Сите што планирате вечер во 7 да бидете у МКЦ: Тресете глава на Attitude,искршете врат на Roots Bloody Roots,испијте ја најголемата кригла пиво на Territory,свирете air guitar на Dead Embryonic Cells,шуткајте се на Arise,викајте колку што ве држи глас на Refuse/Resist,засипнете на InnerSelf,наздравете на Ratamahatta,направете хаос на Desperate Cry,измрсете коса на Chaos A.D,и добро проследете ја Manipulatuon of tragedy. А јас ќе се замонашам за тоа време.
СДК некогаш животов знае да биде незгоден, а пак не можам да ги разберам луѓето и нивните пари, да се има за да се преживее, е во ред, но да има човек премногу и да не знае што да прави со истите тоа не разбирам.Нештата одат до таму, што луѓето се доведуваат до таква ситуација да ги чуваат парите и само за себе да ги имаат, паметот да им е цело време околу парите.Смешно ми е кога ќе видам како некои работи прават, како да им е тоа нешто битно во животов, да си вадат очи меѓусебно ради пари, не знам што толку парите им го заматуваат умот, знам дека може се да имаат со нив, ама но и не треба човек да е опседнат со тоа.Човека заборава дека како што сме дошле, така и ќе заминеме, со празни раце, така што не ја гледам потребата од таквата опседнатост.Мислам, да се расправа човек за пари е стварно не потребно, особено во оние ситуации кога станува збор за имот, потребата да се има се повеќе и повеќе, се повеќе им расте, а што ќе направат, ништо, она што ќе си создадат за себе си проблеми и нервози, пропратни со болести, за на крај да завршат лошо.Што после тоа, откако ќе ги нема повеќе? Ништо, се знае каде оди човека отпосле, така да џабе му е воопшто очи да си вади со некого ради пари.Парите се за давање, не се за чување, затоа и не му остануваат на човека. Човекот дозволува да биде воден од своите егоистични потреби, зборам за таков тип на луѓе.Чудно е за какви се не работи се расправаат луѓето, убедени во себе си дека мораат да ги остварат некои работи, макар биле и лоши.Отпосле она што му останува човекот, што чувствува пред крајот на животот е преголем мир, со брзина на светлината му поминува животот пред очи, дури тогаш дознава самиот дека можеби и не треба да биде оптеретен со материјалното.Минливо е се, па дури и човекот.Арно ми рече еден човек некогаш “ бараме чуда, а поголемо чудо од нас самите нема“. Поголемо освестување за ова од она кое животот може да му го приреди на човекот се болестите, смртта, кои многу зборуваат што уствари е животот.Само еден здив, ништо повеќе.А, луѓето толку се убедени дека мораат некои работи да ги направаат, како горенаведените, за џабе.Пари, пари, до толку што небаре кај Свети Петар ќе ги носат, да му се пофалат што имале а ниту своето тело нема да го имаат ко ќе умрат, а не та парите.Оф, изгледа со сваровски кристали се парите, само не се видливи за човеко око...
Gordana10 ме потсети на една песна од Врчак и Ерзана, се вика Се за пари.Оваа песна беше хит пред неколку години,ама со оглед на ситуацијата во општеството, актуелна е сеуште.
Ами од кога не биле актуелни парите? Иначе, поради други работи, го напишав тоа, не од песната, не знам за други, но нема шанси да не слушнам како некој се расправал поради пари и плус како смртта ги коси некои луѓе, а млади...Воопшто не е можно да бидам рамнодушна.Некогаш ми иди да си ги затнам ушите, да не слушам, ама кој ме прашува...
Е значи ептен досаден ден, а мене место не ме фаќа. Сакам малку слобода ова неиздржливо ми е веќе. Ми се шета, не ме држи повеќе ништо во ова место каде останав цел живот. Ми треба нешто повеќе. И како јанза да ме јаде секој ден. Душевен неспокој. П.С. Сакав да прашам нели кратенката „мм“ која ја употребувате во темите е за вашиот сопруг. ММ=маж ми, нели или јас сум грешка? Тогаш зошто ја употребувате кога зборувате за мажот на некој друга? Не би дошло тоа МТ? Оти јас така си ја читам и сега гледам и дава совет некоја феминка на некоја друга: А ти зошто така ами мм... И си викам што бара мажот твој кај неа.
Преплавена сум деновиве со советодавци. А, ниту се жалам, ниту совет барам. Изгледа си немаат попаметна работа, си ги средија своите животи, па ме нашле мене да ме тормозат. А, јас си слушам, ли слушам... Некогаш не вреди човек ни да се расправа. Имаше една изрека: земи го мојов совет, и онака не го користам. Е, баш така ! Сакам совети, но само кога ќе ги побарам, и од меродавни луѓе, а не од којгоде. А, интересни се и оние совети кои ако ги применете ќе ве уништат. Даааа. И такви ги има од некои злобници. Да не можиш да се доначудиш на умот на некој...
