Денес решив повеќе внимание да си посветам.Знаев дека ќе ми е лабаво во школо па си викам ајде цел дем нека е таков.Сабајле станав малку покасно бидејќи сакав да се наспијам.Тоа ми беше прва работа хахаја, после имав закажано полирање на забите бидејќи од и ми беа . После школо решив да си го средам лицето и телцето. Направив пилинг од маслиново масло, шеќер и лимонов сок. Во малите Nescafe чашки ставив 4 супени лажици шеќер, 1 супена лажица лимонов сок (можете и купечки од Кам) и ставив некои 5-6 лажици маслиново масло. На претходно исчистено лице од шминка, нанесов од смесата и правев пилинг некои 5 минути со кружни движења по целото лице. Се измив па на туферче нанесов од миц. вода на Гарниер што ја користам (зелената) и си го поминав лицето.На крај ставив од црната маска на Балеа. Додека ми стоеше маската на лицето од истата смеса направив пилинг на рацете, вратот, деколтето и дланките (ми остана доста па да искористам), ставив и на стапалата. Ептен сум задоволна од пилингот, сега цела сум мека како бебе и лицето ептен ми се исчисти а тоа и сакав бидејќи секој ден се шминкам па шубе ми е. После од кога исплакнав се, се средив од главa до петици да будем мазна секаде .На крај од кога се исушив ставив од Балеа Аква кремата за лице, а на телото од Балеа млекото за тело со мирис на кокос . Се исчупав конечно асално (сама тешко ми оди обавезно една веѓа ја утнувам) Сега ги средувам и ноктите, чистење, средување кутикули, турпијање. Не дека нешто wow сум направила ама ете да си се искажам а и воедно сакав да го пофалам пилингот бидејќи не очекував толку добро да резултира.
Голем дел од проблемите настануваат затоа што луѓето не комуницираааат доволно меѓу себе, не се слушаат и уште помалку се трудат да се разберат. Секој проблем може да се реши со разговор, а уште помалку би имало проблеми доколку луѓето се потрудат да се разберат. И да, зборувам за луѓе со високо развиена свест, кои знаат да сослушаат, да се извинат и да разберат.
Во земјава гледам дека народот нема општа култура..посакувам да се купуваше на кило некаде, па да посеев низ земјава.. Голем дел од тие што останаа во овие неколку педи земја се глупи, глупи па и преглупи.. што викаат старите - кантар не ги мери.. Јас и кажувам дека греши а таа ми вика дека сум била кучка прошетана да сум се носела у курац.. еве буквално вака со овие зборови Богами за тебе сум светски патник, бездушно створење без грам култура. Се прашувам, како би требало јас да и одговорам културно? Да ја опцујам? Да и кажам дека е глупа? Да и кажам дека изгледа како да од тие 4 ѕидови не излегла подалеку? Да и кажам да се едуцира и да се замеша меѓу луѓе малку? Или се од горенаведеното До кога со овој простотилук и до каде ќе одиме? Бедни ситни души напикани во тела на нешто што навидум личи на човек.. Не сестро..ти човек не си. За да си човек треба да си човечен, а не бездушна мивка. Такви не почитувам.. Многу ми е жал кога ќе видам луѓе утепани од Господ
Колку треба да си беден,мизерен и неисполнет за единствена сатисфакција да ти е оговарање и исмејување на другите?!
СДК Денес сретнав една потенцијално успешна госпожа. Чекаше пред вратата на професорката за потписи и не дозволуваше никој од пеесетте студенти да си влезе по индекс. Ќе успее во животот, ако не во 45та година, тогаш најверојатно околу 55та. До каде бе со ароганција и кавгање
СДК, секојдневно гледам многу испраќања, пречекувања, солзи , радост, тага околу мене и сум баш ладна, не ми делува емоционално ,но кога јас треба да се испраќам со некој со кого сум се приврзала - ми паѓа тешко на душа и ме обземаат емоции, мислиш за последен пат се гледаме , одма се растажувам , никако не можам да останам рамнодушна ко да ми е сеедно. СДК2, ете и тоа дочекав да ми зборува патникот на албански. Во ред , не знаеш германски, не знаеш англиски, можеше барем на македонски да се разбереме. Ама не, ароганција 100 % па другар му дури ми вели : "а ти не знаеш дека во Македонија втор јазик е албанскиот, земи учи албански " Аххх, мојата чудесна земја
Па што не му кажа не сме во мк збори германски. Се е до човекот.Ние еднаш во Хамбург кога бевме и сакавме да се возиме со туристичките автобус. Се двоумеме уште што да правиме, германски не зборевме добро и прашуваме колку е картата ок е, ајде одиме и вика на кој јазик сакате да ви збори водичот и ние се двоумевме ајде нека биде англиски.И човекот прашува од кај сте и ние кажуваме Мк.Се врти и вели за вас со попуст, јас сум од Тетово.Па си правевме муабет ни кажа кај да застанеме што да видиме.И после една година го видовме во авион од SXF до Ск и до нас седеше.Што убаво си се изнамуабетивме.А баш му кажавме чисто збориш мк ни вели па јас школо на македонски учев и македонскиот не ми е проблем.До културата е да не кажам до испраноста на мозокот е
Интересен феномен е на оние "борците" за правда кога гласно размислуваат за неправдите во светот или со сите сили посочуваат на сторени гревови спрема некое друго кутро човечко суштество за кое некој евил демон рекол дека е пример неспособно да се грижи самото за себе врз основа на факти. И сега борецов толку многу се потресува што некој е навреден, и ја започнува својата борба. О ти девил демону, мизерно мало човече, толку си беден, неисполнет, осамен, ретардиран, шизофренија имаш, болен си, ментален како можеш, што е тоа толку да те исполнува да вреѓаш некого? Срам да ти е, пу мизерно суштество! Плукајте по бедотијава! Мислам, озбилно нема смисла. Ама озбилно.
