Ем на секое некоја постира дека многу се оговарало, ем 'цутат' теми на форумов, од типот: Вакви јавни фаци, онакви јавни фаци. Дај да ја разрешиме мистеријава. Од кај потребата да се расправа туѓ живот?
Нова работа,нови предизвици,ова можам додека дишам да го работам.Фала Господе,фала на жената која прави се за мене,да не осетам празнина од Мајка,фала фала ви се восхитувам.
Прво од досада, второ од премногу слободно време и потоа од радозналост и желба за оговарање Ај па ти тука се палиме на членови што воопшто не ги познаваш, а не па на јавни фаци
Е ајде де кажи, од кај потребата да се замараш со рандом членки, која што кажала? Што им се мешаш во штипки? Само да се оговарало Пола саат изгуби на нечиј муабет.
ама ич не поштувам луѓе што зборат вака за други жени па макар и мажи. никој не е совршен. ја имам видено во живо иначе...имам слушнато муабет за дечко и дека е геј, не знам дали е вистина, јас лично не верувам на трачарења.
Толку позитивен и издржлив сум, а не можам да издржам едно е*ено замарање од околината koga ce te zenime/koga ce se zenis/ajde zeni se ce ostares итн... Втора причина за да си отидам трајно од земјава е слабите примања. Првата причина е простачката околина. Сакам да кажам но сакам и да направам.
Пауза правам, да си придојдам. Боже Господе кое непоштовање спрема Фреди да го глуми лик што воопшто не личи на него, ниту заби и уста му доловиле како треба, ниту очи (тој негов длабок поглед со црните очи) ниту во тело ниту во став, туку направиле да изгледа како лик со некакви пречки во развојот. Срамота. Ќе продолжам, белким ќе е подобро.
Иако изгледа така, добро го глуми. Ќе видиш понатака. Јас го гледав пред еден месец и.... Искрено, ме фати жал за две работи, и двете болни. Едната што ете, имал секс со камионџија а другата, се заразил од сида и починал. Квалитетен вокал, четири октави, гласовна перфекција.
Па добро бе, некогаш нема нешто да им смета на „луѓево“ . Си доаѓам дома утрово, го гледам кучево со помодрено лево окце. Им сметало тоа што е врзано и што е дома, па ќотек добило. Гнаси. ( ми иди сите да ги испоубијам)
Јас сум за слободен избор на правото на жената на абортус. Со тоа самата си носи одлука за себе. Истотака самата си носи одлука за трајна ненамерна штета на матката при корнење на малечкиот плод кој би бил бебенце после некој месец... Знаете, елџибити депонијата и законите за абортус по светот водат до едно: намалување на човештвото.
Има една комшивка што секогаш кога ќе ме сретни прв муабет и е дека и изгледам ослабено/здебелено. Се-ко-гаш. Зошто бе по тоа им судите на луѓето? Зошто скоро никој не се прашува која е причината заради одредена промена кај некој? Како беше она, скоро секој приметува дали си ослабел/си се здебелил, а ретко кој забележува дали си добар или не. После зошто толку луѓе кои се несигурни во себе, не се сакаат, имаат ниска самодоверба и комплекси. Не негирам дека и јас спаѓам во нив. Покрај тоа што толку многу килограми стопив и уште толку ќе топам, ваквите коментари знаат и те како да ми мавнат на психа. Порано беше "Леле колку си здебелена", сега е: "Ослабена си ама уште треба уште си дебела". Ооокеј. Оставете ме барем да се справам со моите несигурности што ми ги набивте.
Кој го натепал кученцето? Ако не можете да се разберете со збор дека животните не се должни да трпат насилство најдобронамерен совет е да го сместиш кученцето каде што ќе биде сакано и правилно чувано.
Не сакаш тебе да те замараат со прашања кога ќе се жениш ама ти паметниот се најде да збориш која треба да раѓала. Еве роди ти и зголеми го човештвото. Или чекај...немаш матка бе, да заборавив. Е нека ти порасне, па коментирај. Мене како девојка ми значи тој закон за ако утре можеби се најдам во таква ситуација, ама не гледам што тебе ти менува ако некоја икс особа абортира.
Не те сфатив, еве ќе се цитирам самиот: да, го поддржувам законот за абортус и да, ги поддржувам жените во тоа сами да ја донесат таа одлука, сѐ едно дали се во брак, дали се сингл, дали сакале или не сакале да забременат. Но познавам и две жени во педесеттите години од животот кои останале неплодни поради одамнешни абортуси (едната легално во западна Германија другата на црно, во Хрватска). Како и да е.