Себично е тоа што таа очекувала прегратка и честитка а не си и ја дала поради историја која реално не е побитна од насмевката на мајка ти. Размисли. Уште е 8ми март. Моеш да и го опрајш денот. А историјата никој не ти ја брани да ја следиш.
Мислам дека @WildMk кога напиша дека со мајка и ја чепнале оваа тема и мајка и се налутила, сигурно не мисли дека паднала во депресија и ете до толку тажи оти една честитка нема, туку како што спомна чудно и е на жената, мисли дека Вајлд има екцентричен став Па никој не е мало дете Не е до толку работата. Плус поважно е што спомна дека 365 дена таа е за неа мајка и прави поважни работи, па затоа не е до толку работата дека жената стварно е повредена. Подобро да прави цела година за неа убави работи отколку да биде на ставот на мајка и да и текнува само денес
СДК на 8ми Март да си го пофалам сопругот.....кој сериозно ја сфати улогата дека двајцата имаме исти права и обврски за одгледувањето на Бејби и цело време се ангажира околу неа и мене не славиме 8ми Март секој ден со него ми е 8ми Март
Ти кажав јас вчера.. И еве го пак Претпоставувам ја тагна вајлд по грешка, мислеше на одор. Пред се, јас одор ја почитувам и те како и ова е чист муабет, ништо страшно. А ти мила моја не моеш да не прескокне да се појавиш како адвокат секој пат кога ќе пишам овде. и тоа стриктно со - јас мислам тралалала..
@Nigredo Odor кажа за мајка и', не ја Со мојата мајка, имам расчистено пред 15тина години, во врска со 8ми Март. И не беше лута, пошто 'Со мене, никој не можи да се разбери.' и 'Јас и ти, никогаш нема да се сложиме' То и' беше реакцијата тогаш. Денес, ок е со нечеститањето. Проблем имав со свекрва ми. Првиот пат кога и' кажав дека не славам 8ми Март, и дека не давам и не примам поклони, не ме сфати сериозно. Ми купи наредниот 8ми Март поклон, не го примив. Се налути упм! И во знак на протест, го смена мојот поклон, со поклон за маж ми. Уште ја носи блузата Денес, ми се јави и то со овај муабет: 'Да ти честитам празник, оти знам дека многу сакаш хахаха' Се' се учи.
@WildMk Извини, те тагирав по грешка @LiliBoz Па не знам дали знаеш, ама ова било форум Ако вчера и денес и друг пат се погодило да се вмешам во дискусија каде си и ти присутна, тоа не значи дека само чекам ти да коментираш Бесмислено ми e и да се помисли дека некој би следел некој член и да го чека да каже нешто А тоа "Јас мислам", не знам зошто со толку потсмев. Имам свој мозок, па мислам Ако си пишете во пораки, тогаш нормално очекувај никој друг да не коментира, вака е апсурдно Воедно, можеш ако сакаш да реплицираш да биде во контекст на она што сум го напишала, а не во контекст дека воошпшто сум пишала
Поентата на @Animali е јасна. Сеуште се води како релативно нов член, нормално е да греши и да не ја познава динамиката на форумот. @LiliBoz Стварно не сме во лоши односи со мајка ми. Не е сеуште лута, и читав сега едукациска статија околу "денот на жената" рече дека сфати. Тврдоглава е, системски определена, ама не и глупава. Сепак ја гушнав онака, но не затоа што е осми март.
Кога ќе почнеш повеќе да се почитуваш себеси и да почнеш да се променуваш за ТВОЕ ЕДИНСТВЕНО ДОБРО, ќе начекаш луѓе што ќе : - Почнат да ти љубоморат и ќе почнат да те зафркаваат во стил " од кога ти почна..." и она познатото " многу си се сменила, аааа " . Демек тие се оние што ќе ми/ни одредуваат . НЕ! Одма ЧИСТКА, детална ! Не ми требаат и не ви требаат такви луѓе. - И се како оние РЕТКИТЕ, осипуваат со љубов, топлина, мир . Оние кои секогаш ИМ Е МАЛКУ од вашето внимание , љубов и топлина. Чувајте ги ! И на крај СРЕЌЕН 8ми МАРТ !!!
Ни најмалку не сумњам во твоите односи со неа, зрела си Само пример ќе дам. Првата честитка од син ми не ни беше направена од него туку од воспитувачите во градинка па моќнав од среќа реално, јасно ми е што збориш ама пак се радувам. И би ми било тешко утре да не ми честита, иако не е ден на мајката, сепак. .. Мислам ме сфаќаш, не се знаеме од вчера..
Гледај да те почитува, цени, помага и штити. Дали ти честита 8ми март, или не... не ти прави разлика... Ако се' друго имаш од него. Односно, љубов.
Зошто е разбивање монотонија, секојдневност. Зашто ко народ сме огорчени и јадеме бурек за секој можен празник. Јас одлучив да уживам во празниците. Убавината од нив максимално да ја испијам. За осми март сакам цвеќиња да гледам и дотерани жени, за први мај скара, за Велигден јајца, за Божиќ се знае... Место да трубам по социјални мрежи бирам да уживам.
Па то го прајме сите.. Си наоѓаме (или ни наоѓаат) занимација, за да не мислиме на бурекот... Пак ќе речам.. ја почитувам потребата да 'избегаш' од се'. Никој не сме имуни на тоа.
Јесте. Ама на тоа додади и - и да не славам нешто сепак ќе честитам. Бајрам не славам па честитам на пријатели. Од почит за тоа тие што го слават. Не елаборирам зашо јас не славам или не верувам. Едноставно честитам. Не ги сметам тие дела за лицемерни, туку за човечни.