Како што изминува времето, сфаќам дека здравјето е најважното нешто во животот. Не дека порано не бев свесна за ова, но кукајќи за работи од типот на дечко, учење, работа, пари, друштво, секојдневно си скратував од здравјето. Откако, пред извесно време, се соочив со мали здравствени проблеми сфатив дека никој и ништо не е повредно од моето здравје и здравјето на моите најблиски. Се` друго ќе си дојде. Порано или подоцна. А еднаш изгубеното здравје тешко се враќа. Најважна работа во моментов ми е моето семејство. Бидејќи тие се единствени на кои сум им важна. Тие да ми се живи и здрави, па се` друго ќе се среди. Тоа дека вистински пријатели не постојат, се докажа уште еднаш. Каков пријател е тој кој е со тебе само да те контролира и кој во твоја близина кажува работи за кои знае дека ти пречат и те повредуваат? Некои луѓе пресериозно го сфатиле она "Ако сакаш да го докрајчиш непријателот, спријатели се со него." Само што во случајов, не се работи за непријателство, туку за болни умови. Луѓето, од завист и љубомора, спремни се да направат се`. Немаат граници во нивното однесување и не размислуваат за последиците од нивните постапки. Како и да е, јас останувам во добро расположение, после долго време, и не дозволувам никој да влијае на него. Имајте и вие убав остаток од денот.
Точно 2 години сум член на форумот Фемина. Сакам да кажам дека е прекрасно чувството кога анонимно можеш да си кажеш све што ти лежи на душа и кога и да ти е потребна помош тука се другите членови кои несебично сакаат да дадат некој совет или подршка. Драго ми е што сум член на Фемина и се надевам дека уште долго ќе продолжиме да се дружиме на форумот и искрено сакам да останете такви какви што сте (дружељубиви, комуникативни, секогаш спремни за совет, искрени...) Еве по едно парче торта за сите Вас.
Што е со студентиве и нивните суеверија? Студира медицина, а мисли дека ако баба и и' фрли вода по пат пред испит полесно ќе го положи. Боже Господе, да не можеш нормално како човек да им посакаш со лесно на испит да поминат. Одма те гледаат на криво. Одма нешто не се задоволни, мрмљаат, се прават дека не те слушнале... Не се викало на студент "со среќа" (пред некое време дознав). Епа што да ви кажам? Јас сум буквалист по природа да ви кажам, така што, ако некој ми рече "крши нога" за на испит, јас навистина ќе го сфатам како тоа да ми посакува. А и јас не сакам на некој да му речам "крши нога", не можам да го изговорам тоа, ми е жал. Крши нога бе... Ејј, уште не можам да се изначудам. Таман работа ако скршам нога на пола пат до факултет. Ни испит ќе видам, нит па ќе положам. Ме деконцентрираат, па на пат за на факултет по три пати гледам дали е зелено на семафорот за пешаци пред да преминам улица, најсериозно. А врв беше кога една колешка ми рече: "Ајде влегувај (во предавална кај што се полага) и крши, раце, нозе..." Ехеее, ме изреди. Демек побрзо да фати позитивнава клетва. Кај нозе, па и раце да скршам. Да се крсти човек. Ова некој нов тренд е или јас не сум била запознаена до сега??? Како и да е, не ми се допаѓа воопшто.
Џинџер за кај се спремаш да идеш? Сакам и јас... Се пронајдов! Баш за крстење е работава. И мене од секогаш ме чудело и дефинитивно одбивам да посакувам среќа со клетви. Ееее ова изгледа ти е од пуста желба да се поамериканчиме па break a leg, сега стана и наша фраза
4ца другари (полуматуранти) силувале нивна соученичка т.е полуматурантка во Тиквешијата... Добро бе до каде отиде светов, се мрднаа децава бе. Порано на 14-15 години на вакви работи ли се мислело бе, сите играле фудбал, криенка, брканица...без разлика машки женски, не се делеле децата. Мама ми кажува за радоста на вујко ми кога имал 15 години и му купиле тетрис (играта таа де не знам дали точно ја кажав), а ова денес збеснати сме од се што ни е приуштено, не знаеме што да правиме веќе, ништо не не радува, ништо не знаеме да цениме... Не знам што да кажам стварно останав без зборови сега ова кога го слушнав. Ама па и ова со полуматурава е претерано, свадба ли е, што ли е, мене таков краток фустан срам би ми било и на 20 години да носам, прекратки се пола и повеќе од фустаните што ги носат. Готово светов полуде, отидени се сите и времево богами. На сета нервоза денешна уште ова ми требаше да го слушнам.
Затоа јас секогаш велам: ДОВЕРБА ВО НИКОЈ. Посебно ова за вас помалите важи. Колку и да ви зборат другарките дека рано си одите, дека некој ќе ве врати дома итн... Подобро отиди си порано од некаде, јави се на твоите да те земат, или оди си со такси кое ти е проверено, отколку во секој доверба и кај секој во кола да се качувате. И јас кога бев помала многу пати ми се случило да ми зборат другаркиве. Де бе па и ти, *** ќе не' врати. Го знаеме. Не фала, чао си отидов. "Другари" му биле на девојчето. Гадови. Сега една доживотна кога ќе им дадат ќе им текне што направиле. Сељаци гнасни. Жалосно за девојчето. Животот и' го обележале.