Ќе бидам брутално искрена до коска. Нема разбирање со албанците , не сакам често да пишувам на форумот за разни случки, нивно понашање, агресии, тепачки , ко диво племе. Многу пати за жал сме морале да ги викнеме полицијата за да ги тргнат на страна и да ги отфрлиме од летот за Скопје. На колешкиве германки најлесно им е да ми речат, дојди разбери се, од твоја држава се, речи им на твој јазик. Навистина ги изгубив живците, ма колку сакаш замоли ги на културен начин, само да се разбериме некако, многу се негативни и оставаат лоша слика за целокупниот македонски народ бидејќи 90 % од патниците се албанци со македонски пасоши. Толку многу пцуење, закани, навреди се имам изнаслушано, но не попуштам, такви се правилата, како ни е кажано важи за сите, не можам да им прогледам кроз прсти и така да ги пуштам "нашиве " Штом сака да се тепа, па и дига рака, нема да лета за Скопје, нека си купи друга карта и како знае нека си оди дома. Жал ми е, жена му и детето се качија, мажот нека си ги смири живците и нека размисли за следен пат. А и другар му со другата фамилија што патуваа заедно , нека си ја собере муцката со неговиот албански јазик и нека седне да научи германски, не е ова Албанија. Ај да се напијам кафе. Не сум добро денес. Нервозна сум.
И до крај на светот човек може да отиде, сите држави да ги прошета, од сите култури да види и научи и па, на крај да остане простак со поглед за светот колку дијаметарот на тутуруткана од тоалет папирот.
Несигурност е кога со сите си дрзок и злобен, и не само на интернет. Од секогаш сум се восхитувала на луѓе полни со самодоверба, полни со себе, а притоа не понижуваат други за да се издигнат. Јас сум од тие понижените.
Се прашувам колку ќе беше поубав светот ако еднаш засекогаш престанеа сите поделби, конфликти, клетви и слични простачки коментари поттикнати од неприфаќање на различностите. Постоеле, постојат и ќе постојат разлики, отсекогаш и засекогаш. До кога треба да умираат мажи, жени, мали деца, а живите да трпат секакви тортури поради тоа што се припадници на одредена религија, националност? 49 жртви, настанот пренесен во живо на социјални мрежи. Меѓу починатите и деца. Колку треба да си нечовечен, да си монструм за ладнокрвно во секунда да одземеш нечиј живот поради глупави сфаќања? Слободно нападнете ме, ама кога поединци не поседуваат толеранција и човечност, подобро и религииве воопшто да не постоеја.
Татко ми е тип што плаче на филмови и ќе си помислиш колку жаловит човек а на нас дома комплекси си лечи цел живот,како дете ми се дереше за глупости,ме нарекуваше животно,за ништо нема да те биде,ѓубре,паразит,па ако се одбраниш одма си безобразен или ако кажеш било што,мислам дека воопшто нема да ми недостига куќава кога ќе се мажам и нема ни да ме влече да идам на гости,нема што да ме влече всушност,се е погрешно во воспитувањето,вистинско чудо како израснав во колку толку нормална личност,знам ќе се кае и за тоа што ми го кажа вечерва ама да мислел навреме,не му е прв пат да кажам згрешил нема да се повтори,ама нема да ми биде жал,воопшто зашто знам низ што сум поминала за да си ги надминам комплексите што ми ги создадоа,знам дека можев подобро и дека ќе успеев во било што но ми требаше поддржка и самодоверба што ми ја рушеа цел живот и на 29 год продолжува да ми ја руши,срамота за еден родител,а кога им требаше пари ми се умилкуваше а јас од друга страна трпев свашта на работа за да ги заработам и пак им давав и им давам и им помагам,а немам којзнае колкава плата ама штедам за да не зависам од никој,со неговите комплекси живото ни го загорчи на сите дома не претвори во несигурни особи.Мајка ми би кажала не пие,не се коцка е извини мајко ама има и други лоши маани што ја рушат психата на цело семејство правејќи не неспособни и несигурни и зависни и уплашени. Иоткога паметам за себе сите дома гледаме да се прилагодиме нему како му одговара и според расположението негово,се му смета сите му сметаат,незнам уште колку ќе издржам,незнам.
Става слика на фб татко со мало синче, расцепено па шиено на челото, веројатно од пад, и дескрипција - татин син. Коментарите се чиста лика и гордост. Право машко од мали нозе, му личи машко е , така се челичи маж. И скролаш надолу...
Многу ми се интересни кога ќе ми речат : ' Мојот син зборува англиски со баш акцент, перфектно знае, дури и странски зборови употребува ". И сакаме да ни живее државата и јазикот? А, дали син и на дотичнава знае македонски? И одговорив : Искрено, тоа ми е глумење, и непочитување на нашиот јазик. Дијалектите и фразеологизмите се најголемите богатства на еден јазик . А, не тука во Скопјево,, се потценуваат, демек као скопскиот дијалект е правилен, хаха смешки.