Кога ќе разубавам нечиј ден, автоматски си го разубавувам и својот. Многу нешта можам да направам за себе, но сѐ додека не направам нешто и за некој друг, не е тоа тоа.
Наслов на најновата песна на Секич. И кога помислив дека насловот е најужасен сум се излажал. Дел од рефрен: Закуни се у сина што родила ти није? Really?
Сум запознала луѓе што мрачат и се депресивни кои полнат со позитивна енергија како никој, оти душата им е таква - чиста. Сум запознала луѓе кои само се смеат, а способни се да те треснат од земја и исцрпат како да си работел во рудник. Тоа се тие разлики и заблуди.
Сдк Феминче тука да не цитира, забрането е. и ако може да се отклучи за да и пишам лпааа тука можело да се цитира, сори.мислев другата тема е,ти тука си ме цитирала
Сакам да кажам дека Бјанка Мизел е мојот идол и мојот репер за како треба да изгледа права дама! Сигурна сум дека и вие сите ја обожувате!
Се уклучувам на форумот после 4,5 дена. Ја отварам првата најактивна нова тема и ме фати страв од тоа што само црни хроники прочитав... Каков ли е овој живот? Повеќе црно отколку бело... жално. Нека ме удри некој со дрво по главата следен пат ко ќе отворам да читам такви теми!
Во Македонија топ тема за фалење да ти било кој колку се бања. Ова само кај нас го има. Туку ај сфатив дека сите имале цимерки кој не се бањаат а никој не спомна ниту еден дечко/цимер. Брее..Многу уредни ова мажите.
Tри работи кои сакам сите да ги знаат - Менструација може да касни од многу причини, не само од бременост. Тукс спаѓаат хормонални проблеми, стрес, променета исхрана, промени во килажа итн. - Утрински мачнини исто така може да се од повеќе причини како стрес и проблеми со желудник, не само бременост. - Кандида може да има и девојка која воопшто немала никаков сексуален контакт со партнер. Особено важи за родители кои имаат ќерки.
Ние сме тоа што го јадеме, дишеме, пиеме, гледаме, слушаме, чувствуваме, мислиме, зборуваме, читаме, пишуваме.
Не е животот ништо поцрн од порано, само имате се што се случува Одма на дланка. Дајте не стварајте паники, бидете си претпазливи но не губете си го времето типкајки низ тастатурата паники како за трета сведска војна. Подобро излезете надвор и превземете нешто.
Зошто мора секоја ама баш секоја работа во животов да ми се случува на тешок начин,зошто барем едно нешто не си тече природно и без тешкотии,зошто мора се да ми се искомплицира дури и работи на кои треба да се радувам се искомплицираат и со еден тон нервози. Дали некогаш ќе сум спокојна барем еден период,барем една работа да не се искомплицира,јас сум една од тие луѓе што дават се од себе а за возврат не добиваат тотално ништо,дали некој ме проколнал,и тоа што треба да биде убаво се претвара во неубаво,зошто барем една убава работа не ми се деси,зошто? Дефинитивно не вреди да се биде добар зашто на крај ќе си останеш последната дупка на клавирот и не гледам нешто добро да ми се вратило,туку напротив,ништо во животов не се враќа уствари изгледа мене само обратно ми се враќа,затоа се изолирав во последно време,не сакам да се ситат и да ме прашуваат душебрижнициве.
Сакам да кажам Ова го имам сетено, како некое непишано правило после темен хумор ми е со другарка ми да брчиме во кој круг би биле. Ново омилено хоби ни е читање на мислења од сабредит AmITheAsshole ( напишав asswhole прво, смејте ми се) и дискутираме дали конкретниот чоек е во право или не и зошто. Помага многу за да запознајш некој и како мисли и на еден начин се спремаш за одредени хипотетички ситуации.
Донесете нуклеарна ракета. Ден 4837-ми. Сакам да си најдам девојка. Не туѓа. Мојата. Следната. Идната. Постојаната. Верната...