Имам едни комшии, наконтени, демек класа. Ете така и парајлии, глумат интелектуалци, бизнисмени,образувани а ограничени се до немајкаде. Се они знаат, се они имаат принципи, се со некого се исмеваат на перфиден и глуп начин, они се најпаметни, а се наметнуваат, испитуваат, прашуваат и оговараат. И имам едни други комшии, обични луѓе. Е првиве, интелектуалциве ја збореа ќерката на првиве дека била така мераклика, одела со многу, ја враќале доцна, цитирам - ќе ја напумпа некој и така натака. Оговаранава ќерка се омажи од љубов, без стомаче. Синот на интелектуалциве се ожени зошто девојка му остана бремена. На свадбата од својата простоќа и ограниченост, родителите соопштија пред сите гости дека сигурно има некој што е дојден од сеир дека невестата е бремена,ама дека на нив не им било гајле за тоа. Ова ви е македонска зен приказна. Наравоучението се гледа од далеку. И така. Морав да споделам...
Со завршување на екстерното и официјално заврши оваа напорна година. Многу брзо заврши, ама веќе не се нервирам за тоа како си лета времто, што да правам, гледам само да го искористам најдобро што можам.Догодина 9-то, ех уште сега ме фаќа некоја носталгија.Ќе се разделам од моето сакано школо. Сакав да кажам некој збор и за летово кое кај мене официјално започна со облекување шорцеви.Да ме слуша повеќе, а тоа значи не биде досадно-о-о, како секоја година. Се надевам на возбудливи летни авантури, љубовни или не, важно авантури да се.Иако повеќе се надевам на она првото...И нека биде топло, многу топло, за да си уживам покрај море. Само да лежам, да пливам не мора .
Tell me now can you make it past your caspers So we can finally fly off into NASA You was always the cheerleader of my dreams To seem to only date the head of football teams And I was the class clown that, always kept you laughin' We, were never meant to be baby we just happened
Како да заврши и оваа учебна година, а? И самата не знам како се чувствувам. Изгледа ја завршив оваа учебна година without regrets. Можеби не така како што замислував, но ете. Освоив две награди на натпревар по ликовно, една на регионален физика и една пофалница на републички по физика. Ова може да се нарече успешна година. На момент, два останав без друштво. Паднав во некоја полу-депресија. На крај решив малку да се забавувам, па поминав некое време играјќи си мајтап со старото друштво. На крај ги однесов по ѓаволите, и водачот и секој од сателитите. Можеби млку станав како „големите“ кои во пораните одделенија ги мразев. Сега јас сум таа што јаде на часови и се глупира. Е, ако. Во целост, забавна година. Следната нема да биде забавна. Полека, нашиот клас се намалува. Секоја година по некој оди во странство. Оваа година - тројца. Нема да биде интересно без нив. Таква е нашата прекрасна земја. Интересно е колку работи се сменија за само една година. Како јас повеќе да не сум јас. Како да сум друго девојче кое живее во некој друг свет. Не знам, можеби растам. Не е баш дека сакам да се вратам во старите денови. Можеби тогаш ми било убаво, но не верувам дека сега би било така. Уште оваа година, па потоа ќе одам во средно.Се прашувам какво е... Ќе се потрудам да ја направам последната година од основното образование најдобра... :geek:
Сакам да кажам дека ова со неписменоста и 24 часа пред компјутер стана сериозен проблем. Наместо мали деца да читат повеќе книги за да се образоваат, седат пред компјутер и зборовите им се ограничени со: фејсбук, најави се, одјави се, лајкни, коментирај, сподели. Тука завршува нивниот речник на зборови. -Пред некој ден нешто зборувавме во училиште не се сеќавам на темата само знам дека ги споменав зборовите сарказам и вокабулар и цело одделение ме гледаше како од Марс да сум падната, па они никогаш немат слушнато за тие зборови. И една ми се извикува: А шо е па тоа? Ајде еден да не знаеше ама цело одделение... Па и не се мали седмо одделение треба барем да знаат што е вокабулар. И ја прашувам едната: Вие воопшто читате ли книги и замислете си одговор: Еее колку што јас имам прочитано статуси ти толку книги никогаш не можеш да прочиташ. Незнам дали да плачам или да се смеам. -Да ви кажам и за школската која има 5 по Англиски а пишува I don't no (I don't know) Ама она видела на фејсбук дека е така и никој не може да ја разубеде. -Исто така и тие што ме викаа Ајнштајн бидејки од прва сум можела да изговорам паралелограм. Знам дека откако ќе прочитате ќе ви биде чудно, посебно кога станува збор за деца кои од септември ќе бидат 8 одделение, ама запомнете што реков неписменост.
Имам мака,длабоко во мене, која ме издава кога сум сама, која ми вели дека и јас сум жив човек,која вели дека понекогаш е добро човек да се изнаплаче онака темелно. Мачнина која ми создава кнедла и виор во очите.Мачнина која ме дели на милион парчиња.Мачнина која толку добро ми ја гризе душата .Имам толку ножа на грбот,толку мисли во глава,толку подочњаци под очите.. Но и покрај се имам љубов
Е може малце сме досадни со постовите за учебната година Ај уште утре и после не сакам да ве гледам бе Од септември нов почеток!
Имам представа дека само мене може ваков дожд да ме асоцира на лето До пред да почне силно да навева си седев на балкон со кафенцето, и си посматрав како се спаја небо и земја. Се потсетив на денови кога сум заглавувала на плажа и ќе истури од нигде-никаде летен 15минутен дождец мх мх ... ! http://www.youtube.com/watch?v=GpBFOJ3R0M4 Имајте убаво попладне . Ваша М,