Гледав видео од фудбалски натпревар од далечната 1964година во кој игра и мојот татко.Прво ме одзема некоја позитива ,топлина во срцето колку луѓето биле порелаксирани , понасмеани и посреќни. Ама кога ја видов бројката седум летав од радост.А тој толку млад , толку брз , толку силен
Приказни од животот најмногу ме инспирираат. Ова е приказна за среќата и зависта. Приказнава е вистинска и автентична, а баба ми е ризница за истите. Брат и изградил куќа, па до неа уште една, во близина на факултетите порано. И во едната населил студент. Куќите не биле со имотен лист, па некој од внатрешноста студентот го поучил да заседне и дека по извесен број години нему ќе му припадне. Но човекот бил терсене, олош, завидлив,па и пакости им правел, ги зајадувал, им се потсмевал и психички малтретирал, а правда во тоа време никаква. Го молеле да си оди, но залудно. Поминале години. Донел една жена, му избегала со се дете, донел друга исто се случило. Овие тешко им било што децата им пораснале и што направиле за нив не можеле да ги укуќат заради туѓинецот. Еден ден, комшијата, стар човек, турчин им рекол... абе ве гледам се нервирате со години, пропаднавте, нели го гледате будала, штом ве види се смеете тој одма пакост ви прави да ве унесреќи. Да фатите да се смеете секој ден и кога не ви е до смеење, да видите што ќе биде, нели го гледате дека е нервозен и будала. Луѓето порано биле едноставни, па ајде си рекле, може вистина. И така секој ден, кој што прави, они се смеат. На глас, да ги слуша овој преку ѕидот и во двор. Пробал пак да ги пецка, но безуспешно, они пак на смеа. Почнал да се јаде и да се нервира. По некое време се иселил... Зен приказна од македонско поднебје... Вредна да се сподели со многумина.
Седнувам на исто ниво со висока. Дискутирам, разјаснува, ми дава одврзани раце, ги слуша моите идеи и ги подржува... Вели ти сега водиш се... И ништо тоа не ме прави толку голема како кога маж ми ќе рече - не можам, жена ми во моментов води... И нема да биде во можност да е присутна. Тоа е тоа што дава ветер во грб. Кога човек е свесен што има зад себе.
А за што треба да се пее кога тие песни се испеани век и половина пред ти да се родиш? Претпоставувам мислиш на новава обработка на Некст Тајм. И мене ми е е преку глава од обработкиве, но дечкиве не ги бива за авторски песни, па си пронајдоа начин тука да земаат пари.
Мене па баш ми се допаѓа што обработуваат стари песни останати, некако безвременски ми делуваат вака. Почит спрема тие што ги пееле..
Јас немам ништо против тие песни, но нека си создаваат своја музика, а не да заработуваат на туѓо авторско дело. Веќе префорсирана ми е оваа работа.
Направиле групна порака на фб за 10год од матура ќе се собирала цела генерација ..дури 14 класови Пораката фрчи од лицемерие, да можат преку порака ќе те сотрат... Зошто воопшто се мачат да ме додадат кога не сум им омилена а знаат и дека нема да одам да ги гледам нивните патетични фаци и фацата на тоа суштеството што се нарекуваше класна Беше класна ама само за внука и .. На нас не ни треба повод за собирање , па ни 10год од матура не е доволно добар повод кога сите знаеме дека ние од "клановите" што си се дружевме и онака се гледаме.. не ни треба повод Само сакав да кажам дека мразам лицемерни постапки..а тоа одамна сум им го кажала и на нив
Вчера не можев да заспијам Имав голем наплив на емоции и мисли кои едноставно не можев да ги запрам Сфатив колку сум јас слушател, а колку другите за мене не Колку јас апсорбирам негативна енергија и потоа тоа внатрешно ме исцрпува и ми прави емотивно да се осеќам празно Сфатив дека кога сакаш да си ја отвориш душата и да кажеш како реално се осеќаш ќе ти кажат некоја банална причина или уште полошо ќе направат шега Одиш во маркет - исфрустрирани од друго тебе ти се исфрлуваат Одиш во ресторан - исфрустриран келнер Пријателите - ќе си ги изнакажат своите проблеми (и тие исфрустрирани) а твојот ред кога ќе дојде уште не докажан ќе ти речат ајде бе ќе помини. И така кога ќе си дојдеш дома на крајот на денот, емотивно испразнат, ти ја исцрпиле енергијата... ти се осеќаш како ништо. Мислев дека е само некоја измислица тоа колективна депресија ама мислам дека и има вистина. Не си одат луѓето од државата толку многу ради шо нема пари, туку едноставно многу е тешко да се избориш со секојдневието каде секој ден општеството те турка. Јас секој ден станувам со помисла колку убав ќе ми биде денот, позитивно.. ама штом излезеш низ врата и откако ќе се вратиш ти веќе си друг човек. Тоа е реалноста што еве и тука сакав да ја кажам...
Ај ма заедно да одиме СДК ни мене не ми се оди. Искрено. Ни еднаш до сега не сум била. Си викам да одам овој пат. Не знам
Не ги бива ни за преработките, само играат на емотивна, родољубива карта да поминат кај народот. Каде полесно.
Не одам Ками.. да глумам дека ми се оди? Па јас сум едноставна личност, таму кај што не се осеќам убаво не ни одам да се присилувам да гледам некои фаци со кои ниту имам муабет ниту ми требаат во близина - не, фала. Тие со кои сакам да се видам за на кафе си се договарам, тие пијуцкаат кафе јас нешто друго и уживам во муабетот без напнати ситуации, без криви погледи Попрво ќе те викнам утре негде во ск на кафе него ли да ти правам друштво на славење на 10те убави години во мир и спокој Не сум била ни јас досега, уствари само на 5год се собираа..врска немам ни ме интересира.
И мене ми стигна такоџе, 10 души се имаат преселено у странство а останатите рекоа дека ќе дојдат. На крај пола од тие ќе останат дома јер децата нема да ги пуштат
Ти нели беше 1год постар од мене? Џони те утепав И од мој клас 6-7 летнаа од дупкава.. е не со нас ќе се занимаваат
Се прашувам, дали тие што лажат, од многу лажење почнуваат и сами на себе да си веруваат на лагите? Која сатисфакција ја чувствуцаат живеејки во таков измислен живот за себе?