^A која е дијагнозата за мене што следам неколку профили со мачки на Инстаграм? Плус често и ме заследуваат такви профили
Испаѓа пола форум е ненормален затоа што обожуваат животни и не им пречат Инста и ФБ профили на животни. Па,поарно е човек да следи смешен подвиг на мачка или куче отколку истата шминка на Спенџарска.
Ги читам последните три страници и ми се свиѓа приказната: Амбициозни државни службеници и програмери отвориле профили на своите миленици, а во меѓувреме третиот колега да ги пакува куферите, бидејќи првиот и вториот го разбраа од другата колешка дека одел со други две, прва и втора колешка
Не Еднаш ти дадат решение, немаш повеќе потреба да одиш по партиите. Јас велам когa би, ќе одам и понатаму. Кога ќе влезат на работа од партија ги снемува.... Сосе минусот на кредитна од десетина илјади може
8-ми март.. ме потсети на првиот пат кога го честитав тука на форумов, токму во оваа тема. Ја немаше онаа СДК (без цитирања), но и да ја имаше веројатно мислењето ќе го напишев тука бидејќи не ни претпоставував дека ќе бидам цитирана за истото. Го составував полека и со одбрани зборови затоа што сакав да биде посебна честитка кон сите мајки. Да, токму така. Денот 8-ми март во моите мисли беше опишан како Ден на мајките. Имаше толку многу збунувачки и контрадикторни нешта што се случуваа на овој ден секоја година, и сепак никогаш не прашав зошто сите девојки/жени си разменуваа подароци. Всушност и јас уште од малечка добивав цвет од татко ми, без исклучок, секоја година. И секогаш ќе се насмевнев, ќе го прегрнев и ќе се заблагодарев за гестот, а конфузноста ја оставав на страна. Никогаш не ми било наметнувано да се задлабочувам во значењето на религиозни празници, па оттука и за другите празници не сум покажувала интерес за откривање на нивното значење. Всушност како што растев сѐ поодбивно ми стануваше да почитувам некакви традиции како пост или задолжително одење во црква за празник, па таквата аверзија ја пренесов и за толкувањето на празниците. Па кога го напишав постот бев „нападната“ од повеќе членки на форумов. Толку ми беше изненадно и несфатливо зошто толку многу се налутија токму за мојот пост. Па бидејќи бев релативно нова на форумот, а и немав реални аргументи со кои би си го одбранила ставот дека е празник на мајките, се бранев со единствениот одговор кој донекаде беше релевантен, а тоа беше дека во темата не смееше да се цитира (иако имаше и исклучоци). Во случајов за моето мислење беше исклучок. Се претера со цитирања, па се избришаа коментари и дискусијата заврши. Читајќи мислења и во други теми од истите девојки од кои бев „нападната“ и сфаќајќи дека за повеќето се согласувам со нив, започнав ретроспективно да разгледувам од каде ми потекнува асоцијацијата за овој празник токму со мајките. Стигнав до трето одделние основно. Не знам зошто но токму тој 8ми март ми има останато во сеќавање. Изработувавме честитки за личностите на кои според тогашната учителка беше посветен денот, не знаејќи притоа дека ми е празник и мене и на сите други девојчиња од класот. Една реченица кажана од личност која треба да те насочи кон објективен поглед на светот, создаде конфузија и сосема искривена слика во детскиот ум. Си ги вратив размислувањата на blank space и започнав отпочеток да го истражувам поимот и главно секако феминизмот коj се поврзува со него. Револтот за погрешната претстава која ми беше создадена се зголемуваше правопропорционално со почитта кон членките кои ми упатија низа критики. За првпат бев целосно искрена со себе и си признав дека не сум во право. Не пред другите, туку пред себе. Не се срамам денес да го кажам ова бидејќи веќе не сум истата личност од пред две години. Имам уште многу да учам, но сега е полесно бидејќи знам дека е во ред да не си секогаш во право но дека секогаш ама апсолутно секогаш треба да бидам отворена за критика, да ја искажам и да ја примам. Среќен 8ми, 12ти, 23ти или било кој друг датум од годината. Секој ден заслужуваме љубов, почит, еднакви права и слободи да бидеме што и да посакаме, каде и да сме, кои и да сме. Бидете искрени со себе, сакајте се и почитувајте се, давајте критики но не навредувајте, примете критики и подобрувајте се, зборувајте гласно и не дозволувајте да се претопите и претворите во она што некој друг ви го зацртал. Бидете свои бидејќи имате апсолутно право на тоа До сите девојки кои ми упатиле критики: Ви благодарам. Без разлика дали биле конструктивни или не, убаво е човек да се запрашува и самоанализира одвреме-навреме. Феминизмот не е само поддржување, феминизмот е и критика за заедно да напредуваме и максимално да ја искористиме секоја сила која ја поседуваме. Имајте убава недела
