Од сега кога некој ќе ве викне на свадба, прашајте си по ред за секакво правило, вклучувајќи ја бојата на фустанот, пликото со пари каква боја да биде, фризурата дали да биде со крупни или ситни локни или собрана. штиклите со ремче или без. Мажите нека прашаат исто за боја на сако, дали вратоврска или лептир, кондурите со врвки или без. Мислам сфаќам сака невестата да блесне тој ден ама малце олабавете. Сите гости дошле да се веселат, направиле чест да дојдат, ама тие сироти ќе следат детали што прават и што носат, како се движат, чиниш се наоѓаат во нуклеарна централа, а не на веселба. А да, и младоженецот се жени тој ден, не заборавајте. Па и она поклон во плико. Ако целта ти е да собереш пари, не ни прави свадба. Ама сериозно. Ако си во добра финансиска состојба и можеш да направиш свадба со толку души, што ќе ти се пари кога веќе однапред си знаел дека многу ќе потрошиш? Ако си во лоша, не прави свадба или направи поскромна свадба. Simple as that. Океј, треба да се однесе поклон ама малце чилл. Дури читав некои им донеле само 1000ка во плико. А јадењето во ресторанот можеби чини и помалку од таа сума
Мојот врв на глупост во врска со љубовта, беше што чекав некого да се врати од странција за да градам живот со него,со обезбедено стамбено прашање и работа- а тој толку ладнокрвно се однесуваше со мене. На крај си остана да живее таму каде што и заслужи- во МК, џабе и постмевањето што беше дека работам за 15 000 , плус и викенди и живеам во нашата земја. Понекогаш се прашувам, зарем можи толку некој маж од 33 години да се уплаши ??? Мислам не знам ни дали се уплаши,нз што му стана. Најпрво, кривицата научив да ја барам во себе, во моите постапки, па после во другиот. И ,како е речено, едно планираш, друго излегува. И си пропуштив убави шанси, замислете сум одбивала машки. Еееее,каде ми беше мозокот ,не знам. Peace !
Сензационални наслови, илјадници завери и експерти цела земја. Ми се смачи да читам и да гледам вести. Ништо нема смисла. Освен што трагедиите се како лепило за луѓето. Среќна вест еднаш ќе ја прочиташ, на тажната постојано ќе се навраќаш, ќе ја анализираш и коментираш.
Сдк : Ние сме еден покварен народ, што треба некој да ни фрли десетина бомби да нема преживеани. Од толку што се сакаме поделени сме на сите можни начини, на национален, на верски, на политички, по основа на Скопје и провинција, граѓани или селани, значи нема како не сме поделени. А уствари сме само луѓе и не луѓе. И да мило ми е што се иселуваат панетните, каде што имаат можност да се истакнат, пред некој со врски да им ја земе заслужената позиција. И мило ме и за мене што си одам од оваа никаква држава, уште да имам можност да се одкажам од државјанството и супер ќе биде.
Денес ти е роденден,полниш 28 години,а јас ноќва седам и размислувам за тебе.Не чувствувам болка,не ме притиска тагата во душава,ама чуствувам како делот од моето битие да го изгубив некаде пред 3 години. И секогаш на овој ден се повторува истата состојба.Не те памтам по лошите настани,туку по најдобрите,кога беше мој,а јас само твоја. ...........цигарава ја пафкам у твое име..... а песнава....си тече у позадина...... ......када ме питају за тебе,више ми глас не задрхти, јер једном угашена ватра више се никад не запали. Среќен роденден!
Јас сум израсната без прегратки,без покажување љубов,само со критики и прекори иако бев премирно дете,мене телевизијата ме воспитуваше бидејќи најбитни беа парламентите и вестите и мораше да се молчи постојано,бев затворено дете,сакав да учам ама кога ги слушав моите како се караат што често се дешаваше и немав волја и ја оставав книгата,се плашам дали ќе знам да му покажам љубов на моето дете,не сакам да расте како мене,се плашам дали ќе бидам способна да му покажам дека е сакано и сигурно бидејќи јас никогаш не сум ги добила тие работи,како дете мислев возрасните се секогаш во право и не грешат ама како може да очекуваат многу од едно дете а го нарекуваат ѓубре и дека за ништо нема да го биде и му ја уништуваат самодовербата и цело време го споредуваат со некои други што имаат многу поинаков живот а ние едвај врзувавме крај со крај и да ти зборат дека си животно и после да очекуваат тоа дете да биде независно,да постигне само нешто а да ти зборат дека ако не е он ќе гладуваш а си дете,Стварно кога ќе се потсетам на некои работи се чудам како не сум се самоубила до сега а како дете мноогу размислував за тоа и бев во депресија ама тоа им одговараше оти ќутев и бев послушна аххх животеее. Се сетив дека кога одев кај другарките дома се осеќав мноогу поубаво отколку дома,дома неможев да се опуштам и сеуште неможам,неможев да зборувам оти телевизијата е побитна,ах ах можда и сега сум пореметена само што незнам,ах морав негде да се искажам.
