Денес мој пријател беше жртва на параноични умови Среќа помина се Какви стресови му направија За мене е денес херој Не му се влеа стравот во коски. Напротив, излезе похрабар Ќе одговара некој за хаосот? Поддршка за тебе пријателе. Сигурна сум дека беше без потреба, тоа нагласено време беше со нас, не можат да плетат лаги.
@Emma2 No offense, но по тонот на напишаното, како да сфати човек дека им мислиш добро? И ако ти се блиски, ги познаваш, сепак не ти дава никакво право врз нивниот живот или ако живеат спротивно од твојот животен стил, по дифлот мора да се несреќни. На сите смислата и уживањето во животот не ни се исти. Ако живееш исполнет живот, не би требало времето да си го трошиш во залудна опсервација на другите и нивниот живот
Не опсервирам, не се замарам,отварам инстаграм и ги глеам, мислев овде може се да се каже ама излеа не вреди, све сте спремни на кавги, а сакав само така да си остане постот, мој исказ и толку, реков излеа ја згрешив темата. Не се среќни во очи им се познава!
@Emma2 Повторно ќе кажам, no offense, не го пишувам ова за карање, само споделувам мислење во однос на твоето, ако некој е несреќен, а се грижиш за него, зар до тој степен вулгаризам би користела? И зошто? Со која цел? Вака некој тебе да ти напише, што ќе помислиш за него? Го живеат својот живот, среќни или несреќни, нивен избор. И толкав пост, па тешко да речам дека не се замараш, но беспотребно
Не е вулгаризам,таков ми е стилот, користам доста сарказам ама кој ме сфаќа ме сфаќа, не мислам да навредам, едноставно така се изразувам...Секој си го живее животот секако, кажав зашто секогаш устата ми е прва, не се правдам сега,ама си стојам на пишаното, не мислам лошо на никој... ама прва ќе им коментирам ако ги видам среќни заљубени,thats all...завршувам, досадно е ова веќе..
Се разболуваат личности кои најмногу ги сакам,па ова е премногу .Тешко е.Најдобрите први пострадуваат ,секогаш е така
Пристрасноста создава необјективност. Таа, пак, создава конфузија. И хаотичност. Ние сме жртви на пристрасните.
Убаво се наместив сама. Никако да видам кога луѓето фолираат. Штом не сум видела на време сега нека ме зборат ќе морам да молчам.
Вријам од нервоза.. Имам делови во денот кога си се изолирам во соба и не зборам со моите освен ако не морам. Мајка ми не почитува приватност, ми влага у соба кога ќе и текне и си виси овде.Некогаш стварно не ми се праи муабет и не знам како не сфаќа.Пример сега седам на фемина и ми вика : со кој збориш толку.А шо збориш.И ми вади некои муабети.Гледа дека и враќам ладно, дека не ми се праи муабет и упорно си тера.. Како да и дадам до знаење дека некогаш не ми се збори? Да ми беше другар/ка поинаку ќе постапев може и ќе го од****в,ама мајка ми е неќам да ја повредам.
Не ја одје*увај онда. Речи и имам 10 мин за тебе ај да си позбориме па да продолжам. И ти мирна и она задоволна. Вака и двете крш
Па си зборам со нејзе.По цел ден е дома, си праиме муабет заедно седиме секогаш кога сум дома.Ама навечер секогаш сум флегма.Дремам во соба на Фемина и не ми се прави муабет со жив човек.Некогаш многу ме напнува со прашања, кај беше што беше се почетните.На тие секогаш и одговарам бидејќи ми е мајка и треба да знае.Ама некад ептен ме замара со бош муабети што ни мене не ми е гајле за тие особи. Дали таа и таа уште идела со дечко и, а онаа кај била...дрндрн сегс ја не се замарам со тоа.Сум и кажала не ми е гајле, ми вика па тебе ништо не те интересира.Како да и објаснам не ми е гајле што и како прават другите, поготово не бифши другар/ка
Да не е премногу време сама дома па да и фали друштво? Сигурно не ја интересира која со кој оди туку само сака да збори нешто што тебе би ти било интересно.. Напорни се мајките факт... Ама и ние сме некад напорни
Дома е нон-стоп.Инаку и јас имам размислувано дека и фали друштво.Ама секој ден бар на саат е надвор.Или пазарува или шета.Од другарките пола или се баби и чуваат внуци, а другите одат на работа. Тука се судираме ние.Јас по 8 саати сум во школо со деца, народ.После школо ако искочам исто,јас дома кога ќе дојдам сум полудена од информации и дешавки а она е ,,жедна” за нив.
Направи мал простор и за неа во денот зошто сега пола саат сигурно ќе осеќаш немир, а место тоа моеш пола саат да си со неа и раат да си легнеш. И ќерка сум и мајка сум. Најбитно ми е детето да ми е ок. Ама најсреќна сум кога ми е ок дете и ќе ме гушне...
Дали се заљубуваме во луѓето, или во тоа како прават да се чувствуваме? И кога ќе се скрши ова второво? Или е комплет од двете. Што ми е мака што не можам да се заљубам Ќе одам хормони да испитувам...
Вистинска другарка ти ги држи нозете да правиш стомачни кога највеќе ја мрзи. Дури ми рече заедно во теретана да сме почнеле Добро влијаам на околинава