Јас па мислам дека си ептен огорчен и негативен тип чим такви работи ти сметаат. Место енергијата да ја насочиш кон нешто корисно или бар да ти смета нешто што прави голема штета како пример фрлање ѓубре на улица, возење во пијана состојба, семејно насилство, злоупотреба на деца и еден куп работи што ти се случуваат пред очите и треба да мрчиш, ти се фаќаш за нешто што е небитно и може само корист да имаш од тоа, ама ок може сакаш внимание а за поопширна тема немаш капацитет за разглабање и ок нека ми фали мене нешто само ти фраер да бидеш Иначе ништо не ми фали, барем мислам. Вработена сум, имам ок врска, сами живееме што не прави ваљда способни млади луѓе, животот нормален ми беше ако те интересира детството, дури и досадно детство имав, стандард кај баба на поседок, семејни ручеци, сите на куп, основно, средно и факултет се по ред, со татко ми сме во супер односи ако нешто значи тоа за нормалноста моја, немам дијагнози некои препишани од стручни лица, што значи дека нормални сме тие што отвараме профили, за слободно време имам таман, цртам, читам и обожавам филмови, а за модерен дали си, не си ми ништо интересен па да земам да те анализирам, па на тоа не можам да ти одговорам
Ич не е глупо. Не е профилот на кучето, туку е за споделување слики од кучето. Оние што прават профили со храна за храната ги прават? На јадењето се тие профили или на тавата во која готвеле? Целосно ти е утната поентата на социјалната мрежа Инстаграм. Или работата е само да се мрчи за било што колку и да e неосновано? Они што имаат DIY профили на Инстаграм на иглите со кои шијат ги отвориле? Речиси никој и да нема профил на Инстаграм кај што споделува слики од себе. Пред да мрчиш следен пат научи која социјална мрежа за што служи. А таман мислев профил на миленичето да отворам наместо секој ден во пораки да им ги праќам на луѓе глупостите што ги прави. Паметен е, знаеш. Попаметен од некои луѓе на форумот
Има, мојот комшија Кога ќе му го отвориш профилот исто како да гледаш од оние книгите ФБИ што ги дава во филмовите со милион слики од криминалците, а жртвата врти до бескрај. И да, сликите се селфи, ама од шаблонот како слики за пасош Сите до една. До толку е озбилна работата, ние не знаеме И couldn't agree more, нашите миленици се попаметни од поголемиот дел луѓе што ги познаваме
Jас секој ден отворам Инстаграм специјално за Бру, а вие како сакате. Нејќам да го гледам семејството на Бру, сакам него да го гледам. Не знам која им е дијагнозата, ама супер што му направиле профил. Ова со социјалниве мрежи е стварно болест. Или си опседнат со постирање се' и сешто, или си опседнат со критикување на тоа што се постира. Сите сме за дијагноза.
Сакам да кажам дека јас имам Инстаграм профил за храна. Најголем процент од сликите ми се во ист сервис чинии, од таму, профилот е направен за чиниите, не за самата храна зошто таа се менува во guest appearances. Инаку профилот го напрајв за да не му досадвам на тие кои ме пратат на мојот оргинален профил за мене да ме гледаат, а не мојата храна. Ако бев подеднакво досадна со моите миленици, и нив ќе им напраев засебен профил, ама сеќавам дека не сум толку досадна со нив. Па дали некој ќе мисли дека е глупо, ме заболе.
Никакво зло нема во профилот на животните, баш убаво дете да седи да гледа слики од кучиња и мачиња отколку напумпани усти и гради и модни брендови па да склопи погрешна искривена слика за општеството и да расти со комплекси. Ова може и цела тема да се отвори, дали нешто им фали на луѓето што им отвараат профили на милениците?