Луѓе што се жалат од комшиите на спратот над нив дека се прегласни, а ја извадиле звучната изолација за да го постигнат тн индустриски стил на уредување. ... Глупи сте, а и ружен ви е станот и ми делува како да мириса на стар дедо кој јаде секојдневно лук.
Кога ќе те нервира некој само затоа што е искрен, размисли за ситуациите во кои ти не си бил искрен и дали било од рационално основани и оправдани причини или поради нешто друго.
Сакам да кажам дека денов е прекрасен, но... ...треба да пуштам шест машини. Во која тема требаше да пишам за сами да се пуштат па по можност и да се исушат, пеглање не мора, хмм?
Немам многу личности кои ми се блиски, на кои можам да се искажам за било што знаејки дека ќе ме ислушаат и разберат и ќе бидат секогаш покрај мене без разлика на сѐ, луѓе кои знам дека ако ги загубам, автоматски загубувам дел од себе. Прескапоцени се.
ПМС синдром, 7 days to go. Немам дечко и не сакам да одам на работа . Се изнаплакав дома. Сепак, појдов, нели, нормално.
Порано минутите за разговор преку телефон беа скапи, но зборовите имаа голема вредност. Денес телефонските разговори се бесплатни, а зборовите изгубија на вредноста.
Кога на некој му е потребно, тука сме да дадеме секакви совети. Но колку ние самите ги применуваме истите? Секојдневно толку прочитани и слушнати совети, некои екстра quotes, па некои моменти кои ќе не замислат за смислата на животот, за вредностите. Некое така освестување на дневна база. И ќе си речеме дека од моментот се менуваме. Дека нешто ќе правиме поинаку. Или сѐ. И полетот трае неколку часа. За брзо го забораваме и продолжуваме да живееме како што си знаеме. Интересен е животот. Совршено несовршен од сите тие моменти, од сите правилни и неправилни одлуки и постапки, од сите погодоци и од сите грешки. Убаво е кога човек учи и расте. Секој на свој начин.
Сакам да кажам да си го живеете животот онака како што сакате, да не ви е ич гајле кој што рекол и како. Кој што сака нека прави како му одговара, а и вие исто. Утре никој нема да ви рече фала за нешто што не сте го направиле или пак сте го направиле. Заборавете ги личностите што вр заборавиле вас, и живејте со тие што ве сакаат и ценат тоа е најдобрата одмазда. Уживајте во сонцето, најдете убави работи и во дождот и тмурното време, најдете убавина и во снегот, најдете си го вашиот мир и вашата радост. Излезете сами на кафе, прошетајте сами во некој град ден-два, пронајдете се себеси за да можете да ги пронајдете сличните на вас направете се што е потребно за вашата СРЕЌА. п.с. Пијте повеќе вода и јадете овошје и зеленчук
СДК дека поантипатична песна и уште поантипатично дуо за песна од Лејди Гага и Бредли Купер не сум слушнала одамна. Инстиктивно раката ми оди на радио за менување на станица кога ќе ја слушнам. Па се трудат нешто и врска да остварат или одглумат као емоциите од песната вистински се или пак хемија нешто меѓу нив...ништо. Требаше она да си остане со лошите аутфити и така да заврши.
Читам наслов на тема "Linea Nigra" и си помислувам бреј мајката види, нов производ, најверојатно депилатор. Отварам, кога оно категорија бременост.
Време е за Турандот. Време е за некој нов фустан по тој повод Секој фустан во шкаф знам на која опера, претстава или балет сум го носела