Епа oфицијално adios Свирипичино. Глупаво село! Сешто вредеше беше чистиот воздух, млекото, ж'тите јајца и шунката од бишки. Се остало, вклучувајќи ги вревата од бормашините, и целокупниот амбиент повеќе ме уморија него ли што ми пружија мир и релаксација. Еве еден настан исто така незаборавен, кој сакам да го споделам со вас, а тоа е дека се наканив да молзам крава. Зошто па да не, си реков. Кога можат сите можам и јас, секако. Па така вчера дур пиперките си се крчкаа на ринглата, а надвор пукаше пладневното сонце, јас земав кофа, ја однесов во штала и убаво ја стационирав под кравата под сугестија на дечкото ,,молзач'' добив и гратис совет да не притискам ни премногу силно ни слабо. Но, и по долгото мачење, капка млеко ни за лек! Но, јас како искусна молзачка на крави нАли, бев цврсто решена меракот да си го истерам до крај по секоја цена! После неколкуте безуспешни обиди, дечкото ме замоли да ја оставам кутрата крава и да не ја тормозам повеќе да не се налути. Па, така тој на крај си замина. Па, за да биде трагедијата уште поголема, јас продолжив да водам инат, и на крај легнав под неа ко некој астронаут што бара орбита во менѓеме, и почнав да ја ,,молзам'' убедена дека во секој момент ќе прокапи мелко. Ма стисни лево, десно, напред назад, па послаб стисок, посилен - џабе. И додека си терав така кејфски занесена, наеднаш го чув она познатото ''мууууууу'' ууу што е задоволна госпожата, си помислив , но веќе во другиот момент нејзиното копито беше на мојата фаца. Но, ако ми е! Можев и полошо да поминам. Да ме ритне во краен случај или да се разбесни до тој степен што ќе ми ја смачка фацата како картонски блок. Е сега, како резултат на тоа, не е тешко да се познае каде и каков бил мојот весел престој надвор од градов, бидејќи си имам фин црвен белег во форма на копито на левата страна на лицето. Среќа што полека се губи... Наравоучение: Не легнувајте под животните. (Kрави, кокошки, свињи, магариња).. Не дека вие не знаевте досега, ама јас како врвна кравомолзачка да ви кажам во случај да заборавите. Спојлер Ако некој решил да ме запознае, по ова нема да ме промаши сигурно.
Сакам да кажам дека "битните фаци" во градот од тип градоначалник и директор (на ова,или на она) се многу посветени на манифестацијата на која присуствуваат. Просто бликаат од задоволство. Одамна сакав ова да ви го кажам,ама ете,не најдов прилика. И така,фасцинирана од нивната посветеност,занес и таа жедна потреба за културни настани си ја одработив работата. Ве просветлив скроз,а ? I know right.
Ххх ги гледам децава сите се прскаат ко будали. Да ти е страв да излезеш да не те испрскаат. Вака си седам пред феминава и мирна ми глава
колку чудни луѓе... денес со вас утре против вас.... човек да му даде прст тие цела рака ти ја бараат ... толку зли и подли, па толку да не разберат некој проблем ... се по нив да биде?!? Е НЕМА !! доста е денес е денот за да престанат со нивното лидерство... за сите проблеми нивни си тука, сите твои обврски ги оставаш за да им помогнеш во проблемот .. И ТИ ПАК си КРИВ ... и за крај колку си подобар толку повејке те искористуваат колку многу дволичност и лакомост ....
Ништо не е толку тешко и невозможно,доколку сме решителни да успееме. Скептицизам постои и без да се обидеме да направиме нешто. Иако неизвесноста создава ризик вреди да се потрудиме. Секоја ситуација е тест за нашата самодоверба. Храброста е израз на доследноста,а ја поседуваат оние што веруваат во себе. Кога ќе сфатиме дека секој потег е искуство сами ќе извлечеме поука од животните лекции.
