100 den 110 den max na dnevnica teska fizicka rabota, ako se dog 30 dena da odis mozi 1000 2000 fazla da ti dade. Hrana sam si nosis. A inaku koga sme za stranstvo imam drugar sto raboti slicno kako mene jas so rabotev za da imam pari da izlezam i da plakjam za na fakultet vo mkd, ama toj tamy plajca kirija kaj sto sedi i moze da si priusti da si kupi lap top nov mob i sobiral sega pari za kola. Inaku raboti vo germanija.
До кога светлиот тен ќе се смета за ,„грд“, а девојките ќе бидат „мртовци“, „страшни“ и ,,непривлечни“? До кога висината ќе биде пресудна за облекување високи потпетици само за да не изгледа „како бандера“ и едноставно „повисока од дечкото, оти не личи“? До кога оние што имаат ретки, светли веѓи ќе бидат исмевани оти ги пополнуваат со шминка, а оние што имаат густи изгледаат „страшно“, „како мажи“? Ако има поизразени облини- „глеј жити сè колкава е, Кардашијан не ѝ е рамна“. Ако е слаба- „види ја, ни газ ни цицки има, даска.“ „Не носи женствени бои, на девојка не личи.“ „Од фармерки не излезе, еднаш во фустан не ја видовме.“ „Се облекува како запуштена домаќинка, ни деколте ни краток фустан ни шминка.“ Ама, ако носи темно е секташ, наркоман. Ако носи кратко здолниште, курва е. Со извинение за вулгарностиве, ама во реален живот и бетер од ова имам слушнато. Има поединци што за да се вклопат, ќе умрат, ама ќе се стегнат во тој тесен фустан до степен на неспособност нормално да дишат. Оти тоа е во мода, оти на тоа машките паѓаат, а од женските отстрана ќе добијат супер коментари. Тоа се бара сега, сите така сакаат. Ќе облечат потпетици од 20цм на кои едвај оди, додека стигнат до клубот минимум 10 пати ќе свиткаат глужд, ама важно сега нема да им се смеат „другарките“ оти се „џуџиња“. Кој вели дека ако не е онака како што сите мислат дека треба, не е убаво? Кој всушност вели дека мора некој да изгледа така и така за да се вклопи? Кому треба да му се докажеме дека по некои си стандарди сме убави? Има ли некаква скала за ова? Ќе бидат забележани од другите вака. Само, за жал, не вистинските тие, туку онаа маска што упорно се трудат да ја покажат пред светот само за да бидат „убави“. А всушност, си ја закопуваат нивната уникатна природа трудејќи се само да бидат копија од некој друг. Па баталете и стандарди и трендови мајку му, ако ве тераат до тој екстрем да се измачувате себеси психички. Пазете што коментирате за други и како тоа може да влијае на некого. На многумина само еден збор им фали за да се скршат и тој комплекс да поттикне да се изгубат себеси во процесот на докажување пред другите. А за ова, богами не се добива ама баш ништо.
Надвор е прекрасно. Баталете се друго и дружете се на отворено. Оваа ноќ, нема да се повтори. Ќе има слични на неа, но истата, не.
Сакам да кажам, за сите оние кои не знаат колку предигра е доволно предигра: Можеби треба да се извинам зошто после ова треба очите да си прскате со крстена вода.
Страшно ме иритира снобизмот кај повеќето луѓе особено кога влегуваш во градски автобус и гледаш една девојка запоседнала две седишта при полн автобус и нема абер да се помести на другото седиште, па дури и се мршти ако ја прашаш дали е слободно да седнеш. Па плати дупла карта ако толку си голема госпоЖа и не сакаш твојата кралска крв да има допир со обични смртници. Сите плаќаме иста карта и на секого со картата му следува седиште. Нема јас, вие или било кој да прашува дали нечие седиште е слободно. Тоа се подразбира.
Има нормални луѓе кои едвај чекаат да бидат сами дома, да си се опуштат, да си го посветат времето на себе и да не се замараат. И потоа сум јас, што си правам филмови во глава дека некој ќе упадне и ќе ми наштети и/или ограби, се штрекнувам на секој најмал звук навечер иако стопати ми е проверено дека портата и вратата се заклучени, и прозорот од купатилото затворен. Небаре ќе изникне некој внатре од нигде никаде и ќе ме убие. Небаре Америка сум.. Paranoid much?
А мене пак ме иритираат луѓе што паѓаат у несвест затоа што некој не седнал на седиштето до прозорот и попатно криво ги погледнал Се подразбира дека седиштето е слободно, не одиме на екскурзија па да го чува за другарка, си седнуваш и не се замараш. Исто и ако некој има зафатено уште едно место со ранец, палто, му викаш да го тргне, си седнуваш и си продолжуваш со животот. Ова за твое добро
Каква докторка си ако зборуваш за нехигиената кај пациентите и како се гадиш. Ова е толку неприфатливо да го мислиш а не пак да го збориш пред други.
Од фиромски „хумор“ и „мудрост“ на социјални мрежи, денес издвојуваме: И да, пак да си кажам - ич не ми е гајле ако некој некаде случајно ја споделил по темите во насмевка пред да го пишам ова, па си сфати дека него го ругам лично и ме запамти со години по тоа. Ако вакви нешта ви се смешни и ги ширите со согласување, вие сте срам за општеството. Ќао.
Многу ми се допаѓа што во Америка, разгалени се децава на еден или друг начин ама на шеснаесеттинa години почнуваат да работат и да возат и да се учат на барем дел од самостојност, како да трошат пари итд. Посакувам Македонија да беше повеќе таква, а не мајка ми да не сака да работам како келнерка за да не ми свиркаат постари мажи. И да не полагам за возачка затоа што не функционира сообраќајот овде (што, разбирам). Ех, само сакам да имав повеќе опции да заработувам како комај полнолетен тинејџер за да не барам пари на мама да си купам нови фармерки.
НАСА го најавува првиот скроз женски екипаж од астронаут-ки кои ќе одат у вселената и онда, испаѓа, немаат скафандери за женските)))) Од Боки или од Алиекспрес нек си нарачаат ако не. И после ние сме биле импровизатори.
Можеш и без него,без нив,можеш без секого, верувај.Но,немаш поим колку не можеш без себе. А за себе најмалку се грижиш.Тоа е најголемиот проблем кога ли ќе сфатиме дека ние сме си најбитни самите на себе,ако сами за себе не се грижиме кој ли тоа ќе го прави? никој..
Дефинитивно ми фали многу повеќе сон и одмор на очиве штом темава корекција на нос ја прочитав ерекција на нос
Поголема трагедија од тој што го пишал ова е тој што се замара да објаснува дека не е ок.. Знаеме, чил малце. Исусе.