Кога сфаќаш дека си во лошо друштво!? *кога дебатираш за глупости кои за година дена воопшто нема да се битни *кога си присилен да разговараш на теми кои немаат никаква поента и заклучок. *кога збориш за времето, еврото и дизелот колку е качен јер првите 2 сте ги прошле. Ако си паметна персона брзо најди си други за дружење. Залудно потрошеното време никој не го цени се дур не сфати колку тоа вреди.
Луѓе кои се против абортус и истото го нарекуваат убиство се претежно оние кои на дете жртва на семејно насилство ќе му речат - Кога ќе имаш свои деца ќе сфатиш дека твоите само добро ти мислат. И да те тепаат, добро ти мислат, ти дале живот, покрив над глава, што уште сакаш? Оти толку им е гајле.
Се извинувам на сите душебрижници, атеист сум. Вербата ништо не ми донесе добро, само едно зло по друго. Атеизмот ми донесе мир во душата, јас сум си крива за се, ако не успеам немам кому да му се обратам, туку ќе ги засукам ракавите. Ако сакам подобра работа, одам и ја барам. Ако сакам повеќе пари, одам и ги заработувам. Ако сакам некој во мојот живот да ме сака, одам и го барам. Не славам Велигден, жалам, тоа време помина. Сега го славам животот секој ден
Професор од факултет кажал нешто и еве, веста од портали ја споделуваат тие што препишуваа кај него на испит.
Кога се гледаш во огледалото и сакаш да го скршиш, не е огледалото тоа што треба да биде скршено, туку ти си тој кој треба да се промени.
Да прашам што толку на некои луѓе им пречат луѓе со слушалки во јавност или автобус? Па биле мрднати, психопати... И крај крајова ако сака некој да ме праша нешто во автобус, а имам слушалки може да ме тапне по рамо наместо да ме гледа како да видел марсовец.
Денес цел ден ми идат некои спомени, од никаде, така ќе ми се појават во глава и ќе почнам да си плачам, убави спомени, ама тешко ми е што се само спомени. Веројатно поради празников се сетив на комшивката која почина пред 4 години, ми беше како баба, не порасна мене и брат ми, со причувување, со хранење, со палење оган кога бевме сами...жената беше душа од човек, моето куче многу ја сакаше, имаа со мајка ми знак со тропање на плочки за да дојде или да отидеме ние на кафе, пиеа кафе секој ден без исклучок. Се сеќавам на денот кога почина, за жал баш на мајка ми на роденденот, спремав јас торта да и однесам и одам гледам на врата некролог, нози ми се прескоа, мајка ми не можеше да се соземе со денови, кучето мое со месеци потоа не даваше ниту снаа и ниту децата да седат на фотељата на која таа седеше кога доаѓаа. Сега исто им се радува и на нив, а мајка ми за возврат што толку не чуваше сега нејзините внуци ги гледа како наши внуци. Некогаш некој што не е крвно сродство толку ќе ти се најде во животот, повеќе од сопствената баба моја во случајов. Се сетив и на другите баба и дедо кои ги сакам неизмерно, не беше добра кога дојдов овде и не престанав да ја мислам, среќа се опорави, се надевам дека ќе живеат уште долго, стварно не сакам никогаш да умрат, ама знам дека тоа е невозможно и знам дека еден ден и за нив ќе ја слушнам таа вест, ама срце ми се пара од помислата. Секогаш кога мислам на нив ми текнува на еден момент од детството, јас и брат ми спиеме во кујничката на топло на пуштен стар двосед, можеби беше 7-8 часот ептен рано, есен, преку прозорецот ги гледам лисијата од лозницата пожолтени и капки дожд на нив, баба ми пече парчиња леб на шпоретот, ги мачка со маргарин и става домашна сол врз нив, со парче сирење и чај не буди да доручкуваме, дедо ми го разгорува оганот и ни раскажува нешто. Многу паметен и учен човек е, учител бил на времето, меѓу првите кои тогаш оделе на факултет. Секогаш сака да си филозофира, ама мене ми е ептен интересен. Не знам ете зошто тој момент ми останал врежан толку, се сеќавам многу и на други моменти од престојот кај нив, оти викенди и распусти ги минувавме таму. И ден денес кога одам на гости, а обавезно на две недели одев, морам да отидам во бавчата позади и да соберам јајца, да скинам некоја овошка и зеленчук, да го погалам кучето, секогаш ми се враќат еден куп спомени...сакам и моите деца да имаат еден ден такви спомени од баба и дедо, сакам да ги почитуваат и сакаат. Ми текна потоа на еден момент со другарка ми, која почина месецов пред 13 год, се замислив, како помина толку време, кога летнаа годините, а јас се сеќавам на многу детални моменти од неа, од нас. Се сеќавам на еден момент посебно, месец пред да почине, ден пред Валентин, тогаш имаше дечко таа и седиме на клупичката пред училница и ми се жали дека немала пари да му купи ништо на дечко и, јас ја тешам како не мора ништо да му купи дека не одат долго, станав после тоа да отидам во вц и најдов 100 ден и со трчење се вратив да и ги дадам да му купи нешто, колку беше среќна, се гушкавме и смеевме, не знам што се случи, не знам сеуште што ја натера да излезе од дома толку доцна во ноќта и да заврши како што заврши. Сеуште ме боли за неа, сеуште ме боли што не видов да порасне во прекрасна девојка, што се уништија толку животи после неа. Не знам зошто толку тажни мисли ми идат ама ете сакав да ги споделам со вас.
