1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Веруј ми дека е најглупата, најпреценетата, најанксиозната и најмрзливата генерација.
    Иакк припаѓам на истата, знам што зборам.
    Најнеработниците се у неа.
     
    На Harper, ForeverYoung, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Тато... Имам далечен спомен, меѓу првите очигледно, не знам ни како е можно да памтам... Јас сум многу многу мала, а ти така силен ме држиш во раце и со леснотија ме шеташ од соба во соба. Ништо не можеше да ме исплаши покрај тебе.
    Се сеќавам и кога си заспивав до тебе и ти ја гушкав силно раката, јас толку мала наоѓав закрила и ми беше сигурно место.
    Тато, се сеќавам и кога ме учеше да возам точак. Се плашев без помошните, а ти ме бодреше. Се сеќавам и кога ме учеше да пливам, не изгуби трпение ниту еден миг.
    Се сеќавам како секогаш ми викаше да не седам со мокрите купаќи, па дури и кога почнав сама да одам на одмор со другарките.
    Се боревме, игравме фудбал заедно, беревме цреши, нестрпливо те прашував кога ќе созреат овошките секоја година. Одевме до старото лозје, каде и немаше веќе речиси ништо ама ти сепак си го сакаш и приврзано ти е за срце.
    Беше строг кога требаше да бидеш во моите луди години. Ама се грижеше за да излезам на вистинскиот пат. Кога не бев расположена секогаш ме прашуваше што ми е и кој ме нервира. И кога плачев ја даваше најдобрата утеха, ќе ме гушнеше и ќе ми збореше смирено.
    Јас пораснав, а ти ме научи многу.
    Срцето го даваше за мене... Кога бев болна бдееше над мене секогаш, сите утра проверуваше дали сум покриена. Секогаш повторуваше да се облечам убаво за да не настинам.
    Знам дека сум ти посебна, знам затоа што ти ми го кажа тоа низ солзи. И никогаш нема да го заборавам тоа.

    Се сеќавам и дека ми береше јоргован од дворот, ми носеше од лалињата и зумбулите.
    Оваа година јас ќе наберам... Сама, за тебе. За да ти биде убав вечниот дом. За да ти мириса како дома. Ти си тука, во срцево мое. Заборавен нема да бидеш никогаш. Не знам како ќе го пребродам јас се ова, не знам како ќе се помирам дека веќе нема да ми се насмевнеш, дека нема да ги видам најубавите небесни очи. Не знам како ќе издржам да не бидеш тука за да ме гушнеш кога ќе дипломирам, кога ќе се вработам, кога би требало да ме испратиш на мојата свадба, кога ќе станеш дедо и ќе имаш внучиња. Не знам тато, ама ќе бидеш горд.
    Срцево ми го преполови тато, ама во него си, тука си и ќе бидеш присутен на сé.
    Се измори многу, те измори болеста, сите не измори... Душата ме болеше кога те гледав таков. Ама ќе се одмориш сега срце мое јуначко, заслужено.
    Биди ми спокоен тато... Те сакам и гушкам. Ме гушкаш и ти, голем си колку небото сега. Небесните ширини нека ти пружат спокој и мирно почивалиште. Осознај ги сите убавини на другиот свет и чекај ме. Чекај ме да ми ги покажеш кога повторно ќе се сретнеме. До тогаш... Ќе чекориш на земјава сè додека јас дишам...
     
    На Purplelilac, smooch, gjoker4e и 25 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    @Panthera , нека почива во мир. :hug::hug:
     
    На Animali, cresa-jagoda, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.369
    Може да почнеме со лижење.

    Започна сезоната на сладолед.


    [​IMG]
     
    На marlonbrando69, M&M, gjoker4e и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Полека се привикнуваме на славата на Земјата на медот, Медената земја или како што сакаме поубаво да ни звучи - Honey land.
    Секакви "уметнички" воздишки, упатени со посебни пиетети процурија низ воздухот, но нималку не ме воодушевуваат наметнатите пувања на усиленото прикажување на тн уметници.
    Со созревањето ми згаснува младешката возбуда на се она кое што би можело да претставува уметничко фолирање, та дури и за луѓето кои сум ги сметала за уметнички воздигнати. Некаде помеѓу три-четири трескање од земја ми се откачи и делот во себе за придавање на туѓа важност, особено за нивното мислење кое е само мислење, а не искуство, зошто е само продавање на магла.

