Многу се преоптеретувате за тоа кој како се сликал и како испаднал од дома. Ако сака да биде блогерка нека биде. Не гледам кој е проблемот. Можеби тоа и е страст, можеби тоа ја исполнува. Остајте ги луѓето да бидат среќни во тоа што го прават. Никој не ве тера така да испаѓате од дома или да ги следите на инстаграм. Ако не постоел инстаграм еден ден и они немало да бидат блогерки..океј, вие глејте вие да си бидете тоа што сакате. Плус голем дел од девојките заработуваат преку такви постови на инстаграм. Тоа им е работа и не знам што погрешно вие гледате во тоа. Ако вие не гледате дека некој испаднал така од дома не значи дека не излегуваат или дека луѓе во светот не се носат така. А и крај на крај кој како сака нека си се носи.. аман.
Депресијата и анксиозноста не ги бираат само богатите. Се самоубиваат и сиромашни луѓе. Нареден пат пред да убедувате некого дека парите не можат да купат среќа, првин нека ви текне на сите оние родители кои немаат доволно пари да ја платат операцијата на своето дете, а со тоа да му купат здравје и многу насмевки.
Тоа е тоа. Фала. Овие што имаат барем ќе се обидат да си го спасат детето, а тие што немаат го чекаат судниот ден. Ништо друго не им преостанува, за жал.
Смешно ти е мислењево. Па еве и на модни ревии на светски познати дизајнери има дури бизарни комбинации, парчиња облека кои нема да видиш ни еден модел да ги носи во приватниот живот туку служат само за шоу, т.е. една форма на уметност. Така е и со блогерките. Работа им е тоа и од истото прават пари, не знам што ти е чудно. Ист случај и со блоговите за шминка. Можеш да видиш екстремно јака шминка со разни циркони, трепки, пердуви, но не значи дека мора со таа шминка да се шетаат во приватниот живот. А ако некој се инспирира од истите и реши така да се прошета во јавност, негово право. Не знам што ти смета како некој што не го ни познаваш бил облечен.
Исто така, има многу милионери кои се среќни. Која ти е поентата на цитирањево? Мислења во СДК не се бројат, не се труди напразно.
Претседателот Иванов купил стан... Преддоговорите за купување на становите биле склучени со инвеститорот на зградата, компанијата „Слободни ѕидари“... Сакам да прашам- абе шо се пие/пуши таму кога се даваат имиња на фирми?!
Тоа ти е синоним на масонството (слободното ѕидарство), во некој илуминатски филм се изгледа тие од компанијата. Spoiler
Најевтино ако сакаш да си поминеш при декорирање одбери Скандинавски стил. Оди дрво махагони и персиски ќилими купи да те видам па после ставај на инстаграм