Цело време одиш во офтопици и безвезни муабети. Јас ти викам ти оговараш, а ти изглеа не дочитуваш па пишуваш дека некој ќе поставел прашање зашто се оговарало Изгледа дека имаш вишок слободно време па не знаеш како да го користиш.
Нишки сме на ветрот. Пространи на жица и ја доградуваме и филуваме штипката што не држи, за да не не испушти. Цел живот така. Некогаш се откажуваш.. Ама некоја по-нишка од тебе ќе те притегне кон својата штипка, додека ти се врати волјата за креирање. Па се враќаш пак пред своето животно кормило... Мора да научиме сите дека луѓето се многу битни. И дека пријатели ни се потребни и не само во добро.. туку многу повеќе во лошо. Полесно е кога се патува заедно.
Порано до таа мера сум дозволувала да ми се мешаат во животот и да ми солат памет што сега и битни информации не споделувам со никого.
Емоциите и искуствата неможе да се пренесат. И да се употребат милион зборови и едните и другите ќе бидат само една раскажана приказна која му се случила некому.Визуелизација на нешто кое на некого му се случило. Нараторот е единствен сопственик
Се прашувам како некои луѓе имаат време за цели фотосесии од понеделник до петок? Работи ли таква раја уопште? Јас немом гла да кренам од работа, плус и викенди повторно работа. Не сфаќајте го постов сериозно Хев а најс деј!
Домот ми мириса прееекрасно. Си работам а во меѓувреме печам нешто што знам дека тој го обожава, а јас нема да го пробам. И среќна сум зашто ја очекувам насмевката кога ќе влезе и ќе го види (намириса) изненадувањето. Епа ако ова не е љубов, не знам што е.
Едвај чека да згрешам и кога ќе згрешам нешто ги вади сите фрустрации за мене што ги крие..Испукува како бомба. Не драги, ти не ме мразиш, ти ме сакаш премногу.
Хау абаут ви мејк женските хигиенски производи, д тампонс и улошки, бесплатни или барем на пола цена?! Тенк ју.
Девојка му дипломирала македонски, тој и напишал "proud of you" на ФБ. Абе јас би го на лице место оставила. Македонски да не учела за тебе на англиски да те чита? Што е бе со тоа што сите Англичани се на ФБ? Озбилно, од "ај сед јес" и "прауд" луѓе ми се присра веќе...