Февруари мој месец на раѓање, моја надеж секоја година се до наредниот роденден за исполнување на некоја желба, за подобро утре. Како да те сакам? Како, кога толку животи трагично згаснаа, кога траумите длабоко се врежаа во другите, и како, кога нечија мајка повеќе никогаш нема да биде спокојна кога детето за корка леб патува со автобус. Судбина или не? Остана ли некој рамнодушен на тоа што се случи? Не верувам. Сепак ти благодарам за годината на живот што ми ја подари. Секој ден е подарок.Секој роденден благослов,
Решив да го оставам телефонот настрана, да си пуштам филмови и да го поминам денот во кревет, во пижами.
Мразам бубашваби. Летово дека комшиите реновираа под нашиот стан, мислам дека цела сурија киднаа нагоре накај нас. Бремена, ненаспана ги убивав со влечка. Ако немам убиено едно стотина, еве на. И после ги снема. Се радував потајно. Задремавме прееска со малата, све згаснато. Одам во ходник, палам светло... Ме чекаше една. Јас сум нивниот ангел на смртта. Од што ми беше језиво прво ја испрскав со освежувачот за воздух . Побегна под плакарот, се надевам бавно отишла у фејд аут. Се ежам. Гадинки, да испоцркате.
СДК, се срамам од тоа колку некултурен народ сме. Чекам ред во банка прееска, сите 3 шалтери по 10 луѓе чекаат, преполно беше. На едниот шалтер Италијанец, имал проблем со картичката, не можел да извади пари, а не разбира македонски и сосем малку англиски. И сега вработените една со друга си дофрлаат на цел глас: „ Леле пак овој, секој ден досаѓа, а ништо не разбира“, па другава и вика: „ Е тоа е, џабе му е Италија, пак ништо не знае (и се смее на цел глас)“, третата прашува што е проблемот, првава и објаснува и двете се смеат за човекот, а тој чека на шалтер да му кажат што треба да прави. Муабетот беше толку гласен, што јас последна во редицата јасно разбрав што се работи и се усрамив и запрепастив. Сега единствено ми е мака само што не ги снимив. Одвратни луѓе
https://www.fakulteti.mk/mobile/new..._delegirani_protajkuva_segment_identifikacija Ај све друго што држи вода дека не е во ред, ама да не учат правило на десна рака во сообраќај и дека Е 75 е најважната магистрала во Македонија е глупост. Ова сме го учеле и ние, се одело на натпревари за сообраќај, а за прва помош и да не зборувам. Родителите претеруваат во штитењето на децата. Тогаш со пластелин нека играат до 8мо. Смреката колку расте исто сме учеле, после во средно дури учевме колку овци во Австралија има, и да... има зошто. Од општа култура, до споредбена анализа. Тоа со евро комесарите, високиот стил на пишување и слично навистина се несоодветни, ама се останато...? Нели се одгледуваа невакцинирани чудо од деца кои не смееше тој потенцијал да се ризикува со ништо? Помнење на информации се... се останато кое го поседуваат е отскокнување од просекот. Се мислам дека неписменоста доаѓа од дома и бунењето дека нема што оно да памти тоа што мајка му одлучила да не го памти и смета дека е тешко, отколку од наставниците, а програмата ги дотепува. И родителиве препаметни се оние што се смејат на шегите - дека уште чекаат да им се најде во животот пресметката на хипотенуза на триаголник, ама кога им ја проектирале кујната за по дома ваљда мислат дека произволно им ја изработиле упомоќ камени орудија и снаодливост јер да цитирам " поважно е да си снаодлив, него ли учен". Или тие што им беше мака да читаат книги зошто книги се за бубалици. Жена- чудо. И духовна и длабока и топла и има што да каже и сака љубов и сака со емоција и се е безусловно. Но на крајот од денот ќе му ги преброи и парите и становите на будуќиот и маж и одма ќе ги смета за свои се уште непрепишаните имоти од родителите на мажот, а тек потоа па и све оди под наше, макар дошла со само гаќите ма себе, но ако тој нема или не може да спечали со брзина која она ја очекува е - неспособен. А потоа на 8ми Март со Маре и Снеже ќе оди да прослави во кафана... хехенце. И она има потреби зошто е деликатен цвет... Вечно по потрага по себе, има 30 години и само една година стаж, повремени хонорари и повеќе сменети места, зошто работата мора да е од соништата, нешто што она исконски го сака, а он - он мора да има стабилна работа зошто кој ќе ги плаќа сметките?! А она ни понела нешто со себе, ни па ќе допринесе, но сепак - непоправливо верува во љубов (и стабилните финансии од мажот и неговиот имот), но не и моментот дека луѓето се менуваат, особено во вториот пубертет и деца страдаат од нивното себеидеализирање. Ден, наречен цел. Се фасцинирам од луѓето и како тоа они мислат дека најмногу работат на свет. Со хартија и техникалија. А нема потешко од работа директно поврзана со луѓе. Нема... Се осеќам како да се кријам и се кријам до душа, за да не змае секој... и ме уморува. Времето поминува... се поблиску е.
СДК дека на народот му треба сензација. Се пали на сензационални вести, поготово на трагедии, зашто многу сака себе си да се смести на некое скалило а во вакви трагедии тоа скалило е секогаш повисокото од на оној кој му се случила трагедијата. Важно, ќе прочиташ RIP , а пола и повеќе незнаат што значи тој збор
Да ти помогне роднина кога ти е тешко и кога ќе побараш помош во денешно време е чудо. Таквите се во изумирање...
Неколку девојки од форумот пред некој период ми побараа слика Го ценам тоа претпазливото во некои форумџики но, откако се уверија дека не сум некој чиче и дека не сум некој удрен у главата, дали ќе им се намали сомнежот во секој дечко што постои на форумов и на планетава земја? А тоа дали работеле тимски споредувајќи ги сликите и информациите што им ги дадов за себе или секоја одделно, ќе остане мистерија
Сдк она: јас те родив и мора да ме гледаш - не е еднакво со - тука сум родена и ќе земам дел (за женско) Битно е дека морално е да гледаш родители зашто те родиле, па макар и омажена да си, ама не смеело да се земе дел од куќата во која си родена, тоа е за братот.
Дека немам над 55 год може дури и ти би забележала а дека не сум тоа што не треба да бидам па... Можат само некои да забележат (начин на комуникација, фацијални експресии, итн...). Сепак истото би ги прашал и нив. Може само сакале да се осигураат дека не е лажен акаунтот the boy.
Ни возраста, ни фацијалните еспресии не можат да покажат дали си удрен во главата. Мислам, доволно е што некој се посомневал.
Де бе, каква си и ти. Да не може човек на раат да се пофали дека девојчиња од форумов му побарале слика.
Да си гледаа луѓето повеќе за себе нема да паметуваа по форуми ко врвни психолози. Овие вториве немаат време за тоа. А првиве пробуваат својата дијагноза да ја прикријат.