    Нејсе, муабетот друг ми беше.
    Замира еуфоријата т.е. сега е на пикот на своето дејство, но повеќе не оди во нагорна линија, туку држи рамна линија по својот врв, во континуитет и сосема заслужено. Но ми скипува од секакви мислења кои сметаат дека треба да се важни.
    Читам, и се чудам. Се чудам па пак читам. Мислења од луѓе кои купуваат органик, перат со скап детергент (небулоза), ставаат сончева заштита, а фрлаат сенки на се што не им годи на нивнто его, возат точак, но пушат.
    Гледам споделени фотографии и тука некаде е кликот на моментот - каде престанавме да сме луѓе за да вакви приказни не ни се блиски?!
    Дали ако Атиџе беше анонимус кој го запознавате додека шетате по некоје запустено село и ја видите убавата душа во огрубеното руво, верувам дека нема да ве засегне да седнете и да прашате како го плете својот животец и како го облагороднува?!
    Ги надувавте своите дебели и снобовски ега заедно со задници наспроти нејзината кревка фигура и рековте дека - СТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД НЕЈЗИНАТА АВТЕНТИЧНОСТ, А ФИЛМОТ ВИ Е ВООДУШЕВУВАЧКИ, ИНСПРИРАЧКИ И ОСВЕСТУВАЧКИ.
    Драго мое уметничко друштво, вашите обемни и безвредни мислења можете да си ги напикате во вашите дебели задници, со сета искреност и секое добро на светот ви го кажувам ова.
    Ме интересира кој дел ве воодушеви од Атиџе? Тоа што е изолирана од социјални медиуми, а вие не издржавте да го почешате вашето его споделувајќи го вашето небитно мислење на истите?
    Или ве освести дека пчелите веќе децениски се во изумирање? Или дека надвор од вашите светлечки екрани постои свет заради кој постои овој свет?

    Ве воодушевува човековата напатеност, ве фасцинира, ви ги осветлува очите, но веројатно многу ви е удобно да живеете во лудницата на асфалтот и веројатно не давате шанси луѓето да ви ја раскажат приказната на својот живот. Зошто удобноста на живеење на животот преку екранот е едноставна, брза и лесна како и фаст фудот.

    Оние кои одблизу се запознале со пчелите (да се повикам на друшката
    @Abeja ), веројатно ја знаат бесценетоста на искуството и вибрацијата на полна кошница која вибрира еднакво како и целиот Универзум, кроткоста нивна зошто ти го познаваат мирисот, па буквално можеш и да ги погалиш додека мирно и вредно работат. И посебната жал која ја чувствуваш кога е време да го извадиш медот, но нели како што вели Атиџе - пола за мене, пола за тебе е универзалната екологија во која живееме, но само чесен пчелар совршено добро ја знае. Е лекцијата која ја учиш навистина со нив, а не низ нешто прикажано само низ платно, кое ќе ви предизвика моментален восхит кој ви телее колку живот на една светулка, но за да биде толку џиновски или мора да е хиперболизиран и лицемерен или мора да сте слаби со животни искуства. И тагата за една умрена пчелка ќе те научи дека тагата за секое суштество на светот е повредна од еден изрезбан дијамант. Наследството наречено искуство, од трмките направени од кал до тревата маточина, истакени низ приказните низ белите пегави усни на баба ми е нешто кое што денес го живееме малкумина во секојдневието.
    Да го одржите тоа "семејство" во време на загадување ве учи како да го одржите своето семејство во време на "загадување" од уништени човечки вредности.


    Би сакала навистина да сте научиле нешто, а не само да изнудувате со сила своја реакција каква што вашето уметничко друштво би посакала. Би сакала да излезете само од фантазијата на својата глава и она кое што го носите во себе мислејќи дека е светиот грал на добрината, а сте позатворени од "скржав орев".
    Прекоров не е за да навредам, туку за да ве нурнам во себе дека животните искуства и судбини на вистински луѓе не се егзибиционизам, ниту пак е зоолошка за да набљудувате како ќе се однесува човек ставен во одеднаш неприродни услови. Вам ви е фасцинирачки како на Атиџе и недостигаат луѓе, а не ви е фасцинирачки колку вие сте се отуѓиле?
    Кога ја гледам неа, кревка и слаба, околу вас убаво отонтани, ми личи на кутра пчелка нападната од оси и стршлени и по некоја шумска убаво најадена, но стрвна мечка.