Песнава на Тамара од Макфест цеел ден ми се врти во глава. Одамна македонска песна не ми се е допаднала толку многу. Предобра! http://www.youtube.com/watch?v=bjbMadlbahI
Со темава сум малку троа поназад, не знам што се случува... али без гајле, распуст иде, има све да исчитам. И многу сум смотана. Бев жедна, се напив нескафе. И еве сеа... додека учам не можам на раат да заспијам. Оти јас така си имам навика, кога учам, да си поспијам. И сеа морам да учам, неам кај да бегам, не ми се спие. Неисе, дома имаме еден куп такви чашички за јогурт. Не знам како се викаат, оние шаренките. А бе ги знаете. И си рековме со мајка ми... тие што се постарите, да ги ставиме покрај контејнер, некој друг да си ги земе. Бидејќи премногу простор зафаќаат. Алии... пола саат се мислевме кои чаши да ги тргнеме. Сите се убави. Со мечиња, со срциња, со цветчиња, со дедо Мраз, со геометриски фигурчиња, а бе преубави. - Мамо, а оваа еднобојнава да ја тргнеме? - Ама таа е од стрина ти за задушница, греота е... - А оваа да ја тргнеме? - Таа ми е од комшиката, нејзината вујна, па брат... - А оваа? - Па сине и таа никаде не е гребната... И ај некако ја разубедив, да ги тргнеме еднобојните. Оти мене шаренките ми се посимпатични. И океј, ги тргнавме... Кога денес, отворам кај стаклените чаши... она таму им нашла простор, таму ги сместила. Е па чорба. Јас така чувствувам некоја приврзаност кон чорапчињата. Ма какви и да биле искинати, прекрпувани - јас си ги сакам. Битно да ми одговараат.
СДК дека ми фали времето коа со нетпение го чекав 10 јуни да заврши школската година и да почне летен распуст. Најсреќна дата во мојот живот, Н-А-Ј-С-Р-Е-Ќ-Н-А !
Последниве 2-3 години се нешто чекам . Чекам да заврши школската година. Чекам да дојде викенд. Чекам да дојде зима. Чекам да се случи некое чудо, без да го чепнам. И се чекам на некој датуми да се “сменам“ наеднаш, да почнам дневник да пишувам, да почнам да учам..
Она кога една песна опишува како се чувствуваш во моментот.. priceless http://www.youtube.com/watch?v=IZ50j34m3jg Чувствувам дека сум само дел од нечиј живот, не го живеам мојот како што сакам. Како да ја играм споредната улога во мојот сопствен живот. Е така се чувствувам.. Не можам да направам споредба на љубов или симпатија, ми требаат лекции од искусни, после се можеби и не сум баш некоја искусна кога е во прашање љубовта. Dane brojim, samoće ja se bojim, shvatam dušo ipak te još volim. Инаку за мене летото е почнато уште од пред еден месец, дури и кога дожд врнеше за мене беше лето. Нема што да се радувам сега..
Едно дете сум ,а приватност во мојава соба немам никаква. Клуч немам, а брава не е дозволено да се смени. Во ред тоа, ама може ли барем да се пресоблечам а никој да не ми улета ?? Преку глава ми се ! Не сум мала ! Кога ќе се затворам во соба значи сакам да бидам сама. Едноставно е ! Ако на некого му треба нешто може да тропне ! Аманн !!
пак ке оформи карактер кој ке е поврзан со тие клучни влијателни вредности ( а тој карактер може да е во согласнот со тие вредности или да не е во согласност со нив но сепак тие најмногу влијаат) во право е девојчето [/quote Еве и пример ке ти наведам
сватив дека од некои пријателства станав презаситена и треба малку да се оддалечам-малку спејс а дома па мајка ми здравствени проблеми-стандард лето не поднесува а татко ми се топи ко од шекер да е-до пред 2 3 години не знаеше што е лекар сега е слаб ко чепкалка за заби-кога го гледам ко гревче, некој ко со нож да не боде право во срце ми е брат ми е во депресија од дома не излегува ко кученце некое само дома се шета ко некој да ми ја пара душава ми е а пак мене тетка ми никако да дојде на гости градиве мислам камења ми се полни, и си размислувам како ке ми биде за 6 7 години, па пап тестови, па мамографија до скоро ми беше страв од рак на дојката-за срека помина-кога бев 12 години баба ми ја гледав болна од рак со инфузии, на цитостатици не ми беше страв сега на 28 уште малку 29 ми беше шубе ко некои луге црна магија да ми правеле,или трите наречници вака ми кажале кога бев бебе да ми биде незнам ама и јас како и сите тонеме пополека и што е најлошо немам солзи за плачење и многу убаво што некој ја измислил Фемина за да можам ко женско да се искажам наместо на другар ми на глава да му се качувам за се и сешто-ке полуди од мене