Значи генијалец си била, да знам за математички проблеми кај тебе да се обратам Математика за 1 минута-Бравоооо
Оти сите сме експерти за се и сите знаеме се и никој не е попаметен од нас и сите што не студираат или не завршат или не положат нешто на време се пропалици... Ете затоа пропаѓаме, оти сите знаеме се , а сите чекаме некој друг да ни заврши работа.
Незнам што да кажам, освен дека времето летна за миг, како вчера да бев прво одделение.. ќе ми недостига целата генерација, училиштето кое до пред некоја година најмногу го мразев, наставниците, класниот и одделението кое иако не беше најдобро, сепак беше најсложно...
Ако некогаш наидеш на пречки при исполнување на твоите планови, запомни - до целта секогаш постојат повеќе патеки
За сите полуматурантки, ич да не жалите за основно, во средно ве чекаат многу поубави моменти и пријателства, а ќе се чудите кога некои од основно нема ни да ве поздравуваат на улица за година-две.
Единствена ли сум што не го мразам школото? И јас многу го сакам летото, и ептен ми е мило што конечно сонцето блеска. Ама некако жал ми е и ќе ми недостасуваат школските денови... Тие ми беа секојдневие и секогаш ми се. Не сум сигурнa баш како ќе го поминам ова лето. Се надевам дека ќе биде многу забавно, само тоа ми треба. Единствено што не сакам е цели три месеци да ги преседам пред компјутер. Секако една од најголемите занимации ќе ми биде читањето. Секогаш ми било. Го имам она пријатно чувство кога ќе ја отворам книгата, едноставно нешто ме влече. Не ми поминува ден без да читнам нешто од некоја книга, макар и некое рандом делче од домашната библиотека. Како и да е, ви посакувам сите да си го поминете летово најубаво!
Кај волците и кучињата секогаш има еден што се нарекува алфа и е главен, а доколку некој проба да го заземе местото на алфата тогаш алфата му покажува каде му е местото. Сите многупати сме се нашле во слични ситуации кога мислиме дека сме алфата, но всушност поентата е дека треба да размислиме пред да се однесуваме непромислено бидејки ние не сме волци, ние сме луѓе со емоции и разбирање.
...дојде и летото. Некако ич не ми се праи кејф. Пекав од школото , сакав да заврши ,а сега ич не сум возбудена за летово. Можеби поради тоа што ова ќе биде 5то по ред како ќе го седам дома. Море,плажа само на десктоп. Еј и да ви се пофалам ќе работам. Од понеделник.. Ни за тоа не сум возбудена. Не ми се работи. Сакам да шетам и да уживам. Сум заслужила. Ама кој те прашува...
На ова време да имаш тераса во ладовина е благослов. Да си седнеш со лаптоп или списание,ладно нес и воден сладолед,знаете оној што е обоен мраз. E,тој ми е најголемо летно задоволство. Сите сакаат млечни,богати сладоледи,јас јадам обоен мраз или смрзната цедевита или леден чај како сакате речете го. Ама највеќе ме освежува. Имајте убав ден.
cдк последен ден од школо ќе ми недостигаат другарите пошто другата година нема да бидеме заедно во исти клас а и цело лето дома сум пикната и нигде не излагам + нема кај да излагам овде ко пустина е .. Другата година - 2 втора година гимназија си бројам уште 5 години и ќе можам пиво легално да купам од продавница и оваа година си летна брзо ... позз
Конечно,распуст. Со нетрпение чекав мајке ми.Летово имам планчиња да го изминам со гледање филмчиња,серии,читкање книги,да се запишам на пливање,да вежбам,да излегувам а,не како стаорец пред лаптопов да дремам. Со оглед на тоа колку си ги реализирам желбите еве на ако нешто од списоков направам.Ама мора да вежбам бе па сите инфаркт во септември да ги мавне,има џенска да се направам.(лажам) Пред малце доживеав мини инфаркт,скршив копче од тасатура. Мести,мести не се става бе брате.Мене одма ме маваат шокови као ќе и кажам на мама,бидејќи првенствено лаптопов не е мој. И одма на јутуб барам видео како можам да го наместам копчето,уклучувам видеото копчето се направи. Фала богу,инаку мајка ми ќе ме експидираше од дома. Инаку денов го поминав прекрасно,традицинално како и секоја година се прскавме,а и фактот што утре не треба како лудача да си местам аларм уште толку ме израдува. :geek: Како и да е,ви посакувам да имате прекрасно лето и имајте пријатен ден!
