^ мислам дека така се осеќаат поинтелигентно. Мене ми е смешничко коа ке прочитам рандом муабет и пикнато 'имено' у среде, онака, да биде реченицата побогата а ние да мислиме дека творецот има богат вокабулар. Ставовите, секако, се сосема небитни.
Или само се во склад со современите текови. Јазикот на кој се изразуваме не е секогаш битен.Битен е начинот на кој се изразуваме. Секој е уверен во своите зборови.Веднаш се посочуваат туѓите грешки и маани,а не се гледа ниту малку на сопствените. Така не се постигнува напредок.
Која иронија. Напаѓаш, напаѓаш една личност, па таа направила еден чекор поинаков, па ја величиш и величиш. Луѓе без став!
Овие денови ептен бурно реагирам, а истовремено се затворам во некој мој идеален, замислен и осамен свет. Си одам дома, седнуваме да ручаме и првите 2 најбитни теми се за умирачка и за тоа како нашите роднини од друг град и село како го водат животот што им се случуваме и ШТО ТРЕБА ДА ПРОМЕНАТ. Од моја страна, наместо да ги бројам деновите додека ми дојди смртта, ќе ги живеам моментите и деновите во тоа што уживам да правам. Другата работа, им викам не е малку подобро да размислиме ние најблиските дома наместо да оговараме, да видиме да подобриме нешто во нашите животи?! Секој ден, истиот почеток на муабет, истата реакција од мене, но секогаш истиот резултат. Се чувствувам како... еден филм не ми текнува името, секој ден го живееше истиот ден.
Животот е прекрасен, а јас одлепив скроз.Од сега живеам како хедонист, ќе гледам да ми е најубаво и да ја зграпчувам секоја погодна прилика.Ова ми се најубавите и најлудите години.
Изморена сум од сопствените очекувања. Секојдневно се измачувам дека јас не сум доволно добра во се што правам. Ги мразам деновите кога едноставно ќе пукнам, и ќе се истурам врз некого. Знам дека не е фер.
СДК дека животот ќе биде многу поубав ако луѓето редовно употребуваат сапун и вода. Дезодоранс да не споменам, кога сапун и вода, четка и паста се нон сенс. Сами себе не знам како се поднесуваат луѓето, не ли им мириса носот? Пролетна јакна неиспрана од лани, битно марама и шминка топ. Корне. Маж убав строен, ми прозборе во несвест паднав. Добро бе луѓе...
Мајка ми скроз на скроз ме разочарала..никогаш не сум била волку разочарана од никој. Искрено ми падна во очите за 2-3 скалила подоле.Независно што ми е мајка.
Луѓе кои имаат самодоверба и си ги знаат сопствените вредности немаат потреба да навредуваат други луѓе за да се издигнат над нив. Just sayin'
СДК - е*ати новинарството кога вест на денот беше смрт на нечиј родител, ,,екклузивни,, слики и видеа од погребот и снимки од крици на ужалената ќерка. Знаете ли колку научни трудови се публикуваа и презентираа тој ден? Знаете ли колку модни ревии на млади креатори имаше? Знаете ли колку премиери на претстави се прикажаа? Ексклузива не е јавно да ја прикажеш нечија несреќа. Очигледно дека проблемов со ,,ексклузивново,, новинарство влече генеза од навиките и потребите на народот да се сити на туѓи солзи и несреќи. За жалење сме
На Балканов под ,,домаќин" се подразбира машки примерок што се оженил со вредна жена што му трча под цел ден низ дома, од перење, готвење до цепење дрва, а овој сиротиот не знае да излезе леб да купи или барем едно јајце да спржи, супа да свари. Фактички, се кити со туѓи перја, да не е жената, и гладен и нечист ќе живее во пештера полна пајажини и прашина. Жената го прави ,,домаќин". Таа 'рмба по цел ден, ама тој е вредниот, домаќинот во куќата. Ќе ѝ вика, ќе биде ладнокрвен, можеби дури и физички насилен, но таа не смее да се разведе. Стравот од осуди, немање свој имот бидејќи е жена, па зависи од сопругот, на него е сѐ. Од постари не би се изненадила да слушнам дека ,,на жените е да ја пазат куќата и децата", ама ова да го чујам од 20+ годишен човек во присуство на неговата девојка е веќе жално и разочарувачки. Како е во ред ова? Ако толку се веќе неспособни нешто толку едноставно како најобично јадење да направат, зошто не најмат жена за по дома што ќе им средува, ќе им гланца нозе и што ти не? Која жена стапува во брак за да слугува на маж, свекор, свекрва? 21 век. 2019 е, а уште слушам од поединци од моја генерација како ги поддржуваат овие работи. Не сфаќам зошто и постарите жени упорно се трудат и да ги наметнат овие ставови. Да пазат девојките пред свекрвата, пред роднините од идниот сопруг, па да мора да знае ова, да мора да знае она. Нели памтат како им било да се понижувани, омаловажени само затоа што се женски и мора да слугуваат? Немаме ли право на избор? Од раѓање ли секому му е одредено што да прави врз основа на полот? Срамота е да не знаеш најпрво за себе сметка да водиш и да чекаш на друг и вода да ти подаде оти тебе те мрзи и изиграваш мангуп.
Не дека нешто ми игра мене улога што мислењето ми е едитирано и избришан ми е делот за некоја си членка тука што меѓу првите сум ја заприметила и сум дала онака лабава критика дека како за прв пат делува непријателски настроена, него не треба да функционираме така. Не е нормално само да ласкаме и да се фалиме. Не е ни возможно. Критиката е здрава. И потребна. Не навреда, не понижување, него критика. Ама вие си знаете.
Некому му сметаат деталните слики од детските активности, некои од експлицитните активности, така да квит е