќе. A кај domestic chores скоро секаде е повеќе од 2/3, па пак статистиката е извадена од тепка. Плус, сите работи во светот - звучи ко некој првооделенец, а седнал учебник да пишува.
Значи не беше муабетот колку часа туку КОЛКУ работа.Квантитетот го зборам јас. Ти кажав и пак ќе пишам, под тие 2/3 се подразбираат и домашните работи и обврски.Затоа жената ги извршува 2/3 од работите во светот. Учебникот е пишуван од професори по социологија, сигурно не се некои лаици нели? Во темата ,,Род и пол” сега што ја предаваат има интересни работи.Ќе сликнам и ќе објавам. Направив нова тема во Општи дискусии нека ни ги префрлат таму мислења да го довршиме муабетот
Сакам да кажам зини земјо голтни ме, плукни ме на Хаваи. Значи не се за мене воопшто социјалниве мрежи. Дали е можно истите грешки по сто пати да ги правам, погрешни пораки на сите им праќам.
Вицкаста Северна, вечна. На волку секс, волку незадоволен народ и пак да дозволува некој да го кхм... треба да не изолираат како посебен примерок, да не анализираат и истражуваат. Во други вести, полудувам. Од сама себе. Сакам да се дистанцирам од сите, ама како магнет ме влечат. Смачено ми е. Ми нема смисла. Сите овие работи, зошто ги правиме, немаат смисла... Се разбирам себе, го разбирам него, и пак продолжуваме. И ова ми нема смисла. Сакам да престанам да мислам.
Во насловот на темава во загради да вметнете „За храбри феминки“. Изгледа храброст треба да пишеш мислење во оваа тема, со опција за реплика.
Кога ќутев за сите бев добра,таман почнав да се бранам и да си кажувам мислење одма сум кавгаџика,таткоми и за на психолог ме направи само зашто се бранев,неможам да се изначудам како сум останала колку толку нормална во семејствово.
Баш ме интересира како ќе заврши една злобна личност што ги фаќа сите на емоции и кога е виновна плачи, рика и моли да и се прости. И почнува пак одново ко ќе и се удбоволи. Јас не враќам, само гледам како ќе заврши. Карма из а бич, ама јас сепак си се бранам, не дозволувам некој да ми ја поништува личноста.
Седнав и прибрав смоките па малку да не ми дојде прибрав и кикирики А баш не ми се јадеше благо Ама имало опција и солено Вечно прашање Зошто навечер имаме дупка у стомак ?!
СДК посакувам навечер да зборувам со женска личност, но нејм, онака лајт муабет, теми далеку од секојдневието, open source ако има интерес тука сум. Преку глава ми е од лажни тапкачи по рамо, а не ми треба да ме тапкаат по рамо . . .