Го читам постот во темата Љубовни Магии, значи @Feminka22 РАСТУРИ со рецептот, не можам да прекинам од смеење.
Најлошо е кога на “некој близок” девеесет и девет пати му простуваш со надеж дека ќе се промени и стотиот пат пак ножот во грб. Е нема да има сто и први, боли.
Ќе ти се врати, и јас како тебе мислев ама сега имам нај висока самодоверба! Се најубаво ти посакувам!
Многу мразам кога имам обврски за завршување во недела и не можам на раат да си седам со маска на лице и на коса, туку треба да имам грижа на совест дека уживам наместо да завршам тоа што треба.
Луѓе од минатото со кои сте се дружеле па прекинале, поради одредени ,,банални" околности, а кои после 5-10 годишен временски период ве бараат за кафе дружба, веројатно не бараат пријателство и евоцирање стари спомени. Ако се жени во прашање е или радозналост, (да видат дали сте дипломирале, вработиле, вериле), или се моментално осамени..Ако се момци, веројатно сакаат да видат дали имаат шанси да ја исполнат својата дамнешна мастурбаторска "другарска" фантазија, па во име на старите добри времиња потајно се надеваат дека од регуларни пријатели у прошлост, ќе преминете во нов модерен статус, ,,пријатели со бенефиции" јер 21-ви век сме ХеЛоУ. Колку брутално ѝ да звучи, тоа е реалноста. Никој не бара партија билјард или карти, тоа бидете 80% сигурни.. Останатите 20% да речеме дека се резервирани за оној мал дел луѓе со искрени намери, кои навистина имале силна причина зошто толку долго не ве побарале. Селидба, финансиски/здраствени предизвици, заминување во странство.. Пријателите, и другите ,,артефактни" вредности кои во минатото вредеа малку повеќе од денес се потполно руинирани и одвеани со ветрот како ефтина турска серија. На оваа ,,позитива" на денот ќе го додадам моето старо иронично - cheers to that!
Се прашувам дали ќе беше толку успешна и позната Мари Кондо, да не беше толку слатка и симпатична Брб одам да ги допирам стварите што ми даваат спарк оф џој, и да ги предиплам чаршавите со ластик
Девојките/жените се дотерувале, шминкале само за да се допаднат некому, како тоа некоја девојка шетала сама место да брка дечковци и раѓа деца... Добро шо ви е проблемот, јас не знам. Ако вие сметате дека не се може без маж, има и такви кои можат. После ми станува јасно зошто некои девојки се во токсични врски и упорно не сакаат да им раскинат на таквите партнери или тоа какви сe' луѓе стануваат родители.
Јас повеќе преферирам девојки природни,без шминки,без триста чуда на лицето,едноставно да блесне природната убавина
Малку само. Општеството го осудува абортусот во Србија. На тоа не сакам да им го залепам коментарот на нашиот Кили. Ватафак?? Па пола од нив се резултат од тоа што ќе речи околината ако жената реши да го роди детето. Исмејувањето, покажувањето со прст, омаловажувањето на детето кога ќе расти. Да не почнам со тоа дека ретко кој Србин би ја зел за жена или воопшто би ја сватил сериозно. Не ме зезајте, аман . А да преиначите кампањата во Напред, жено лавице, можеш....така за самохраните мајки малку да се смени ставот. После да го т......е за абортусот. Се лечи прво средината, после самото по себе и абортусот ке се намали. Абортусот е само колатерална штета над невино дете. Ахххх лугенца, ахххх
Прееска кашлајки сум се исфорсирала и сега плешката премногу ме боли. Се чувствувам како да сум седела 4 дена на промаја.Очајно ми треба масажа. Се напив и Аналгин и Налгесин С и болката не поминува.. I need a massage
Многу е лесно да распознаеш лош од добар човек. Лошиот хронично ја гради својата среќа врз туѓа несреќа. Расипува брак/врска за да изгради своја. Гради кариера на местото на некого на кој му се случува некаква несреќа. Гради дом онаму каде што ќе направи раскол. Кога-тогаш ... кога-тогаш се враќа без да не праша дали сметаме дека сме погрешиле...и ова што јас го плаќам верувам дека е нечиј долг. Ама нека, ќе се исплати, но моето... знам дека е чисто. Се роди едно бебе, се роди една љубов, се купи стан, се заврши еден факултет, се доби една работа... никому зло и доаѓа нешто убаво. Живот, тоа е, тестирање на трпение и верба. А и што е животот без соништа за враќање пак назад некаде, каде што си повеќе дома од дома? Не во стаклената џунгла, колку во самотијата каде што си најсвој? Топлинанпод стапалата и чувството на новост... Не завршил животов додека не се вратам пак таму каде што мислам дека природно припаѓам. Со љубов за себе си. Несебична кон никого, а доволна за себе... Да си бидеш дома. Кога сме кај спомените. Има луѓе кои можат да бидат и на најубавите точки на светов и да сакаат да ги пренесат искуствата на инста профилите... тенденциозноста во истото прави фотографиите да им ги доживувам депресивно. Ништо лично. Но просто чувствуваш со што зрачат. Една девојка која не ја ни знам, ми дошла под рака зошто некој ја лајкнал, секогаш ми создава половично, неубаво чувство како под температура. Клише, со чудна светлина, никаква ведрина и покрај окезените, вештачки окезените ликови. Ни Исланд, ни Мароко... ни малку доживување, само протрчување, за да низ опната наречена инста за да има што да каже светот, а не својата душа... тажно потрошени пари... тоа е непотребен луксуз... кога го можеш истото на гугл.
Наоѓам рандом видео кое навидум е некој пренк и читам по коментари дека е нешто смешно. Го пуштам и едни маж и жена кои најнормално си пијат кафе почнуваат на цел глас да стенкаат за да не им пречат децата дојдени од школо во дневна. ..што е најлошо, звукот ми беше акнат до даска и немав ставено слушалки
И таман ќе си помислиш дека нема шанси да видиш некоја поголема глупост во севернава од оние кои досега ги имаш видено или слушнато, и оп гледаш некој како ја згрешува улицата и се враќа на рикверц за повторно да се вклучи во кружен тек. Вечна да е.