    Во последниве 3 години ја имав среќата да прошетам низ многу села во изумирање и многу манастири. Од дедо Мичо со козите под Скопска Црна Гора, до Беровските села кај тетка Зага со боровиот сируп, до Строиманце кај покоен дедо Трајчо кој беше последниот мохиканец кој исто така чуваше диви пчели кај карпите кај Шопката и кај оние карпи тн невести по вода, до дедото чие име не го знам ама живее во близина на Големо Мраморани мислам беше кој останал сам, а жена му сакала да се самоубие во калосан вир зошто "jа фатила склерозата", а ја фатила од тага по децата во странство, а сега... кутриот сам се переше со пепел, а живееше од малата градина.
    Не знаете какви судбини има. Има и во градските ѕидини, има цели градини од искуства за кои вие само сакате културно да се испувате за нешто кое што ви е АВТЕНТИЧНО и далечно. Потрудете се да излезете од саможивоста, сослушајте искуства, а помалку празнотии. Ви делуваат обично, безлично, можда и ви личат на вас, па од немање на лична самопочит, немате ни желба ни слух да ги чуете нив, како што не се слушате ни себе. А сигурна сум дека и вие имате што да кажете, а дирливо, а не само фантазија на она што би сакале да биде.

    Најголемото такво искуство "од асфалтот" ми се случи пред некоја година. Чекајќи автобус, прв ден од октомври што се осети дека доаѓа зима. Седам и чекам, а до мене една жена на тие металните клупи што задникот ти го прават мраз, ама мрза, па седам. Женава, ништо не оддава од надвор дека има таква судбина. Почнува разговор со мене. Неврзано не знам како стигнавме до моментот да ми рече, имам и јас ќерка, колку тебе. Молк, па вели - не е добра, во депресија е. Викам како се случи тоа? Мислев дечкото и раскинал или демек депресија, модерно е денес да сме во депресија. Ми вика брат и почина - прво зборуваше за момчето како да не и е син,одличен начин да се заштити од тешката емоција, да се отуѓи е најлесно. Мислев се разболел. Прашав, од што почина? Вика... ни го донесоа во лимен сандук од Америка. Не дознавме, ни рекоа се самоубил. А пред да се случи тоа зборуваше со сестра му и требаше за некој ден да тргне за Македонија. Остатокот од чекањето го поминавме во молк, ама лекцијата научена. Љубопитството ја убила мачката, ако не сакаш да знаеш, не прашувај, гушкај ги блиските секој ден, по сто пати, не знаеш кога ќе ги нема, како си поистовети го со она - не го споменувај името господово напразно - односно постави го како прашање само ако вистински го мислиш зошто може да добиеш одговор кој некому живот ќе му спаси итн итн...

    Автентичноста не е оттуѓеност, автентичноста е отвореноста да разберете, да прашате, да почувствувате што другиот живее... Да создадете искуства, да поминете време таму каде што сме свои. Атиџе станала тоа откако го совладала стравот од пчелите, но факт е тоа што вас ви е вау, во реалноста е претажно, заслужува насмевка со сочувство, а не со сожалување, заслужува почит, зошто припаднала таму каде што е баш во ова време, баш тоа што е - едноставно убав човек.

    Ни фалат искуства за да се разбереме едни со други...
    Дали некој ја осетил убавината на работа на поле?
    Од младите па ретко кој.
    На чешањето после збирање на пченки откако "сонцето ќе ги испече" (ве чеша ама баш се што можеле листовите на пченката ви допрат и да ве исечат како лист хартија), до чукањето на сончогледи распослани низ селски двор,а лицето испотено и налепено прашина или мирисот на листот од патлиџан ( да ви се намочам во литературниот ДОМАТ) кога ќе поминеш низ редовите? А носењето на камења за најлон за лубеници и тикви, или местењето на основа за фолии каде што од зрнце треба да израснете живот? Или убавината да си скинете лубеница директно од поле и да ја изедете само што скината? А да најдете гнездо мали штотуку родени зајчиња? Или да се видите очи во очи со кума лиска која тргнала на пат по пакост и да сфатите дека е безопасна и мила? Или да гледате со свои очи како се испилуваат пиленца? Да скокате во плевна со сено и да згазите на цело гнездо јајца? Да се пикате по селски амбар за да фатите кокошка? А да видите како се раѓа теленце (и теленцето секогаш се викаше Ѕвездан зошто имаше Ѕвезда на челото, но тоа беше некаков знак, а не зошто генетика - и мајка му имаше ѕвезда, но се викаше Ленка)? Или да лежите во запуштено село на ливада, да ја гледате кумовата слама, а од кај шумата во долот слушате виење на волци и страв во коски ви оди, но храбри сте? Или да газите грозје со гнасните ноџеца? Или да ги бркате коњите во долчето зошто сте родени за глупости правење, па сте ги пуштиле и откако ќе ги фатите, со сиот памет да се тркате со нив? Да, да... тоа сме го правеле... на лето... неоседлани, гзот парче, бутовите воспалени, после цела недела одиш како каубоец, детски памет и вредно дество и нешто што велат Господ не чувал.
    А да се молите за дожд како да сте од племенска заедница зошто "годината" ќе ви пропадне?
    Да одите боси со маникираните стапалца по бразди по кои тече мраз ладна вода за наводнување, па по некое време ни да ги осеќате?


