А дека се јавив да честитам за тазе роден братучед и му го утнав името!? Ваљда со тек на време ќе го запамтам како се вика.
Денес на улица сретнав еден дедо. Едвај одеше, буквално. Нога по нога, милиметар по милиметар. Во рацете носеше ружа. Среќна е таа жена за кого е наменета. Дедото вложил труд за да го направи некому овој ден посебен. Среќни ќе сме сите ние доколку поред нас во животот имаме таков господин. Среќни празник жени
Ѓoмити се зaлaгaш зa милиoн рaбoти, сaкaш дa рушиш тaбуa и трaдиции зaстaрени и нефункциoнaлни, a пишувaш вo темa зaбрaнетa зa цитирaње. Тoлку требa дa се знaе зa зрелoстa пoтребнa дa си тoa штo сaкaш дa си.
Слушам еден маж се договара со жена му по телефон да се спремела вечер во Мрс резервирал да ја носи После 20мин слушам друг, се договорил со пријателите и нивните жени сите заедно да излезат да си прослават... Јас седам и јадам пица... и славам 8ми март..Сама. На која жена и треба маж за да ја части за празникот кога останатите 364 денови не му текнало да ја изненади со нешто...а богами ни денес. Да живеат жените кои сами можат се Среќен 8ми март лавици
Немојте да се задоволувате со внимание, цвеќе или вечера само по повод денешниов ден - истото го заслужувате и во сите останати денови - и од другите, а особено од самите себе. Во тоа е силата и поентата на Осми март. Среќен празник!
Јас би сакала да наздравам за оние девојки и жени што се дотеруваат, унапредуваат и самите себе се ценат и чувствуваат посебно, цела година, 365 дена, 24/7, а не само еден ден, притоа ден на кој врв би им било пластично цвеќе на подарок.
Ќе ви честитам 8ми Март, кога ќе се избориме за нешто... Ние. Би им честитала на тие што ја изодеа претходната битка. Ама тие се веќе мртви... одамна.
Кога ме притисна до ѕид, јас си заминав. И сега ме бркаш. Ќе си заминам, ама овојпат попаметно ќе одлучам...
Денес ради ова влегов во жесток конфликт со мајка ми. Она е од тие комунистички генерации, со отсуство на критички суд..Како Тито ќе кажел - така. Југославија била закон.. Чудно и било зошто неколку години по ред не сум честитала осми март на неа, мои врснички, и општо жени.. Истиот одговор го имав, ама одби да сфати, се налути. Поздрав до тебе Вајлд, ретко кога не се сложуваме јас и ти.
А зашто едноставно место да го тупите и да филозофирате дали некој заслужува да му се честита или не, и честитате на жената колку да се осети убаво? Ете она верува во тоа. Зошто да не и го направиш денот битен туку и го расипуваш? Зар ќе е битно кога ќе ја нема!?
Вечерва ќе си спијам во ист кревет со мајка ми. Имам 33 години. Ама срцево сега ми е бавча баш вака, да ја слушам како дише покрај мене.
Не е тупење и филозофирање Лили. Историски и феминистички факти се во прашање. Одбивам да ширам лажен оптимизам фрлајќи цвеќе онаму каде е труло и има катран. Нам такво ни е друштвото, полно илузии и погрешна едукација. Тоа е проблемот, не денот. Околу мајка ми.. Правам јас многу поважни работи за неа од бесполезно честитање и давање цвеќе за осми март, не се секирај. Кога ќе ја нема еден ден, познавајќи се себе си, повеќе би имала грижа на совест затоа што лицемерно сум ѝ честитала.