Еден човек што го познавав, и го презирам и сум благодарна што го знам. Зошто благодарение на него, истото егоистично и манипулирачко однесување можам да го препознаам кај сите што го практикуваат и да се отарасам од нив на време. Чудна работа животов. На тежок начин ги учиме работите.
Да се самоцитирам ( не ме банирајте ), само сакам да се прашам и анализирам себе си од 3та перспектива како може да сум олку малер или глупав. Професорот што го ценев и намерно што земав повеќе предмети пошто ми беше предизвик да полагам кај него пошто знае да го отежни многу повеќе отколку што е тежок предметот и секако да научам повеќе, на некој начин ме одби за дипломска. Зедов кај друг професор и дипломирав, и сега на интервју баш ме прашаа кои професори ми предавале и слично им кажав, и му се јавиле на професорот што го ценев многу. И знаете што рекол тој? Да не ме примеле на работа затоа што за него не сум бил инженер. И во порака, пред да ми го кажи ова го прашав дали може да ми се најди и да даде препораки, затоа што стварно сметам дека ја заслужувам работата со СРЕДНО, а тој вака ми направи, па дури и во порака ја деградираше колешката нејзина т.е темата и предметот што го имав, а исто така и ми рече скапо сум платил со ова. Стварно не ми се верува, како може да ми се случува ова... После ова некако, изгубив надеж дека можеби ќе ја добиев работата..
СДК денот го поминав прекрасно иако имав спиено само неколку саати. Цел ден поминат со тебе, те изнагушкав ептен. Знам дека не правев некој посебен муабет, ама сето тоа беше резултат на мојата ненаспаност. Ќе ти надокнадам утре со муабет за денес.
@Stark No offense и no hard feelings, но мене ми звучиш малку нападно и на мисла дека некој ти бил должен нешто Право на професорот било да даде свое професионално мислење на работодавецот. Сепак, тоа што си земал повеќе предмети кај него била твоја одлука, а не обврска на професорот подоцна да ти биде должен да те пофали. И некако мене лично, она ословувањето "омилен" и делот "одбиен за дипломска", во контрадикторен пакет објаснуваат дека едноставно некој не може да те пофали, ако нема врз основа на што. Професорот да те ценел, би ти бил ментор, а препораките би дошле последователно, а кога веќе одбил да ти биде ментор, препораки си можел да побараш од оној кој ти бил ментор за дипломска
@Animali Грешка си и погрешно можеби ме сфати. Ме одби, затоа што не сакаше да ми ја даде темата паралелно да ја изработувам со последните 2 предмети што ги имав за полагање од кои едниот кај него. А јас тоа време бев многу кус со пари и работата што ја работев на црно ја снема и се намалија парите, па решив да забрзам и завршам факултет. Заборава тој дека неговите предмети се баш тоа што се бара овде за работа (меѓукое може да се работи и со средно), и дека сите предмети ги положив со над 8,5 просек од неговите 6 предмети. Искрено најмалку очекував од него да слушнам такво мислење за мене во негативно, дури и да ми се смее во порака и да ја деградира на некој начин неговата колешка т.е мојата менторка и нејзините предмети и темата што ми беше мене "бош" тема. Скапо сум платил, што не сум земал кај него.
@Stark Добро можеби погрешно сум сфатила, но немаше така детално напишано Ама пак би рекла, тој кога си бил во најтесно, не ти излегол во пресрет и не ти помогнал, па нема што да ти биде чудно, што сега за работата ти одмогнал на еден начин. Мене почуден си ми ти, т.е јас да сум била на твое место ни на крај памет не би ми било да побарам помош од некој намќор што и претходно лошо се однесувал со мене Инаку, да не те дотепувам со моите постови, би рекла да не се разочаруваш, ќе дојдат и твоите пет минути, само важно е да не се откажуваш
Ако ми кажеш МОРАШ сигурно ќе нејќам. Ако ми кажеш БИ ТРЕБАЛО најверојатно ќе размислам. Ама ако ми кажеш МОЖЕШ ЛИ? И да не можам ќе се потрудам да можам оти не постои НАМЌОР со зло срце. Фаштен?
Секаде во светот е нормално да бараат препораки од бивши професори, ментори, работодавци. Прост е фидбекот од професорот според мене.
Во трета година кога запишавме парен семестар имавме понуда и предлози (макар што бевме 5, а другите 20 останаа во втора) да не стипендираат од фирма, ама потоа со обврска (не знам колку години точно беше) да работиш кај нив за минимална плата, и не ни одговараше одбивме. Значи веројатно или деканот или од студентски прашања не предложија. Нејсе, не очекував олку негативен и проста реакција од професорот, пред се' кон предметот и темата на мојата менторка, негова колешка, а потоа кон мене. Јас го потсетив дека тој беше што ме одби за дипломска, и дека се пријавив за работник на машините што ги имав како предмети за испити кај него и дека бараат со средно (а не со мојата диплома), и секако уште еднаш му потенцирав дека го почитувам како професор, и му заблагодарив на тоа што го кажал за мене. И секако, не ми врати на пораката, а јас после ова само едно добар ден ќе добие ако се сретниме ко ќе ја земам дипломата.
Абе ако наведеш референци нивно е да проверат. Кога го прашале за професор, значи "кажи ни кој да прашаме за тебе". Воопшто не е проста раја, нити нешто невообичаено е да напишеш контакти за препорака кога испраќаш ЦВ.
@Stark не се замарај. Имаш време, млад си. Се' ќе биде Повеќе ми личи, ко да има некои нерасчистени сметки со твојата менторка типов, отколку било што друго. Ако 'не си бил инжинер', немало да имаш просек 8,5 од неговите предмети. Не го сфаќај лично.
@Stark Читав погоре и веднаш помислив исто што и @WildMk ,тој има против менторката,а не против тебе.Често пати се работи за суета, можеби предрасуди кон женски пол и многу други причини.Ако е тоа,тогаш многу е непрофесионално,студентите да страдаат,поради лични несогласувања.Нормално е да се чувствуваш повредено, бидејќи си негувал позитивни емоции кон професорот,си покажал солидни резултати, а тој така се однесувал,но можеби ќе дојде нешто подобро.Со среќа!
Фирмата што ја сакаме јас и ти бара сертификати од фирмата од 2 лица кои биле одговорни за тебе. Средено на нотар и тоа. Така да ич не е просто што бараат се сложувам. Во спротивно може да се лаже.
Мене професорот што ми беше ментор за дипломска рече секогаш да го барам за што и да ми треба И вториот знам кој ќе ми биде