Како викаат... "Здравиот има 1000 желби, а болниот само една, да оздрави." Така и јас... Решавајќи еден здравствен проблем, запаѓајќи во друг, чувствувам како физички и ментално сум истрошен до максимум. Најлошото е што мојата ситуација влијае негативно и на моите најблиски, па и они си го земаат данокот. Но, како викаат, позитивна мисла, чуда прави. А, како до неа кога само црнило гледам околу мене? На момент сум најголемиот оптимист и од петни жили се трудам да останам таков, а веќе во следниот сиот товар е преголем за моите плеќи. Подршка, несомнено е дека ја имам. На маката највеќе се гледа кому колку му значиш и е спремен за тебе. Мора да се издржи. Како што умее да каже татко ми: "На мука се познаваат јунаци". Идат подобри денови.
Ахам. Значи освен тоа што ќе ти ги пружи најдобрите 20 минути во животот плус нема да се пофали на никој. Златен тој на баба.
Мислам сфаќам дека се бориме против сексизам и овде и надвор од форумот и точно дека има такви членови, ама не мора на секое машко да му се нафрлате за секој збор што ќе го каже. Постојат и машки кои патем не се сексисти и жени кои се сексисти.
Да се потсетиме на клипот и искуството кое го имаа овие деца. Јас во принцип мразам деца и не сакам да имам, но кога и да се навратам на клипот и кога и да го слушнам извикот на детето "МАМА" попуштам , во срце ме погодува иако не е мое дете. Вие што имате деца, чувајте ги и не ги пуштајте во длабокото кај големите риби - ова во пресред на летото кое следува и одморите. Времето е затоплено и створено за возење точак. Здрави живи од следната недела ќе се активирам малку.
Недела-ден за филозофирање. Не ги сфаќам оние кои не прифаќаат нешто контра од нивното, особено луѓе што прашуваат за туѓо мислење, а потоа истото не им чини и уште крив си што си им кажал што мислиш. Не ги сфаќам ни оние кои работат работа која не им чини, а ни со прст не мрднуваат да најдат подобра. Ни пак оние кои се дружст со луѓе кои не им чинат. И сите овие мрчат за тоа. А решението е просто: не барај туѓи мислења, дај отказ на работа, не дружи се со тие луѓе. И чао аморе. Ама не замарај ја околината. Денес секој си има свои проблеми. Никој не е должен никого да трпи и да слуша кукање за работи кои се менливи. Правете работи кои ве исполнуваат, а не работи за кои ќе се жалите и нонстоп некој друг ќе ви биде крив. И не бидете тривијални. Ако воопшто можете да не бидете.
Што се прави со онаа љубов што постои заради некого, но таа личност си заминува од светов. Чувствувам како да имам вишок за сакање, за давање, а ги немам нив да им ја дадам. Се прашувам дали за ова ми зборуваше докторот... Сфаќам многу работи. Дека ја разделуваш на рандом луѓе во животот. Ја подаруваш. Никогаш не умира. Ќе се потсетиш и повторно тоа чувство на љубов што нема каде да се налее, се полни одново и одново. Како да нема крај. И понекогаш ти доаѓа да си пукнеш, зашто ги немаш нив, а толку многу ги сакаш.
Сакам да кажам дека прочитав тема: "миленици во бременост" и се превозбудив дека сите со бремени животни ќе споделваме искуства и отворив и видов дека не е то.
Хахахаха истото ми се случи и сакав да читам искуства онака насабајле амаа... Како и да е и таа тема е убава, еден ден се надевам и јас ќе бидам трудница со милениче