Тоа ми е една од најубавите работи во Германија. Од најмало до најголемо (се разбира дека има и поединци некултурни, ама повеќе е застапена културата) се културни. На почетокот сите ми помагаа за било што и се чувствував како инвалид. Мајка со бебе. Кај нас попрво ќе те опцуе и ќе си помисли што бараш со бебе и количка во автобус отколку да пријде за да ти помогне. Стар човек кога се качува во автобус или некој со количка како да се тепаат кој прв да помогне. Добар ден. Благодарам. Молам. Убав ден. Ги слушам брзброј пат на ден и си велам германскиов јазик од тие неколку збора се состои. Многу е убаво, еве мене лично ми е убаво да се чувствувам убаво. Не сум ни знаела какво убаво чувство предизвикува културата. Се чувствувам како човек. Очигледно не припаѓаш таму кај што си. Животот многу брзо поминува. Живеј го како што чувствуваш дека сакаш.
Знаев дека некаде сум пишувала пак за моментов, ете пред колку години, далечна 2013, уште ми тежи, се ги излистав мислењава во СДК и се осетив ко да читам мој стар дневник. Во некои мислења се осетив толку порасната, а сепак истата сум, некои желби ми се исполниле, а некои не. Ќе почнам да пишувам дневник, мислам дека тоа ќе ми помогне за состојбава во која моментално се наоѓам. Помина времето за редиктирање, извинете за постов еден по друг.
Баш ме интересира дали многу ликови кои се прикажуваат како образовани, едуцирани, начитани, нашетани мн виделе во животот ги тумачат законите, го подобруваат општеството, се борат за мн права, модерни луѓе. Дали ова цело знаење и искуство би му користело кога би се нашле во некое планинско село прилично далеку од градовите(цивилизацијата) и би морале да живеат таму, да фатет мотичето да засукаат ракавите за да преживее... Баш ме интересира
Бев на концерт на Владо Јаневски. Преубаво, супер атмосфера, луѓе на сите возрасти, одлично! Но, се почувствував како еднаш кога заглавив на аеродром во Атина. Ни се обраќаше со Скопје и скопјани. А половина бевме дојдени од други градови. Од другата пак половина, оние што живеат во Скопје, повторно половина не се родум од таму. На неколку песни кажа дека таа песна може да ја пее само во Скопје, дека таа песна најубаво се пее таму и слично. СДК и мојата улица мириса на липов чај, и можеби немаме Џубокс, но ист е паркот и фонтана и клупата од страна. Само дома си е дома најубаво ја пеев во Русија, а Мучо денаро на печалба, и иако единствениот град на светот кој има улици баш за мојте чекори не е Скопје, се' дури сум жива го сакам и Скопје и оваа мала земја. СДК ја сакам и почитувам неговата музика и неговите песни ги пеам во секој град, на секој друм.
Јас вака сликам, и сметам дека е грдо....дотичната госпоѓа вака црта и е пуна себе, сака да го продаде....не е до сликањето, до човекот е
Ќе го продаде само ако убеди некој да го купи за неа. Сепак убавината е во очите на оној кој гледа, уметноста е многу чудна и најчесто несфатена и сами сме свесни колку налик бесмислени дела достигаат вртоглави цени, ама денес кога уствари на интернет гледам колку талентирани уметници има, стварно талентирани, со стил, со смисла, со златна рака, сфаќам дека сепак на крај успеваат и оние кои стварно заслужиле.
Нема поубаво чувство од тоа да си бркаш работа и ниту да те судат ниту да судиш по изглед, јазик,пол,вера зошто во текот на денот и на крајот од денот сите сме едно исто -луѓе со свои животи,начин на размислување и однесување.
Сакам да ја изгубам меморијата. Да заборавам на се, на секоја личност што ја познавам и на секој момент што го имам доживеано на секоја секунда, секоја минута секој саат, секој ден, секоја недела, секој месец, секоја година. Сакам да заборавам се. И да започнам одново од 0.
СДК , хакуна матата п.с. Јебачу ви матер "наши" само ако ме изнервирате утре на работа , покажете малку почит , култура маме ви јебем @referentka , не ми го бриши постот, знаеш дека сум по пцуењето
Е многу ме нервира кога мајка ќе го нарече своето мало девојче "ќере" "ќера" Еве се шеткаме со ќера низ паркот Или Млада девојка/жена се обраќа на група жени со женички ( ова нај често го среќавам тука или на фб кога се поставува прашање)