Конечно се чувствувам подобро и со многу енергија во мене. Си станав со насмевка на лицето, убав ден денеска, ако е како што велат денот по утрото се познава ова ќе биде hell of a day, во позитивна смисла, секако. Си имам направено листа од неколку работи кои сакам да ги завршам денеска. Многу попродуктивен ми е денот кога си имам листа бидејќи знам точно што треба да правам. Прво на листата е одење до библиотеката додека е уште "поладничко". Заглавив малку со книгиве, заостанав, па сега ќе земам две-три да надокнадам Луѓето се во право кога ќе речат дека ситниците ти го разубавуваат денот. Колку и да се залетуваме по големи, скапи работи, сепак ситниците, знак внимание од најблиските ќе ти го променат расположението за 360 степени, ќе те направата да се почуствувам убаво, сакано. Жив пример за тоа е внука ми. Сабајлево станала порано, набрала цвеќиња од дворот на мајка ми, ги завиткала во букет, намачкала две лепчиња со маргарин, во чинија ставила слатко и чаша сок. Се тоа го ставила во послужавник и ете ти ги со брат ми во собата кај мене. Да сум оздравела побрзо и пак да сум била радосната тета и да сум ја шетала. А има само 4 години. Си ги сакам бе и тоа премногу! Бидете поздравени девојки
Интересно е тоа колку ситници ме прават среќна во животот. Оние малечки, но, битни гестови кои врескаат „еј ти, ми значиш“. Интересно е и тоа колку лесно можеш да ме натераш да те сакам а колку е тешко да ме налутиш. За жал, некои луѓе обожаваат да ја ставаат на тест мојата издржливост. Е па, еден ден ќе пукне и тогаш тешко мене. Да, да - тешко мене. Дури и во таква ситуација јас сум таа што пати. Абе чудак, ама галиба, некој емотивен чудак сум. Толку емоции не се на арно. Во последно време решиле да направат turn off, нит среќа нит тага. Ама ако, можеби е подобро вака, им треба и на нив заслужен одмор. Се надевам дека на наредното вклучување, ќе се разбуди само среќата. И да, сакам да кажам дека сите планови што ми беа за утре, решив да ги исполнам денес, бидејќи овај нали, утре ќе биде касно.
At first when I see you cry, yeah it makes me smile, yeah it makes my smile At worst I feel bad for a while, but then I just smile I go ahead and smile lalalalalalalalalalalalalalalala lalala
И така денес е последниот ден од основно .Ќе менувам средина.Бај бај Клименте,мило ми беше што се дружевме 8 години.. .Ех бе кога поминаа 8 год.Од на есен се отвара ново подглавје во животов кај нас полуматурантите.. П.С. Ајде и вие повозрасните нема повеќе да ве замараме со школово,со екстерното.Ќе одморите гла .
Заврши школската година... но сепак, никогаш нема да бидам задоволна, се додека не се случи таа магија... не знам ни дали ќе се случи веќе. А, се разбира дека веќе ја изгубив надежта во образованието... особено со екстерново.. вака можеме да научиме? Буквално ни ги пикаат носевите во книгите и не држат така до 10.06. Среќа, тој ден е денес, заслужен одмор... барем за неколку месеци... од септември пак со истат тактика изгледа. А, колку интелигентни деца има... што не можат да научат добро од ваквото образование... Македонија има разновидни неоткопани богатства. Се моли правиот човек кој ќе може да ги откопа, да го направи тоа побрзо...
Конечно среќна и задоволна, темните облаци кои ме опкружуваа, веќе се во минатото, а здравствената состојба од ден на ден се повеќе ми се подобрува. Екстерното помина супер, и нешто во мене ми кажува дека и двата предмети ќе ми бидат 5 Доста учење, време е за одмор! Летово нема да ми помине залудно, играње се кучето, шетање со другарките, смеење на палавостите на најмалиот член во смејството, нема да ги заборавам и книгите за читање
Најмногу што ценам кај човек на вакво спарно време е да ми мириса на шампон, макар и на оној обичнион од Коприва од Алкалоид Најозбилно.