Денес сфатив дека премногу внимание им обрнувам на некои луѓе. Им пристапуваш човечки, пријателски и добиваш ладнина. Секогаш мислам дека сите постапуваат како што и јас постапувам. Нонсенс, нели??
Ми се гади од луѓе што на објава за почината жена пишуваат дека сигурно била во секта, мажот може ја малтретирал и разни дијагнози што и било. Зошто немате почит малку и срам? Барем кон фамилијата што се соочува со тоа, не долевајте масло на огнот. Навистина нема поодвратно нешто од Македонче на фб.
Не те разбирам навистина Јас сфаќам дека тоа што си посакуван кај женскиот род ти ја дига гордоста. Ама зошто одбра да ме замараш ако не беше сериозен? Ти ме побара мене, не јас тебе. И бев спремна да проголтам секаква осуда од средината затоашто не беше Македонец... Среќа, па не се заљубив во тебе. Ми беше драг да, ама таа твоја вообразеност, знаев дека секогаш ќе ми пречи. Вчера нејзе и изјавуваш љубов. Ми беше драго навистина, ама од друга страна и криво оти не беше толкав кавалер со мене. И знаеш, мило ми е што не се случи ништо помеѓу нас...затоашто оној во кој се вљубив, не си ти. Доби пријател за цел живот, и како пријателка секогаш ќе те поддржам. Ама како партнер си катастрофа. И посакувам нејзе многу среќа, се надевам дека поубаво ќе се однесуваш со нејзе. И ти честитам ако си ја засакал *** Почивај во мир Шабан Шаулиќ Твојата народна музика е далеку од денешниот шунд, и баш заради тоа те почитував. Штета што во живо нема веќе да правиш концерти, ама знам дека ќе се пеат твоите песни на секоја една забава. Почит за целото творештво што го остави
Толку многу години поминаа откако сум на форумов. Прва средно, прв дечко, прв секс, втор дечко, втор... Сите големи промени во животот... Иако не активна, секогаш Ве читам, и интересно е да гледаш од страна колку феминки се сменија, колку нови се зачленија, и како сите созреваат. Ако еден ден имам ќерка, и ако сеуште постои форумов, ќе и наредам да се зачлени, you know, legacy
Очигледно, за да бидеш јака типка ти требаат само очила за сонце, секси јакна и чизми до колена.. Не е битен интелектот. I don't wanna live on this planet anymore!!
Не знам муабетов колку е за верба, ама ми створи некоја језа. Не знам дали воопшто постои вакво нешто, ама бидете претпазливи. И се што ви е сомнително - пријавувајте!
Убаво од твоја страна што го постира ова тука. Искрено немав слушнато за случкава, а секако треба да се има во предвид. Туку јас се прашувам, што по ѓаволите прават тие во Вили штом забележуваат вакви сомнителни типови? Зошто никој од нив не реагирал и пријавил да го набљудува некој од полиција местото барем на неколку часа или ден-два? Или се чека да се случи најлошо па потоа да им текне дека треба да се преземе нешто за доброто на сите? Навистина не ми е јасно. Утре тоа може да биде некоја нивна блиска личност. И луѓе внимавајте, ве молам.
Нема никогаш да се сложам дека заради нашиот “македонски” менталитет живееме како што живееме . Кога секој ќе го живее животот по свое и нема да се замара комшијата, роднинатата, колегата што ќе кажат ќе и има повеќе реализирани личности. Вака секогаш другиот ни е крив што ни суди за нашите постапки. Зошто во странство се сите посреќни и си го тераат филмот, зашто никој не ги знае за да ги суди.
Одамна не сум прочитала нешто убаво. Последниве неколку денови кога и да отворам на интернет или вести да слушнам се нешто лошо . Доста е веќе.