Аман ти многу информиран ми стоиш. Да не те викнаа тебе за кум? Чек, и ова аватаров твој некое вражуле ќе да е, некоја масонска финта е?
Напуштив работа каде газдата не ми правеше проблеми за земање боловање. Детето болно ми е, нема проблем....ни два збора не ми имаше речено. Ама пари, 200 евра плата. Барав друга работа поплавена и најдов, ама имав реакција за земање денови за болно дете....еве денес пак зедов ден...една сум, и за делник и за празник, ако не сваќаат, нека ме избркаат. Жените со мали деца затоа не одат на работа, ама јас морам, пари ќе ни носи Никој ако не одам јас....ние сме си криви, сите молчиме за вакви проблеми, и затоа и платата ни е 200 еве и уште ако ти дадат некој денар плус, мислат богови се. Во компанија каде тешко се влегуваше на работа со повисока плата, сега нон стоп луѓе фалат. Си заминаа сите, полека ќе затвори и тоа што го има, кој ќе работи....
Кој мисли дека среќа со пари не се купува, нека ми ги префрли на сметка. Ок, шала на страна. Ако имаш пари, со тоа имаш дом, храна, облека може и да си среќен, може и нешто друго да те прави несреќен. Ама ако живееш во мизерни услови, јадеш сув леб, носиш крпена облека, немаш струја и вода и немаш пари да си ги платиш лековите што мора да ги земаш, да не збориме ако е нешто посериозно, може само да се лажеш дека си среќен.
Денес во рубриката "Стока балканска" ќе зборуваме за градоначалникот на Брус, Милутин Јеличиќ и неговиот очаен обид да ја прикрие од локалното население веста дека 2 години сексуално ја вознемирувал својата секретарка Марија Лукиќ. Како доказ на пријавата која ја поднела жената, приложени се, меѓу другото, и 15000 графички СМС пораки. Од тогаш уште 6 жени анонимно се изјасниле дека биле сексуално вознемирувани од градоначалникот или други вработени во општината. Веста станува национален бум, секој можен медиум пишува за неа, цела Србија ја збори, дури и српски курир, кој е познат по искривување приказни за да не се критикува власта (како Инфомакс наш, да). Веста стигнала до сите медиуми, освен се разбира, оние во градот Брус, кај што "кметот" презел сѐ што е во негова моќ да им го оневозможи пристапот до информации на граѓаните. - кога жената ги објавила дел од пораките на социјалните мрежи добила закани од 4 мажи да ги тргне, затоа што главата и е на гилотина. - кога жената дала интервју во весник, уште штом ги доставиле, тотално нераспакувани, сите весници ги купиле од општината. - кога жената дала интервју на телевизија, физички била пресечена струјата на единствениот кабелски оператор во градот, 5 минути пред почетокот на интервјуто. - локалниот електронски медиум не известил ништо за веста за сексуалното вознемирување на жената, само вест од градоначалникот дека "обвинувања за сексуално вознемирување доаѓаат од психички болни личности". Неколку дена подоцна истиот медиум објавува статија која е серија интервјуа со жени кои го фалат градоначалникот. Интересен податок е што овој медиум добива годишни субвенции од 2,6 милиони динари за одржување на секција која се однесува на родова еднаквост. - локалната телевизија одлучува на никој начин да не учествува во информирање за случајот. Јас би го ставила на бесилка, за вас не знам. #PravdaZaMarijuLukić Едит: уште информации од други медиуми: Пријавата е поднесена пред повеќе од една година, дури на први февруари почнал процесот. Стоката не се јавувала година дена на суд, ама си продолжил да си е на функцијата. Сопругот на Марија држел локал, општината веднаш му го срушила. Живеат под закани, притисоци, децата ни во школо не ги праќаат веќе, се преселиле во друг стан и не смеат да излезат ни таа ни децата. Стоката и праќал локални мафијаши и тепачи што често си имале работа со полицијата, ама никој не ги приведувал. Жената живее под седативи од страв, стоката си земал за право и нејзиниот здравствен картон да го објави на интернет, како доказ дека не е нормална. А не е битно што тој ја довел до тоа дереџе, нели? И така... Зборувајте ми пак за еднаквост, ве молам...
Од една страна те разбирам. Не сме ние криви, жално е што мораш да работиш иако бебето е мало, да биде барем 2 години породилно. Пример, кај нас мораме да се замениме со колешките, четири сме. И последно јас ја заменував по втор пат. Има ќерка 4 годни,. И си останав цела недела без слободен ден. И после не можев физички да се приберам, имав замор. Сакам да кажам7, помагам и ќе помагам ама треба некогаш да се има исав.
Зошто? Што ќе се случи кога ќе има дете? Ќе мисли дека другите без деца што се немаат потреба од одмор?