Дојде и последниот ден од школото,колку и да не сакам не можам да не го спомнам,односно затоа,едвај не можам да дочекам лето можеби.Сакам ова лето да биде најубаво да си поминам најпрекрасно.Ова лето ќе биде посебно затоа што ќе има нови личности,можеби не во живо ама на фејзбук или тука.Тоа се некои членови на кои од срце им се заблагодарувам што воопшто ги запознав,не сакам никогаш да ги оставам,барем да има електронско другарување.Тоа се комшики,другарки,постари сестрички и има една гуска која исто така ми значи многу Ве сакам најмилички,уживајте
Многу ми е мило кога ќе видам мали дечиња кога ќе влезат во библиотеката, радосни, со широка насмевка земаат книга за читање. Ми се допаѓа тоа што веднаш по влегувањето, со слаткото гласче најпрвин ќе ја поздрават библиотекарката и учтиво ќе и побараат некоја помала книга. Се губат низ високите полици со книги, како да се наоѓаат во земјата на чудата, да, тоа и треба да биде нивната „земја на чудата“, а не нешто сосем поинакво.. Велат „Да, оваа книга ќе ја земам, а после и оваа, и оваа..“ и ќе излезат надвор гушкајки ја земената книгата. Многу се мили, да ти е мерак да ги гледаш и слушаш. Имајте убав сончев ден! (не сум жива ако не Ви посакам убав ден )
10-ти јуни е, претпоставувам темава ќе 'живне' од тестови, екстерни, натпревари по кошарка, фудбал, ликовно.. Ама, ќе се гуши за тоа колку само било жешкооо
Чуството на слобода и исполнетост мхмм... Чуството кога знаеш дека нема секој ден да стануваш во 7, нема да гледаш никој од здодевните наставници..... Летото може да почне
Досадно, досадно, досадноооооооооооооо. Ќе пукнам!!! А ме фати мрза, и ај сега како да станам јас и да фатам да си подсуредам нешто в соба, не ќе е лошо :geek: ...иначе ова моево папагалче збудалено е скроз еве го, неможам од глава да го тргнам збори ли збори да бе луѓе зборит, не сум ви кажала јас по цел ден кажува нешто, а згора на тоа почна и да пцуе И така кај мене ништо ново, онака си седам дома, си уживкам по цели денови ...ама сакам бе, сакам да ми се случи нешто интересно, оддамна нема дешавки...
Јас вечниот оптимист кој секогаш со позитивни мисли и со убави планови за иднина гледав напред и чекорев без да се плашам застанав и самата неможам да се препознаам. Неможам да кажам дека веќе сум оној голем оптимист кој веруваше во подобро утре ... Секој ден се повеќе се плашам да донесам одлука во врска со мојата иднина. Го сакам и посакувам целиот мој живот да го поминам со човекот кој што прави се за мојата среќа,но се плашам да кажам : Да ,одлучив сакам да сум со тебе Порано мислев дека тоа е само период и дека зборувањето околу таа тема ќе исчезне и ќе оставиме се да биде спонтано,но еве повторно се навраќа на темата за која што саакам најмалку да зборувам Се плашам од самата себе ,се плашам да не изгубам некого,се плашам да заминам и да го сменам засекогаш мојот дом со друго место на живеење.Како ли ќе бидам прифатена,како ли ќе се навикнам,ќе ме озборуваат ли,ќе се вработам ли некогаш,како ќе живееме ??? Имам илјадници прашања од кои само си стварам негативна енергија.... Ми вели : Сакам да сум секогаш со тебе,несакам веќе да сме толку далеку,сакам заедничка иднина,деца,дом,семејство... Оф боже додека бев мала мислев дека овие се најлесните моменти во животот ... Потребна ми е само сила и подршка друго ништо несакам Ако во меѓувреме се предомислам и кажам ДА или доживеам изненадување вие први ќе дознаете Имајте убав ден