Колку што беше жив и игрив, и сега си така стуткан..па те зедов те однесов на лекар, за пак да ми бидеш добар. Поврзани сте еден со друг и така. Само ти јади и пиј си водичка. Дома, животот на сите ни го разубавивте.
Тешко на оваа држава поточно на граѓаните со оглед на тоа кој ја чува. Искомплексирана багра од неписмени дегени полицајци, корумпирани до коска, без грам морал и одговорност према стекнатата функција и перцепција за задачата која би требало да ја извршуваат. Криминалци во униформи, господари на улиците. Олоши, сите до еден.
Смешно мајке ми. Озбилно мислат дека можат порно индустријата да ја претворат во индустрија што ќе прикажува реален секс? Озбилно мислат дека индустрија базирана на мизогинија можат да ја претворат во нешто пријатно за гледање? Или уште посмешно, мислат дека сексот во порничите е реален, а не само гнасна глума? Сакам и јас од нивните дроги.
Денеска бев на интервју за работа имам позитивни мисли, надеж и мотивација за докажување и стигнување на се подобро и подобро место. Не е баш исто како со мојот факултет, треба да работам во фабриката, но ако е потребни и ќе работам во рудниците (има 3, ама таму е полно), сакам да научам и ме интересираат и други машини што првпат ќе ги сретнам и општо работата, па разговаравме околу сето тоа како немам искуство никакво за оваа работа и почнувам со почетна плата од 18.000, а ако се докажам наредниве неколку месеци да стигни до 25.000, па потоа може и унапредување на позиција. Солидно ко за почеток, треба да ми се јават утре за лекарски прегледи.
Прашања кои ме мачат: Зошто наочарите за сонце се носат на зајдисонце? Зошто наочарите за сонце се носат кога е облачно? Зошто некои луѓе живеат за да пијат кафе некаде во центар ?
Никогаш не е така како што очекуваш. Секогаш го добиваш она што не го очекуваш, а очекуваното останува само очекувано.
Најголемиот страв ми е еден ден да не се претворам во инфлуенсерка, тазе омажена, која сака да експериментира у кујната, а најврв кулинарски експеримент и е изложено сирење на специјална даска со специјални ножиња за сирење (поклон за веридба) и изложена сланина ко веш на жица. Станот да ми е во СКАНДИНАВСКИ стил, јер наводно сакам минимализам и да си ИГРАМ со формите (иако ни е скандинавски, туку е модерно индустриски со raw печатен цемент, ископан плафон, сиво и црно на бело, по нешто и бронзено јер у суштина сум кич, но тоа би требало да е стилски израз во просторот, ни па е минималистички со тристате тракатанци). Муж ми да е програмер (качинг...је), ама хоби да му е фотографирање. Ако имаме бебе, задолжително го фотографирам секој месец со бројка од месечнината, имаме задолжително куќен миленик, а може и да не сакаме деца па да тврдам дека тој ни е дете. И секако, секој ден да ве гушам со слики од сите агли од сумљиво уредениот стан, евентуално језиви совети за домаќинство и чување дете. И слики со постапка на садење цвеќиња рецимо. Имам некоја модерна и измислена професија ко соушл медија експерт/специјалист и многу сакам да ги инстам шољите со кафе на бела маса со филтер ко да е снимена со камерата на Хичкок при снимањето Птици, зошто дава депресивно експресионистички скандинавски дојем. Евентуално јогам во истиот амбиент и слични ми ти глупости... ХУ КЕРС аман луѓе?! Ама пишувајќи го ова, каква идеја за професионален профил си смислив. Па-пау... викаат исти синапси се отвараат за мрчење и креација.
Се раѓаш, растеш, школо, уште школо, факултет или работа и оп - погоди што? Слушаш и само слушаш "ajde ozeni seee" и слично привиденија. О ти, животе, напетијо.
Тешко нас... Од ноќ до ноќ рмбам и никаква заработка, уште за деца и семејства сме. Ги сфаќам постарите, различни системи нѐ пораснале. Покрај тоа и мерак за внучиња ги фаќа ко божем тоа тукутака е.
Живите, сарма незавиткана ...Ме бендиса некој кој е женет, абееее ми иди да се фрлам од некаде. Арно велеле, нема за сите се....
Брегалница Ми се враќа вербата во џентламенството кај мажите Излегувам од автобусот и трчам до метрото (каснам и онака уште овој воз да ми кидне) и тоа спринт.Скали надолу 200 , слушам и некој друг трча, ама го слушам и возот дека иде.Уште посилно забрзувам .Пак скали за нагоре ама силата ме напушта трчам и знам дека нема да стигнам.Мажот ме помина по скалите .Стига и се фрла помеѓу вратите Јас се откажувам нормално нема да дозволам да ме стисне.Го гледам дечково стои на врата и ја влече да ја отвори за и јас да влезам.Му велам "Не пушти ја" .Ама ја отвара конечно вратата и јас влегувам Фала ти младичу ти си мојот херој на денот
Сакам да кажам дека некои мириси ме враќаат на толку убави места и сеќавања што ме здоболува срце од убаво и од среќа. Пример, мирис на зумбули, нарциси, јоргован ми е како симфонија на детството, дворчето кај баба и дедо, спиење под јамболија и будење во 5ипол наутро со првите зраци сонце. Или јапонска сакура, мирис на младост и улици полни врели бакнежи. Вчера ми донесе тетка ми лимонова трева (сама одгледува и ботаничари сенешта) и мирисот ме врати директ во маалото Гамбета, Париз. Години наназад. Така мирисаше хотелското собиче во кое бевме сместени, на лаванда и лимонова трева, средство веројатно некое за килими или завеси. А навев на ванилин шеќер и пандишпан во влез ми е спокој. Сите луѓе на број, некоја мајка или баба пече лења пита со вишни и животот тече беспрекорно.
Не можам да бидам дел од светот каде мажите ги облекуваат своите сопруги како проститутки, покажувајќи го сето она што би требало да биде скапоцено. Каде што не постојат честа и достоинството и каде што единствено можете да се потпрете на нечие „ветувам“. Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде што најлошите веруваат дека се успешни додека се кријат зад тркалата на автомобилите на нивните татковци, додека нечиј татко кој што има барем малку моќ се обидува да ве убеди дека сте никој и ништо. Каде што луѓето само лажно говорат дека веруваат во Бог со чашка алкохол во раката и без никакво разбирање за сопствената религија. Каде што љубомората се смета за срам, а скромноста за маана. Каде што луѓето забораваат на љубовта, а бараат идеален партнер. Каде што го поправаат секој шум на автомобилите, не штедејќи ниту пари, ниту време, а самите изгледаат толку сиромашно што само скапиот автомобил тоа може да го скрие. Каде што младите ги трошат парите на своите родители во ноќни клубови, подржувајќи некои примитивни звуци, а девојките поради тоа се вљубуваат во нив. Каде што мажите и жените повеќе не се разликуваат и каде што сето тоа се нарекува слобода на изборот, но оние што ќе изберат различен правец се жигосани како ретардирани насилници… Јас го бирам својот пат, но штета е што не наидувам на разбирање кај луѓето кај кои што најмногу сакав да го пронајдам. КИАНУ РИВС