Милион пати имам умрено во овој живот, али, само еднаш вистински ќе умрам! Малку патетики. Со денови сакам да напишам нешто длабоко, филозофско ал, умрел филозофот у мене А, баш ќејф ми се ствараше оти, оваа е цитирачката, култната СДК, а другата е модерната, по теркот на новите 'тачи-тачи' генерации. (ништо против). Ми текнува кога дојдов на форумов и коа направија нова СДК, пошто се насобраа страни и страни во старата. Се штанцаше, богами Сите бевме длабоки филозофи у свој стил. Баш емотивен момент ми беше. Баш емотивен човек бев тогаш. И сега сум. Понекогаш. И т'ј.
Ме фаќа нерва коа ќе видам како некој кој, читај убаво, завршил ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ, користи некои зборови како пример : трењерките. Ми се плаче. Ми се корни. I don't wanna live on this planet anymore!
Се уште на врвот на топ листата ми се жените кои се шминкаат во автобус. Тоа чудо става сенки, туш, римел и изгледа како да посветила дома еден час на шинкање. Јас кога би се шминкала во автобус би изгледала како панда или нешто како џокер. Во најлош случај би била без око.
@macka91 Амин На екскурзија во средно седев до девојче, кое, баш кога автобусот налета на никаков пат, да се тресе цел автобус, таа во тој момент си ставаше туш and damn! Толку презицзно, ма неверојатно! Јас дома, на неподвижен под и огледало:
Ти ставив лајк па ми текна дека скоро и јас истото го правев. Убаво испаднав. Таман. Да си ќутам поарно?
Како луѓето "исчезнуваат", некој ги убива, киднапира и органи им краде? Има егзибиционисти во својата невоља. Се сеќавам пред многу години, наша позната маненка се самоуби на терасата од својот стан, се обеси со кабел. Сите ја видоа. Така и оваа личност, без шега, а со желба некој да ја забележи, пишала во јавна група. Коментарите - исмевање, подбив,та дури и коментар - секакви будали има, па и вулгарни дури. Срамота. Накусо зошто не верувам во ничија жал кога нештата веќе се готови... тогаш сите се во неверување, па се изненадени, па трогнати, очајни, потресени, ништо не им е јасно, па зборуваат напразно за сплотувања некакви си... лажно, празно, моментално и минливо.
Вечна дилема ќе ми остане зошто кога во основно или средно на тест ќе добиевме 3ка, 4ка, родителите ни викаа? Ем осеќаш сам кривица дека не си научил доволно, ем домашните уште толку крив те прават. А свесни се дека кога ќе пораснеш таа ниска оценка ама баш ништо нема да значи. Кога ќе пораснеш доаѓаат реални проблеми, стресови, врагови и тие тоа го знаат затоа што минуваат низ истите. Па зошто тогаш на 7-8-10 па и 14-15 години ти прават драми за нешто апсолутно небитно?!
.. Место да рече чекај може му треба помош на детево. Може не му иде. Ќе те искритикува и после мисли му ја ти на последиците место да ти помогне. Има вакви.. За жал.
@LiliBoz @СуперДевојка Не знам дали имате читано, но пред некое време во Србија, 12-годишно дете се самоубило и во прошталното писмо напишало дека сега нема на кого да му се караат за лошите оценки, нема по кого да викаат. Искрено да ви кажам, многу ми беше жал додека читав. Родителите мора да си ги знаат децата и да ги познаваат добро, кај некого може повишен тон му е wake up call, па седнува учи, се озбилува. Кај некој пофалбата и поддршката е клучот за поттик, а повишениот тон делува деструктивно. И не само за оценките, лекциите и начинот на воспитување и укажување е многу важен, бидејќи тој го оформува понтаму карактерот на личноста.
