А тебе се ти е океј, демек.. Не може човек веќе да каже што му смета. Се пронајде во постот изгледа. Не си сметам сама на себе напротив.
За да закочиш и да размислиш.. Ти смета нешто што друг го исполнува. Имаш 2 опции. Избриши ја персоната и не се замарај Или застани и запрашај се од коа почна да ти смета таква банална ствар.. Животот не се сведува на тоа. Како сакаш твое си е. Мене како и да е сеедно.
Хаха онака прокоментирав, не дека ме засегна мене до степен да се запрашам себеси%. Скролнав и видов и прокоментирав тука, без никаква намера да навредам некој. Фала за коментарот сепак.
https://www.24.mk/details/vo-21-vek-bolno-dete-so-magare-odi-na-uchilishte-ili-peshachi-po-tri-chasa Не знаев каде да го ставам. Ми се скрши срцето Браво кога можат да прават глупости, ама ова дете со години не било на контрола после операција на срце, и со магаре оди на училиште. Авион, а? Ама детево со магаре оди на училиште. Свесни се? Социјална држава, да... Ама не вреди ништо во споредба со неговата насмевка. Ангелче, ние да помогнеме, а Бог нека е со тебе.
Женски, среќен 8ми Март. Бидете ми живи, здрави, секогаш насмеани, среќни, силни. Секој ден нека ви биде како 8ми март Run the world, girls.
Честит 8-ми март на сите дами Вниманието што им се посветува на жените денес,нека продолжи секој ден. Драги дами продолжете да се борите за своите права,цели и замисли. Бидете успешни и истрајни на сите полиња.
Srecen 8mi Mart na ponezniot pol, za mnogu godini daje, mnogu zdravje, srecja i da se omuzite, hehehe...
8 Март представува меѓународен ден на жената, светски празник што се одбележува секоја година.Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Среќен нека е денот дами
СДК дека мажите можат само да си мислат дека се ,,бориме,, за рамноправност со нив Одамна жената е ПРИМАвиолина во секоја област. Солзата во окото и неможноста да дигнеме товар од 100 кг не не прави немоќни,напротив тоа е наше главно оружје
Честит 8ми Март на сите припаднички на посилниот пол. Денов нека е потсетник дека една жена која ја знае својата вистинска вредност и те како може да направи разлика и да ги смени правилата на играта. Да добивате убави зборови и да носите цвеќе во раце, како денес, така и сите останати денови од годината.
Мора малку да промрчам во име на денов.. Системски ја проголтавме фората за "рамноправност" по полова и родова основа па славиме секоја година на овој датум. Да, нашите соборки ги издејствуваа правата за слобода на говор, глас, движење, "индивидуалност".. Но, сеуште не е ништо ниту одблизу завршено. Да се потсетиме зошто: Жени во голем дел низ светот сеуште немаат сексуална едукација, и служат за експлоатација и објектификација. Сеуште професиите се делат на машки и женски. Сеуште се бара дадилка за чување деца која нужно мора да биде жена. Сеуште во политичките и воените структури низ Источна и Западна Европа сведочиме дискриминација, деградација по полова основа со уште илјада други недоследности и пропусти на кои мора да се работи. Не знам како да ви кажам дечки..АМА Цвет се дава секој ден, и на маж и на жена. Цветот не е единствено симбол за рожба за жената да ја потсети дека е крава за расплод - како булка која се отвара во пролет. Цветот алегориски ги претставува слободата, љубовта, "душевната" (карактерна) чистина. Мажите заслужуваат во иста мера цвет колку и жените. Не е цветот женски, исто како што ниту мотиката не е машки предмет. Борбата продолжува. Никогаш нема да запре. Тоа што е последниве две децении е пасивна не значи дека води кон регрес. Запомнете го тоа. Убав ден.
Спојлер Доволно е да прочиташ одредени теми низ форумов за да сфатиш колку сме рамноправни и еманципирани. Сѐ додека има машки и женски обврски и жената е таа која треба да ги гледа децата, да чисти, пере, пегла, готви, да се грижи за родителите на мажот оти им дошла во куќата и уз тоа секогаш да е расположена за секс, а мажот треба да оди само на работа и после да си го лади, нема да сме рамноправни. Среќен 8ми март, 1919 год.