Денеска сум на нервна база до тука и назад и малку понапред! Аман конечно заврши и ова школо и за то немам нерви повеќе. А и баксуз невиден сум само мене ми се дешава нешо дебилно. Денес одам со автобус кај една другарка и си седнувам ја така фино лепо до прозорец. И имаше полно луѓе надвор, де. И си зјапам јас дури не тргне автобусов и гледам еден типац. И типов почнува да се смее да ми мафта ова она и мене ми падна смешно, зш озбилно дечково беше кошмар. Сериозно не сум на никој според облека, ни како изгледа ни ништо ама нервите си го праат своето бе. Срце ми плаче јебем га све јаче. Значи дечково имаше облечено војнички панталони и то од оние шо се со големи џебови, на тричетврти ( нз, вака дали се пишеше ќе ме извините) беа. Портокалова блуза и то боја како оние шо се од комуналец, на нозете имаше облечено од оние шо се кондурпатика ( и за ова ќе ме извините) црни. И плус тоа имаше така потемен тен и косата му беше горе плава исфарбана ваљда како она шо е кај петелон кикирика ли се викаше а другиот дел црна. И замислете јас со сиот ум почнав да се смеам ко несалам, сите ме слушнаа и освен тоа му праќав бакнежи, кога оп дечково си се качува в автобус. Шлог ме мавна бе, почнав да кашлам да се смеам незнаев од кој прозор да скокнам. И одма станав од кај што седев отидов седнав кај една постара жена и се смеев на моменти сама ко фукната. Цела завеса кај прозорите од автобусот ја набутав в уста за да не се смеам. Дечково нон стоп се вртеше и вака ми правеше .Фала богу слезе на две станици подолу од кај шо требаше да слезам.Која дупка да ја ископам и да влезам, кај да се скријам, значи резил невиден сум. Јас па мн озбилно си го сфатив ова шо со љубовта од автобусите бе. Јас кутра вака сама, напатена, осамена си реков ај ќе шмекнам нешо од автобус и се дупнав јако. Абе ко ќе си немаш среќа си немаш. И пследната надеж од то со автобусите ми пропадна. Туку, сеа пред малце гледам една 12 годишна, имаше ставено слика во кратки панталони кошула, штикла 15ка со анимал принт и црвен кармин. Но тоа не е се.. Типкава во дескрипшн имаше ставено линк од една песна чекам те некако беше и имаше напишано љуби ме на хауби и тука кај тоа едно 5-6 кисој. Лелелле, која дамла да ја фатам? Кај да се фрлам со повреме? На хауби? јел на која хауба ма типко.....не си спретна да ојш по пат не на хауба ке ја љубел...ој земи тротинетче и играј си мачуле мало, оди молим те земи фајќај бубмари в тегла. На хауби ќе ја љубел, ма немој пак уште и штикла со анимал принт и кармин црвен. Јас со кал играв на тие години, мрсуливе незнаев да ги бришам а не пак нешто друго. Од ваквите ни пропаѓат државата шо се љубеле по хауби! И така ми работат нервите, се по список, хормона до плафона... Од разочарувањето со автобусите ќе да е бе. Љубоморна сум вака на 12 годишниве, си имаат дечковци уште сега, се љубат по хауби само јас го чекам принцот на автобуска. И такој. Имајте убава вечер, шо и да е