Како ти искача? Ти стои пред тебе додека не отвориш? Ја следиш темата па ти дава нотификации? Ами ако тема не ме занима, колку и да се пишува во неа нема да отворам, и што? На животното што го имам дома секој ден како му гледам, а не на дете. Плус, да, епидемијата не е шала ако не примети, три жртви има. Ако сакаш да не слушаш за тоа изолирај се целосно од цивилизација некое време, оти нема да престане да се збори за тоа во скоро време.
Ќе рефрешнам и пак истото ми искача.Или мајчинско муабети. И копам како идиот по темиве да си најдам муабет некој.
Па те тера некој со сила да отвараш? Сакаш темиве да ги деактивираме за тебе да ти биде мирна душичката и да не ти се збори за морбили?
Не ми го сфаќаш муабетот.Не скокај одма. Поентата ми беше да не се напињате толку бидејќи ништо нема да смените.Само стварате тензии. Од кога е прогласена епидемијата 100 различни работи се пишаа за морбилите и вакцините.Пола таму шират анти-вакс пропаганди.Други пак не се ни замараат.А не дај Боже да ви каже човек вакцинирајте. Јас уште на самиот почеток реков дека сум ЗА вакцина и дека би вакцинирала да имам дете.После следуваа коментари како сите си знаат најдобро за своето дете и дрндрн и дрндрн и после?Дојдовме до тоа 3 невини душички да умрат, зашто?Поради тврдоглавост.Сега сите ќе трчаат да вакцинираат. @NarCis@ со што?Како можам да вреѓам мајки кога имам мајка?Првин од себе почнувам, бидејќи некој да каже лош збор за мајка ми жив ќе го запалам, не па други мајки да вреѓам. Кажувам мое реално мислење.Ако некому му смета и се чувствува засегнат не ми е гајле.Лично не навредив никој. Не го користете тоа што сте мајки како протекција овде на форумов.Сите сме слаби на своите мајки, и јас еден ден ќе бидам мајка.Можеби сега немам дете иако обожавам деца, не знам како е да си мајка но не значи дека ништо не разбирам и не можам да коментирам во такви теми. Овде одма се скока по нас што немаме деца со коментари од типот ,,немаш дете не знаеш како е”.Па јас ли сум крива што сум се родила подоцна од вас и немам дете?Објаснете ми? Ако не да затруднам на 17 години да можам да пишувам по темите? Хороскопска карактеристика ми е мајчинската грижа, и према другарките се однесувам така и не можам да не коментирам во темиве.Ама не се напнувам и не се форсирам.Со дигање узбуни и паники ништо не решавате. Сфаќам дека сите се секирате за своите деца, ама чувањето под стаклено ѕвоно на децата ќе ги направи кревки само. Братучедка ми секогаш кога ќе се разболеше седеше дома по 2 недели и немаше контакт со никој и ја чуваа под стаклено ѕвоно.За се нешто ја клукаа со лекови.Сега да дувне ветер во обратен правец она е болна. Јас уште од мала сум била фурија, сум одела боса по бетон и плочки.Ќе сум се разболела ќе сум оздравела и одма во градинка/школо.Затоа сега на 17 години 1-2 пати годишно да чукнам во дрво се разболувам. Организмот треба да се јача не да се слабее
Полн автобус, 3 и пол саати пат. И ќе се најде некој да гледа серија на цел глас. Абе сакам да сум таква и јас, да не се замарам дали пола од луѓето во автобусот ќе превртуваат со очи.
Уште малку вака, па ќе не' лечат надрилекари, оти само тие ќе останат. Баш се чудам на која дрога сме ние што уште прифаќаме да работиме тука. Мора нешто да не сме арни, мазохисти, оти нормален човек ова не би го трпел.
Извини што те цитирам... Истото ова го мислам за сите нас кои останавме да живееме овде.. Не толчат на секој начин а ние викаме "дај уште"!
Најново што чув од рандом личност е дека не било природно да се штитиме со вакцини, све тоа било хемија вакцините и плус болестите против кои се вакцинира всушност не биле и тие природни туку ни ги пуштале во вАздухот за да се разболуваме и вакцинираме. Да оставиме работава преку природна селекција да се врши ако не.
Мене најмногу ме интересира кој ги плаќа тие што пропагираат анти-вакс кампањи. Веројатно Иван Исцелител и сличните на него за да им плаќаат да ги лечат со биоенергија. Уште чекам да се избаци некој дека Жане од Трпејци лечи со баење против морбили, вакцините не се потребни.
Се почна со некој con artist кој сакаше да му се исплати шетањето по ливада, па собра тревки и мораше да најди начин да ги продај. Во исто време, тој ист човек е woke, и користи етерични масла да се лечи. Глобална глупоќа.
@Feminka22 многу драмиш. Навистина не сакам да ти се мешам во муабетот, но бар да сфатиш дека не си во право и мајките се плашат за своето дете. Сите сакаат да имаат здрави и прави деца. Ако не сакаш да читаш, скокни ја темата, оди во други категории,напиши квалитетно мислење, привлечи го вниманието. Генерално не беше навреда,но сепак не е во ред. Мала си, има време ќе разбереш.
@Feminka22 Тоа од страната е како што и самото кажува последните мислења и кои се најактуелни теми, ама тоа не значи дека и тоа се единствени теми. Пр. јас ќе отворам некоја тема, ако имам што да кажам, да споделам, тоа и ќе го направам, ако не ми е провоцира интерес, ја затворам и ја наоѓам соодветната тема во која сакам да споделувам и да коментирам. As simple as that. Не знам зошто толку комплицирање. Сами по своја волја и личен избор отвараме тема која сакаме да ја читаме
@Animali а да е само форумов. Фб по групи врие од постови. А не сме изолирани ни ние постарите, на вести кажале и некоја жена се заразила. Застрашувачки веќе станува.
@buba4e89 Се е така и те разбирам и се согласувам, поентата ми беше за критиката на членката дека само за тоа се зборува, па каде и да е, и овде и на Фејсбук, пак имаме свој избор да направиме селекција што ќе читаме и слушаме Може и на Фејсбук да се зачлениш или отчлениш, да лајкнеш и да одлајкнеш се што не интересира или ни смета. Пр. ако само сакаме да гледаме убави дестинации и мода, само тоа и ќе лајкнаме и кога ќе отвориме само такви содржини ќе ни излегуваат. Ако сакаме да сме упатени за морбилите и здравствената ситуација на државно ниво, имаме милион групи за зачленување. Ама од друга страна, баш ми е некако глупо, ако ме иритира нешто, баш тоа да земам да го читам и отворам секој ден, па после да се жалам дека само за тоа се збори. Ова како сам против себе за ништо
Се најдов прозвана. Се уште не си мајка? Тоа се случува отприлика првите три години. И јас истото го имав прашано и речено за другарка која што роди. Моментално сум бетер од неа, страв ми е да се погледнам во огледало и да се појавам меѓу народ.