После јадење, обавезно одмарам, седнувам 15тина минути, да ми 'спадни' јадењето. Мајка ми нерва кини за ова. 'Масата одма се средува по јадење.' Една е мајка. her.
Имало лек и за таквите. Едно нешто што не ми се допаѓа кај некои луѓе, што немаат осет и почитување кон нечие време. 2. Никогаш немојте да одите некаде на гости ненајавени. Една британска дама совршено го решила нејзиниот проблем. Ако пристигнеле гости без претходно да се најават, таа секогаш ги облекувала чевлите и ја земала шапката. Ако ѝ се допаѓала личноста што отишла на гости, тогаш ѝ велела: „Само што се вратив дома!“, ако не, велела: „Каква штета, само што излегувам од дома Превземено од факултети.мк
Здраво. Си размислувам сабајлево, колку ќе беше убаво Вардар да беше чист. Си шеткаш на кеј, водата чиста, сонцето се отсјајува од неа, гледаш по некое рипче тук таму, камчиња, дури и ти иде да си завратиш ногавици и да се прошлапаш. Да не мора да чекаш да дојде водици, па тогаш да црпнеш од магично исчистената вода, каде претходно пливале гомна, ѓубре, мртви животни, возила и се останато. И колку повеќе размислувам, толку по гневна сум. Затоа што очигледно е дека државата не прави ништо. За воздухот, за природата, за чистотата. Ама зарем треба да чекаме некој друг да ни го реши проблемот? Ве молам луѓе, ве преколнувам, НЕ ФРЛАЈТЕ ЃУБРЕ. Научете си ги и своите деца, нека си го стават хартивчето во џеб, ако им падне, нека го земат, да не се правиме глуви и слепи, да не се правиме дека тоа не е наше, да не се правиме дека е едно е, голема работа. Голема е! Ужасни сме! Кој ќе го исчисти ѓубрето што го оставате после пикник? Следниот пат кога ќе отидете, пак ќе стои таму, не се разградува, не исчезнува магично во воздухот, не доаѓаат шумските животинки да расчистат. Т.е. во тоа и повеќе би верувала да се случи. Ѓубрето не е за до контејнер, внатре треба да го ставите. Дајте да се освестиме, да поработиме на нас, и да си ја исчистиме околината. За нас! За самите себе, не мора никој друг тоа да го направи за нас.
Здраво, драги Феминки, Ви посакувам убав, продуктивен и мирен ден. Што се однесува до мене, чекам да ми пристигне комплетниот Шерлок Холмс, па да нурнам во него...
Не заборавајте да бидете во фрка на Св.Валентајн,да трчате барате поклони,па што да купите на партнерот,бидете во тотален хаос,затоа што само 14ти е ден за внимание и подароци....
А што ви смета луѓето Валентајн да си го слават? Јес да за љубов и поклон не треба специјален датум, ама ако му е ќеф на некои да си ја прослават љубовта и врската тој ден нека си ја прослават. Убаво е кога се сакаат луѓето. Што луѓе ќе бевте љубов штом ви смета, тееее.
А мене па интересна ми е претпоставката дека тој што 'трча ' и купува поклон за Валентајн, не го прави истото и за други придоги или пак без повод. Да, 'трчам' по подарок за Валентајн, истото го правам и на обични денови кога сум расположна и ми е кеф да дадам поклон.
A може од финансиски причини, претходно не сум можела да му земам нешто и ете сум заштедила, сум му земала нешто поскапо што му треба и сум решила на некој симболичен ден да му го дадам, што од друга страна не значи дека останатите денови не му покажувам љубов на друг начин.
Мразам да праќам CV, а поготово motivational letter, онаму каде што знам дека нема да ме примат. Еее Ајде де, знам.. Треба да одам, бидејќи ќе запознаам нови средини, ќе имам искуство со интервјуа, ќе отворам нови хоризонти.. А огласов е баш за многу јака средина. Ама, ај дојди убеди ме. Е, ај.
Од сите најубави на свет стварички кои ми ги пишала Џесика у хороскопот, нај се возбудив на делот дека Фесјбук немало да биде више ваков, шпиунски у двеилјади и дваесет и некоја си. Толку од Цук-бергерот кој си ја сакал приватноста, а ја чепкал туѓата. Мајку му. Она кога имаш куп други проблеми, ал идеш колку да кажеш нешто (пошто прсти те чешаат за да се изналаеш)
Колку е суров животот, ама така функционира. Зборови недокажани, планови неостварени ... и тогаш сфаќаш дека секоја секунда е драгоцена. Не можам да се смирам.
Прошетка низ град, пред мене случајно поминува човек, шеесетина години. Искинати патики, не носеше ни јакна, а беше многу студено. Гледам и си велам, колку е суров животот спрема некои луѓе. Пет секунди потоа, го бараа на телефон, крена, промрморе нешто и исклучи влегувајќи во казиното. Не, не е секогаш до сите околу нас, до самиот живот. Некогаш самите ние си копаме дупка и за жал, по нас ги влечеме и оние кои ни посакувале само добро.
Касно пред затворање на вратите на сите продавници во трговскиот центар кога се ретчат и луѓето и спласнува гужвата на клупата sedat samo тие двe постари лица. Од далеку се приметува дека се бездомници и дека си седат внатре да се топлат. Порано кога одев на пауза да доручкувам се вртеше една баба околу рестораните и еден ден се решив ќе ја прашам што сака да и купам за јадење, а таа нежно ми вели чедо не можам да џвакам некое сокче за мене, срце ме здоболе, понекогаш ја начекував и носев сомелени овошја и за неа. Веќе ја нема таму, можеби најде топол дом за себе или така сакам да си мислам дека пронашла. Додека во душата помислувам на неа и сите бездомни лица посакувам да имаме повеќе разбирање за нив и ова општество да нуди повеќе можности за сите нив бидејќи додека сите останати се грееме во нашите домови таму надвор има некој кој не го поседува тој луксуз.
За Валентајн јас сакам да кажам дека е убав ден исклучиво за тие што се сакаат, за тие што веруваат дека си ја пронашле среќата, а што се однесува до мене не би сакала да чека дечкото посебен ден за да ми подарува љубов, да го прави секој ден посебен и да подарува љубов, јас лично немам никој партнер и мислам дека не ќе дојде никогаш, разочарана сум од тие работи и се надевам дека ќе си дојде самото кога не очекувам и кога не помислувам на тоа.
Како по некое непишано правило, мора прво да не мавне трагедија, за потоа да не размава реалноста. Да не снижи долу каде што ни е местото и да ни укаже дека нашата маленкост и небитност се вее на лесно ветре и при првиот посилен бран може да не одвее засекогаш... Често го забораваме тоа и за себе си и за другите... Колку долго шамарите што ги почувствувавме овие 2 дена ќе не задржат трезвени и реални пред повторно да го дигнеме носот во облаците?