Мислеше ќе помини време и ќе заборавам. Ќе ги заборавам страдањата, солзите и крвта која ги истрошуваље за тебе. Газејки по мене не ме скрши, ме направи бесчувствителни и јака. Зарем не го препознаваат чудовиштето што го створи. Ти ме направи. Не смееш да заборавиш, ме скрши и морав сама да се составувам. Се додека еден ден не се разбудив и ставив се во една вреќа и го заклучив. Некои делови од мене ги нема. Соништа, доверба во другите, надеж дека ќе биде подобро, се тоа и уште нешто ставив во таа вреќа. И сега од мене бараш прошка. Не ти е срам а? Бараш нешто од некој кој го уништи. Сега ќе гледаш што створи, во што ме претвори. Алчен и злобен човек, како тебе, а можеби и подобра.....
На некои животот му е наместено откако ќе се родат на easy mode, а некои на hard mode. Едните копнеат за подобро утре, а другите само солат памет како се е океј и да не гледаат толку песимистички на работите.
Пиење кафе во кафич веќе се смета за луксуз ради она типичното како се немало пари, па кафичине секој ден полни. Или луксуз треба да биде во една зимска сезона да си купиш и чизми и јакна. Ако овие работи треба да ни се луксуз, претпоставувам нормлен живот е со сув леб и сол дома, 3- 4 парчиња облека во плакар кој секој момент ќе ти падне над глава во мала куќа во која можеш да береш печурки. За сиромашен да не зборам. Зашто не заслужува човек да одвои време со другар да се напие кафе, дури и да јадат. Не смее да се опушти (демек) и да си дозволи повеќе од еден пар чевли во годината, не па да бидат некои поквалитетни, уште помалку да биде топло облечен. Човек е роден да се мачи, да страда, да се огледува на оние наводно вистински вредности кои го буткаат уште толку подлабоко, да живее како ќе му каже друг. Што ќе ни е ваков живот? Како беше она - птицата во кафез мисли дека слободата е болест.
Сдк секој одлучува дали ќе верува во господ или не. Дали ќе избере хомеопат или лекар. Дали ќе следи некое движење или не. Ама да веруваш дека ако си си го исекол половиот орган можеш да промениш цело феминистичко движење е малку повеќе забеганко..
Да бидеш актерка и да клекнуваш со споени нозе во 8ми месец во бременоста едноставно нема смисла. Па кога веќе глумиш, изглуми како што треба.
Честитки до Илина Соколовска за освоено трето место во полуфинале на првенство во Германија во ритмичка гимнастика.
"No uterus, no opinion" би требало да се користи за секој закон што влијае на промена на правата на жената, не само за абортусот.
Читам статуси на социјалните мрежи, Скопје било загадено од провинцијалците. Скопјаниве што коментираат вака факинг дно дна..а баш жалосно од академски граѓанин да прочиташ ваков булшит. Отворете вести, интернет, загадување на светско ниво, глобално затоплување.. Спојлер Свашта п***а родила.
Само нека потрае времето вака, доцна лето во рана пролет, не можеше да биде поубаво за кратко бегање од секојдневието таму некаде
Кога некој е во неволја, настапува човечноста, да му се помогне. И никој тогаш не гледа кој е кој, кој е што. А во секоја друга прилика, поделби колку што се може повеќе. Црни, бели, геј, стрејт, верници, атеисти, сиромашни, богати, морални, неморални итн итн. Има моменти во животот кои се ретки, а вредат повеќе и од неколку години собрани заедно.
Убаво порано си правев кога бев нервозна...море ќе врескав, плачев, тропав, ќе трескав врати, ќе шуткам папучи....а сега......научив демек да го контролирам бесот, да бидам мирна, сталожена.....демек не ме вади ништо од такт... епа затоа наздравје нека ми е..200 грама чоколадо, дојадов теглата со еурокрем, банана, чипс, грицкав семки...сега на што ќе се префрлам незнам....абе ќе умрам и ќе треба во контејнер да ме закопаат..офффф леле
А, јас.... Никако да научам дека не се сите како мене и не би реагирале исто ко мене. Никако да научам дека не треба да очекувам повеќе од другите отколку од себе. Никако да научам дека сите не се добри луѓе.
Зошто не ни фрлат една нуклеарка? Наши политичари трошат по 1000 евра за кафани и сметки на телефони додека италијанска полиција открива македонски робови држени во заложништво. https://press24.mk/na-sadula-duraku...6Z0JUa0PePt7gjUZKwirodS2EDw6M4SDESRNS4RfeAvO8 https://skopjeinfo.mk/makedonska-mafija-vo-italija-makedonci-drzhele-sonarodnici-kako-robovi Притисок ми се дигна од топло чоколадо. Замисли.
Здраво, Феминки, ве читнувам колку што ми дозволува времето... не ми е најсјаен периодов, затоа што се борам од петни жили за близок поради три страшни букви. Аххх, кога ќе се сетам на сите убави, посебни моменти, заборавени низ времето, или пак (за среќа) овековечени во фотографија, слики од одмори, со шеширчиња, со летни маички, си пиеме кафе заедно. Или пак како кога бев бебче со куклата во раце, а она ме држи во прегратка. Знаев и се уште знам, на сред сон да се пробудам од кошмари и да ме фати ужас невиден, страв, болка. Се надевам дека сте добри, поздрав од срце.