    Филмот е предобар и е за поздрав, целокупната идеја до реализација. Оправдано зборуван, награден и почестен со се маестралната екипа.
    Впрочем е создаден за секого без искуства, да ја покаже страната која не ја знае, но без реакција надвор од човечката возможност, и да создаде предизвик да искусите нешто такво, да ве олуѓи (не дека не сте луѓе, туку да не врати назад од таму од каде што сме дојдени). Топло препорачувам да му влезете со отворено срце.
    И многу би сакала на саемот на мед да се најдат како гости цела екипа со се Атиџе, па да се спои модерниот пчелар со Атиџе. Ене го кај е, викендов.

     
    Последна измена: 21 март 2019
    На gjoker4e, Abeja, *Ench@nted* и 6 други им се допаѓа ова.
  6. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    10.413
    Пол:
    Женски
    "Цена очи да ми истера, пак за цена ќе прашувам"
    - Македонец на интернет.
     
    На Purplelilac, *Снегулка*, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не знам каде гледате вие цени, по сите сајтови и фб страни, ретко што се рекламира со цена. Мислиш државна тајна, и она „цена инбокс" веќе не е ни смешно ама уште го има. Толку е тешко до секој производ и цена да се стави?
     
    На M&M, mal.ecka, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Цената зависи кој прашува. Ако им заличиш на поимотна, повисока цена ти даваат. За тебе од странција - три милијарди :D
     
    На M&M и Bridget им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    10.413
    Пол:
    Женски
    Точно. Може и од таму навиката да се прашува и таму каде што е напишана. Да се праша за секој случај. :D
    Инаку, примерот што последно ми падна во очи. Сум забележала повеќе пати, не ми текнува кои страници биле.
    cena1.JPG
     
    На Herrera, M&M, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Понекогаш треба да замижиме на момент, за да некои работи ги видиме подобро.
     
    На Billy Idol, Oxymoron и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    СДК секоја година ми се случува да се збркам колку години имам, па земам и бројам на прстите(facepalm)
     
    На Herrera, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.889
    Допаѓања:
    223.723
    Пол:
    Женски
    Пристрасноста не е особина. Пристрасноста е болест.
    Посебно овде на форумов.. Троа смешно ама тоа е.
     
    На cresa-jagoda, Alisa22 и DAngel им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Колкава затуцотина од човек и ментален склоп треба да си, за да судиш за некој, каква особа би бил како родител и како би се опходел према деца, чисто врз основа на тоа каков полов орган преферира во кревет.
    Бљак.
     
    На smooch, Peperutce1115, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Дали само мене ми е пролив песнава Shallow? Гледам и 85 годишни старки ја шеруваат.
     
    На Harper и RoseRain им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Го знаете видеово кај што луѓето потпишуваат петиција за да се забрани H2O?
    И ќе се насмееме на видеото, ќе помислиме "видете колку се глупи, наивни".
    Е, не е тоа само обично видео. Тоа е социјален експеримент кој покажуба колку сме во секој момент спремни да се бориме за/против нешто или некого, без дури да знаеме за што се бориме, која идеологија и чија мисија ја поддржуваме со таа наша борба.
    Наивни сме, проклето наивни. Угнетени, убиени, желни за борба што скокаме во сѐ што е гласно, сѐ што се чини бунтовно, сѐ што е ново. И после, чорба...
    Се зачитав многу деновиве. Премногу. Видов работи на кои сум била слепа, дознав работи кои би ми било поубаво на душа да не ги знаев, да си бев онаа наивната, глупата. Не ми е мирна душата, а се чувстувам немоќно. Ех, кога би имала сила сама да го променам светот.
    [​IMG]
     
    На M&M, Purplelilac, Animali и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    Сдк 1: Дали си со вистинските луѓе покажува тоа колку тие го извлекуваат доброто од тебе и прават од тебе подобра личност.

    Сдк 2: Она кога сѐ што некој сака од тебе, е твоето присуство. Тоа е тоа.
     
    На hermosa, Purplelilac, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Паднала на „шармот“ на некој од форум дојден женски да брќа, фрајер да буде. Ај него ќе го сфатам, нула шанси на јаве па ако не може во езеро риби во рибник ќе фаќа ама, тебе бе кукле, како да те сфатам? ^_^
     
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Oops, i've just heard something i was not supposed to. :$

    И таман да се навикнам на новата бројка, пак дошло време за промена. :lol:
     
    Последна измена од модератор: 22 март 2019
    На Animali и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Драган, ти си?
     
    На M&M, Purplelilac, x.Daisy.x и 7 други им се допаѓа ова.
  20. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Си ме помешала :) мислиш ли дека некој на форум би признал кој е?