Пред да кажеш не сакам ваков, онаков, да не е слаб, да не е низок, да не е молер, да е прогамер, да има кола, сини очи, прво прашај се што нудиш ти за да бараш такви особини? Дали поседуваш совршенство па да имаш право да имаш услови? Еве пример колешка моја има две ќерки по 30 години ќе наполнат, со нив живеат, до 3 попладне спијат, секој ден по 10 пати и се јавуваат мамо како ова како она, еднаш и се јави едната за ринглата како да ја уклучела пошто мајка и сабајле не и сварила кафе и нервозна ептен.. Дома да не знам рингла да си уклучам... Мама еднаш не ни дојде на раб зошто ќе одела ќерка и на лекар па со маж и ја носеле едвај ја разбудиле се карале.. Ја зеде едната еднаш со нас на ескурзија и се налути на мајка и зошто со салама и го направила сендвичот не со кулен ко што и рекла 100 пати. Жими се заплаче, солзи во очите за куленот. Дете. Од 30 години. Е сега муабетот ми беше имаше еден дечко ја свиѓаше еднава од ќерките и дозна мајкава ама дечково немал кола, со точак одел на раб и вика а не ќерките мои не ги давам за сиромаси, башка и не сакаат таму дечкото да им работи (фабрика пола град што е запослен во неа) срамота е, и башка грдичок е малце. Мори мајко златна што нудат тие твои грациели разгалени и распрдени што не знаат ни кафе да сварат? Со кој образ ти ми бираш машки за нив кога самите се неспособни и зависат од тебе за се? Некоја ќе се најде да го сака онаков како што е, ама гарантирам дека никогаш никој и никаде нема да ги земе тие двете мамини мази и среќна да бидеш ако некој се заинтересира, тоа сигурно ќе биде најмногу што ќе добијат од маж.
Нели се даваше подарок од срце, од душа, без да се очекува нешто за возврат? И онака не сакам никакви празници ама после ,,Не ми даде, не давам ни јас.", уште повеќе не ги сакам. Јас кога давам, давам затоа што сакам да дадам. Не очекувам ништо за возврат па ако сака и 18ти март нека е.
Срцка после државно тоа е најдобро. Инаку се слагам, ама амбициозен салатер уште не сум запознала.....
Еве дечко ми што има и салатер и на скара во фаст фуд работено. Да врти ќебапчиња, знаеш. Роднини мои што имаат тостови правено во сендвичара, едниот шеф на луксузен хотел, другиот со сопствен ресторан. Ова ти се тројца веќе. Други што почнале од ништо па се туркале од една позиција во друга. Татко ми што чистеше канали прв работен ден, во фирмата во која на крај стана шеф и напушти работа за подобра. Никој не се раѓа со убавата работа, тоа децата на политичарите само. Сѐ останато е борба.
Не сум знаел дека работа на државно е врвно достигнување за еден амбициозен човек. Дури и поголемо од тоа да биде програмер. Програмер на државно е ваљда светиот грал у земјава, ако идеме по оваа логика. Човек учи додека е жив - или активен на Фемина.
Епа види вака, велиш почнале....ама сигурно до кај 40ка до некаде стигнале, ме сфаќаш? Неамбициозни 40 и нешто годишни не признавам. Јас сум 33, не 15 пада не гледам така. И можам да рѓбам на секакви работи и да ќутам, може и тој. Нема пардон, ако не знае да работи ајт гитла
Светиот грал е очигледно. А сигурноста дека нема утре компанијата во која работиш да пропадни е само во државно. Се изнасмеа ама уште не сватив зошто хехе сериозно? На целото мое мислење ова е интересното? Хехе немам коментар
Затоа на државно молат за програмери, затоа што врв на амбициозност за програмер е да работиш за 30000.
Работам државно и не се осеќам ко да ми нема крај таму. Не мора да пропадне, може да те избркаат. Само тој што не работи државно не е свесен дека се лета од работа многу лесно ако не си син на некој у влада.
Купив чипс, две благи и пакетче колачи, вредеа 80 денари. Ѝ дадов 500 денари на бабата, последните... Гледам 50 метални у кусур, 40 книжни и уште четрсто денари ете толку ми вратила сирота, а јас ќе се вратам да платам
Мислам дека понекогаш премногу зборувам кога не треба . Бев со двајца колеги на кафе и уз муабет зборевме за еден друг колега за кој преку една моја колешка дознав дека имал женска а идел и со др колешка од факс истовремено. И ми се испушти пред двајцава колеги тоа, дека тој идел со две но не кажав дека знам од колешкава, кажав дека еднаш ги видов накај вц заедно. И едниов колега уствари да си имал некои рчки со тој и почна да вика еј како бе сериозно ова она мора да дознаам. Мислсм можеби не требаше да го кажам ова, и не сакам да ми се налути другаркава иако не спомнав дека знам од неа.
СДК 1-Навистина, од кога почнав да не им пишувам прва на одредени особи, ги нема да пишат. СДК 2 - Откако се преселив во СК, загубив пријатели од родниот град , нигде ги нема, ни да пишат, ни да се јават. Ама пак, за сметка на тоа, добив добри пријатели тука, кафе-муабет, се гледаме еднаш до два пати неделно, некогаш дури се случува и по месец дена да се видиме. Се знае, обврски- сите сме на работа, дома да се среди, да си направиш за јадење, да исчистиш ( тоа сме ние, немажените од 28-29 години). Кога ќе се вратам назад, да одморам во градот мој најубав, најмногу ја сакам слободата и близината на се околу мене, тишината, малиот сообраќај, ќе се напијам кафе, ќе се видам со некои луѓе, ќе се видам со фамилијата. Priceless. Од друга страна, не ми се враќа ни една секунда. Зошто? Ме нервираат озборувањата, ме нервира да слушам муабети од типот- " Ех, тебе лесно ти е во СК, па што, работиш, излегуваш". " Уште ли не најде дечко, ајде треба да се мажиш, што чекаш? Ќе правиш 30" Што да им кажам, да ете им воочам некои работи, јас се се занесувам за нив и глумам. Почнав и да ги игнорирам озборувањата и доста пати не реагирам на некои глупави муабети. Многу сум се променила,велат. Да,сум и допрва ќе се менувам. Не живеам во шаблони, не живеам во СК за комшијата, тука се облекувам како сакам, излегувам каде сакам и ако треба и сама излегувам и одам до парк. Тоа е тоа. Поздрав и убава вечер.
Од целото твое мислење, ова не е најинтересното, туку најконтрадикторното. Велиш, сакаш амбициозен човек, а потоа викаш дека нема подобро нешто од државна работа. Секоја чест на ретките исклучоци, ама за мене амбициозен државен службеник е невиден оксиморон. Точно е дека државната администрација не може да пропадне, ама за тоа колку им се сигурни работните места доволно зборува фактот што се редовен инвентар на секое предизборно роуд шоу низ земјава. Добар програмер у државава има 1000+ евра плата и можност да смени фирма у секое време, кога и да посака. Добар државен службеник... Па, да речеме дека примањата и можностите му се бајаги поограничени. Сега ваљда сфати зошто се изнасмеав. #хехе