Немам деца. Не ме сфати. Јас не реков дека нема да излезам во пресрет. Ама треба да се има чувство и за другиот.. Не сум ни јас крива ни таа што има дете. Двете си имаме потреба за одмор. Тоа треба газдите да си го решат.
Искрено, на газдите им е гајле само работата да се заврши. Денес на пример ме доведоа до ситуација да е нивната компанија и пари побитна од моето дете. А тоа со деновите ако сама не им речеш вака и вака, не можам постојано да ја заменува, нив не им е гајле. Погрешното менаџирање води кон делумен пад на фирмата. Продавница што бркаше продавачки на секои 6 месеци, сега не можи да најди уште една продавачка. Оглас на вратата ставија и долго време им стои. Твоите газди не се грижат за твоите потреби за одмор. Пс ако сам гледаш едно дете, се осеќаш дека си растргнат, ем пари да носиш, ем да се грижиш за детето. Само на тоа мислев, ништо лично.
@Gosh царицата да се јави пак на темава, да ни покаже како не треба да се цитира. Не ја разбраа првиот пат
Скоро еден месец сум на едно ново работно место,каде што секој 2 ден сум во Државна Болница,каде ја одржувам целата Ит опрема,се запознав со голем дел на доктори,па и у спат и по некој директор,директорите како и обично во нашава држава,што се на државни установи ги заболе,што и како се случува во нивните установи ужас и беда.Денеска ми се случи следново ЧИТАЈ,на еден шалтер во Државна местам интернет,нешто имаше проблем,така местејќи ми тропа некој на прозорчето,и нормално не отварам пошто не е моја работа,али женава нешто збори од другата страна,али не ја слушам,и викам ке отворам па нека ми се дере кој сака,отварам жената почна да плаче како мало дете,со плач ми вика Докторе те молам Докторе,веќе 8 месеци не гледам со едното око,многу почна да ме боли,упати нема,не ми даваат,ме лажат од Клиника во Клиника,само ме шетаат те молам како Господ помогни ми,немам упат немам ништо,ми го укинаа и здравственото пред извесно време,те молам ке умрам те молам,плаче и рика женичката,некаде имаше 60тина години,луѓе се ежев и се стискав да не заплачам,викнав една Докторка која стојам многу добро со нејзе,ја замолив како нејзин син,да ја земе женичката и да и помогне,ја молев 10 минути,како моја мајка да , ја молев,се смилува ми рече ова сеа го правам и повеќе никогаш,затоа што и ти се истрежови многу,те гледам многу си емотивен,ние тука не сме такви,затоа што секој ден имаме вакви плачки тука,и реков на Докторката дека знам,али јас ова неможам да го гледам,само да и помогне,ја зема женичката ја однесе во една соба,и ги направија сите испитувања што можеа,и направија некоја си интервенција(за да не ја боли),и кажаа кој лекови да си ги купи.Неможам да ви опишам жената како ми се заблагодаруваше,неможам да ви ги опишам нејзините зборови,сега ми се насолзени очиве,го молам Господ никој да не стигне до болница како што женичкава дојде,со плач и молење.бидете здрави и живи сите,и Господ да ве чува од зло.
Благодарен сум на сам себеси што не квичам никогаш, никаде. План Б секогаш а тоа е лименка скопско, музика, филм, учење, вежбање итн. Животот е супер, тече во правец којшто го насочуваме сами.
Најсрцепарателна слика на ФБ денес, ми беше на една пријателка, фамилијарно биле на некој саем за коли у Белград. И стајла слика од мажот и, качен на мотор со хостесите зад него и демек као да си речеме ние ' Wow, јак штик. Види го, јак фраер '.
Да сум сопругот би го убил манијакот без доказ без сведок без дамка. Ќе го кокнам како да е инсект! А тоа за еднаквост, моќ е моќ. Да била шефица, а подредениот да бил машко, шефицата со цело влијание и моќ ќе правела сѐ за да го заведува, да речеме таа да имала 58 години а машкото 23. Злоставување е злоставување, од маж на жена од жена на маж, истополово и слично. Тука најголема вина има кај корумпираните инспектори во мвр во секоја држава.
Пишал некој на интернет: Имам 20 години и сакам да ја запросам девојката. И во коментари ете ја таа малограѓанштина: Таман ќе имаш време за развод, Кога ќе се разведеш млад ќе бидеш, Ќе сфатиш дека си згрешил има време итн. А од друга перспектива никако да се види, дека љубовта нема граници, нема пречки, па ни возраста не би требало да биде пречка. Ако некој има во животот свои мислења и планови, не значи дека оној чии планови се различни, се лоши. Секој најдобро си знае за себе, што е она што му одговара. Сакам да кажам, да се научиме поддршка да даваме и да се радуваме кога се радува и некој друг, а не да му ги сечеме крилјата.
Споредуваш светска мода мода со македонски демек блогерки облечени во ноунејм маалски бутици? Ти си смешната...