Братучед ми имаше куче Џони, што да, странско име е, ама има луѓе што се викаат така нели? Другар па имаше мачор Тоше го викаше. Да е име Гонце и мене ми е weird, ама Матео ми е океј. Од друга страна за типични имиња па ќе чуеш леле секој втор е веќе Мартин/Александар/Филип итн.... Друг ќе рече зошто морало по дедо му/баба му. И мене некои имиња ми се неубави, ама такви кои се, а се разликуваат од оние секојдневно ги слушам, не гледам зашто некој не би го дал на дете. Да ви кажам како се викам да ми кажете дали ми е океј имево?
Сакате да кажете дека, ако сакам на свое девојче да му дадам име Јоана, тоа значи дека сум јас нешто забегана, дека сум во некој филм влезена, пошо не е Јована? Ајде бе. До таму стигнавте, имиња да ви сметаат? Ај тоа океј, ама да им давате дијагнози на тие што ги смислиле имињата. Да пораснеле бе родителите, не биле пораснати оти им дале имиња кои на некого не му се допаѓале. Нов левел е ова мајке ми.
Не ми смета како ќе ти се вика детето. Едноставно може да не ми се свиѓа. Може и моето име да не ти се свиѓа ама нема да те фатам за гуша ради тоа. Додека овде некои членки едвај чекаат да се срчкат за што било па и за право на изнесување сопствено мислење.
Всушност, постои Ила и тоа познавам девојка во Ск со тоа име со хрватско потекло. За Кала не сум чула, но зошто да нема кала е цвет, па кога може Ружа, Розс, Камелија, што не би и Кала. По грешка реплицирав тука, а сакав да се надоврзам на друго мислење, ама со телефонов ја утнав работата.
Ние имавме куче Џесика, а на комшивката внука и се роди тогаш, па ја крстија Џесика. И си оди таа по улица, и вика по детето "Џесика, Џесика!", влегува мајка ми и прашува "Што ќе и е на оваа кучево наше?" Оваа лута беше што сме го крстиле кучето по внука ѝ, a кучето беше 2 години постаро од внуката. Мене не ми се допаѓаат ни модерни ни традиционални имиња кои треба да ги објаснувам, да повторам 100 пати како е, да го спелувам и пак да не ме запомнат. На мое дете нема сила која би ме натерала такво име да му дадам. Среќа еве, и со моето немам мака.
Сакам да кажам не знам дали вика по детето или по прадедото .... Кога веќе си кажваме работи за да ни олесни.
Едно е да не ти се допаѓаат некои имиња, друго е да препишуваш дијагнози и/или да ги омаловажуваш оние со такво име. Знам родители на кои децата им се викаат Матео, Лара и други што се спомнаа. И ништо не им фали. Мене најубаво "необично" име ми е Луна. Ама ќе се подразмислам дали би ставила на идно дете, баш заради таквите "мислења".
Kaja e веќе пречесто име.Знам барем четири девојчиња со тоа име. И Матео стана често, за Лана, Лара, Калин да не правам муабет. Баш ќе видиме само колку многу од овие со ова име има и допрва ќе има во еден клас, но тоа е, тие имиња се доста актуелни и чести, како и некои стари црковни и македонски имиња.
Ќе си дадеш име на детето какво што сакаш, затоа што името не го прави човекот, ниту родителите имаат дијагноза затоа што им се допаѓа некое име. Сите што се потсмеваат и вреѓаат за нешто најсвето на родителот - детето и неговото име, зборува за нив како личности. Патем и Ставре и Калин, и Милка и Лора ми се мили дечиња со одлични родители без комплекси и дијагнози.