Оскар лапнал? Мрш таму. За Оскар може е животот на Фреди, глумата на типот секако не. Не го догледав, срам ме фати. Го доловил како да се работи за просечна разгалена тинејџерка што се замислува дека е Дива. Поголема машкост носи Фреди во себе, тие го претставиле ко лигаво педерче. Без разлика дали е би или геј или стрејт и дали носи тесни хеланки или сукња, перика и шминка, во ниеден момент Фреди не изгледал смешно или вештачки. Типот во филмот е ко подвижна карикатура. Никаква длабочина, никаква емоција, рандом песна од него што трае 3 минути и што можеби ја имам слушано стопати предизвикува повеќе емоции отколку цел филм. Оскар
Не сум размислувала. Треба време за тоа, не можам од ракав да лупнам. Ако дојдам до таков лик ќе ти јавам Уф, се изнервирав.
Толку сум интровертна што ми е срам да стаам целосна слика по социјални мрежи каде што сум сликана во купачи. It gives me uncomfortablity and I it feels creepy. Shame on me! Call me old-fashioned.
Значи во денешно време тежок интроверт си ако немаш храброст да ставиш слика од себе во купаќи на нет? Во наше време интроверт значеше да бегаш од камери дури си закопчана до грло. Слики од купаќи беа заклучени во фиока позади еден куп чаршави, тегли и конци за шиење. Тоа е прав интроверт.
Нема да разберам зошто некои фризери и шминкери упорно пишуваат на англиски иако не го знаат. Ама не е интересно без фамозните: #makupartist #somthingnew #beytifulcreacion #newcolorhair #hallaweenmakeup #glitermakup #makeuppasion #weeding Во оваа група се и новопечените мајки со #mymiricle, #mystylingbaby итн. Ако веќе тераме мода, мислам дека не се многу две секунди барем на интернет да се провери како се пишува правилно некој збор. Македонскиов очигледно не им звучи убаво веќе, ама вака со инглишот уште понесмасно звучи и создава одбивност без разлика колку е добра фризурата или шминката.
Па можел да фати гага вожња Значи бил заведен од камионџијата, му проработеле гените некако изместено, што е важно дали бил камионџија таксист или не ти знам.
Ако нешто ме расположува пред спиење тоа дефинитвно се влоговите од луѓево што патуваат низ светот. Моментално виртуелно го ' посетувам' Рио Де Жанеиро. Cobacabana, baby!
Од навистина одвратни луѓе ми се оние кои би поминале покрај човек на улица кого му е лошо или е без свест и притоа не би помрднале ни прст да му помогнат, зашто не е нивна работа, нели непознат е човекот Лично сум се нашла во ситуација да треба мене да ми се помогне и неколку души да притрчаат веднаш, дури двајца ме придружија до болницата која беше блиску, а бев тотален странец за сите. Не заборавајте дека сите за некого сме непознати и небитни, ама дека и тие што сме им небитни во дел од секундата ќе станат за нас битни. Мислам ако малку не чувствувате етичка одговорност во таков случај, преиспитајте се.
^ Мене Србин во Малта не ми помогна кога се онесвестив пред лифт, а ти тука од нашиве очекуваш помош. Немој, очекувањата ќе те разочараат.
Ок... зборете... ама после, не поставувајте прашања како: Абе оти сите оговаараат??? Ако сакате одговор, секоја сама- на себе нека си одговори... Во вас е одговорот.
@Anabelle.Amorette Ан заборавиш да го додадеш и начинот на поставување хаштази. Пр. 1. Myman# 2. #Myman# 3. ##Myman## Ова дупли одгради, да не избега менот и се што ќе се напише
Починал Luke Perry oд мозочен удар, не се разбудил од кома Како вчера да беа Дилан и Бренда и сите случувања од нивната врска, популарните серии Beverly Hills 90210 очекувани со нестрпливост со другарките да се видат и прераскажуваат до следната епизода... Навистина како да беше вчера а поминале денови и години...
#my #everything #proud #to #have #you #in #my #life Некој со мастер во маркетинг се прави готвач, се прославил за рекордно време со Инстаграм сликите. Прави интервју за некоја страна, го прашуваат кога ја открил љубовта за готвењето. Вика "кога почнав професионално да се бавам со тоа на Инстаграм". Супер, си призна дека готвење ме те влечело додека не си решил пари со него да правиш. А англискиот... #vegatables #rucolasalat #recepies И слики од сендвичи со цвеќе декорирани, затоа што кога јадеш сендвич баш без цвеќе не сакаш да го оставиш.