Го немам прочитано тоа, во принцип избегнувам зашто ме вознемируваат такви работи. Но со сигурност можам да кажам дека негативната критика кај детето не може да даде позитивен резултат. Ако ти на дете му речеш дека е глупаво Тоа ќе се однесува како глупаво. Зашто родителот чим така рекол, онда така е значи. Децата се огледуваат на родителите. И во никој случај негативни дела не може да јават амбиција мотив и позитивен исход кај едно наивно детенце. Не заборавајте никогаш да им кажувате на децата колку ги сакате колку се умни и паметни. А кога не е ок нешто само имајте трпение и работете заедно на тоа. Само така тоа дете ќе израсне без траума и комплекс на нижа вредност.
Со поголем дел од постов се сложуваме али само едно ми боде очи. Кога нешто ќе згреши мора да му се укаже на грешката, па ако е потребно и да се повиши тон за да сфати дека тоа шо го направил не треба да се повтори. Нема да ги воспитуваме да бидат пахуљици и размазени.
Не зборев за тоналитет срц. Зборев за навреди од типот - ете го, не учи, за ништо не го бива, една лекција не може да научи. Глуп ли си што не можеш една петка да извадиш И најлошото Види иван како реди петки а ти се тројки носиш (споредба која во иднина кога ќе порасне ќе направи да осеќа завист спрема секој што повеќе постигнал од него)
Немам читано за детето. Тргнав од себеси. Татко ми не толку ама мајка ми многу се замараше за моите оценки. И пред некој ден ја прашав зошто така ми правела? Одговорот беше за да стекнам навика секогаш да сум најдобра, во смисла секогаш да давам максимум и да го постигнам најдоброто што можам. Во секој случај, денес имам завршено факс со висок просек и водам успешно сопствен бизнис, а кога ќе ми текне колку сум плачела за една 3ка по математика ми доаѓа сама да се истепам. А сум плачела зашто знаев дека дома мајка ми ќе ми вика.
@СуперДевојка Да во потполност те разбирам и мое лично мислење е дека пристапот преку кој ќе се пренесе пораката е многу важен. Може и на друг, креативен и попрефинет начин да му се укаже на детето секогаш да биде најдобра верзија од себе, но и да не се чувствува лошо ако во нешто не е успешно или уште полошо да се споредува или да го споредуваат родителите. И родителите треба да појдат од таа точка дека некогаш и тие биле деца Едноставно треба да го насочат да ги негува своите квалитети и способности Мора да се координираат и родителите и детето, еден тим за убава цел. Јас за мене ќе си кажам, моите никогаш ниту биле строги, ниту повишувале тон, кај нас беше обратно, јас самата си бев џуниор перфекционист, повеќе ми велеа да се опуштам и да си дозволам да грешам, ама тоа било до мене, до мојот карактер, јас си се нервирав од самата себе
Ако нешто најмногу на светов мразам, тоа е улизување. Најчесто преќутувам, само посматрам од страна и превртувам очи, зошто нели, не е моја работа ама... како да ви кажам, многу е смешно и ниско. Дали немате свој став, свое јас, дали не верувате во своите способности, па оттука потребата за улизување или па карактерно сте такви, idk...
Начукала веќе 40ка, става слики од кафани со блажен осмех мислиш девојче, па уште сликана со сестра и 40+ немужени и двете, фураат филмови независни кариеристки бла бла, па уште кога ќе пише на слика со сестра и She is my life, бљувотница, ко лезбоси некои... на кого му глумат еве супер живот имаме иако маж читај патлак не сме виделе со години, а зашо, зашо се занесуваат,никој не им е доволно добар ...уф бре... и зашо им се улизуваат на коментари Леле пренајубава си, леле срцка она мила... ај ма оди раѓај таму доста се фолираш, глуметариш дека си среќна а си стара и осамена... и онаа Каролина више ај нек раѓа, доста и е од кариери, треба ново свежо месо на естрадава, нек си се повлече во семеен живот,доста се замишља дека е уште млада и барана..