Љубов …Тоа е она, кога цел ден сте го поминале заедно и времето брзо ви поминало. Пред пет минути сте разговарале, а веќе си недостасувате еден на друг. Сте се прегрнале и не сакате никојпат да се разделите. Ќе се погледнете десет секунди и не можете подолго да издржите – а да не се бакнете. Ќе ти ја разбушави косата, а ти ќе му дозволиш да ди поигра со неа без да се разлутиш. Ќе ти ја бакне раката и ти тогаш ќе си помислиш колку е тој внимателен. Ќе те бакне на чело, а ти ќе го гушнеш најсилно. Љубов! Да, тоа е кога цел свет ти е празен ако го нема него. Кога некој го сакате, тој за вас е совшен. Го прифаќате со неговите маани, се навикнувате на него. Колку и да е лош за другите, за вас е најдобар. Го сакате неговиот глас, обожавате кога разговарате со него, си мислите дека тој не е како другите и дека е создаден за да биде покрај вас. Љубов е кога некој го сакате, кога постојано на некој мислите, кога знаете дека се ќе направите за човекот кој живее во левата страна од вашето тело. А, како им е на оние кои љубат, а љубовта не им е возвратена? Само тие си знаат … Веројатно, животот им поминува во чекање на погрешна личност, во давање лажна надеш, веројатно тие живеат од среќата на саканиот/саканата. Ако тој е среќен, среќна сум и јас – да речеме дека тие така живеат. Како им е на оние кои сакаат по човек кој нив никојпат не може да ги сака на истиот начин? Најлошо!! Ќе се почувствуваат сакани за миг, а потоа ќе бидат отфрлени. Тие ќе се вљубат длабоко, меѓутоа ќе страдаат. Тие се родени за да не бидат среќни во љубовта и можеби така долго време ќе талкаат се додека навистина не најдат некој сличен на нив кој ќе ги сака онака како што и треба. Како им е на оние кои сакаат и истовремено се и сакани? Па нормално најубаво!!! Среќата не може да се опише ако тој што го сакаш те сака тебе. Времето кое го поминуваат тие две личности е многу драгоцено и тие не сакаат никогаш да заврши. Секој ден го живеат како последен и уживаат во животот без никакви недостатоци. Бидејќи не се среќни оние што се богати. Со пари се ќе купиш,но љубов не можеш.Дури и да е некој човек со тебе поради твоето богатство, ти никојпат нема да знаеш што е вистинската љубов. Ретки се оние кои сакаат и се сакани. Но, само едно да ви кажам: Ако немате среќа во љубовта никојпат не трчајте по личноста која вие ја сакате. Одете со личноста која вас ќе ве сака. Така некого ќе го направите среќен, а и на вас нема да ви биде лошо. Бидејќи ако некој ве сака нема да ве повреди, но ако некого сакате, а не ве сака бидете сигурни дека на крај ќе бидете повредени и разочарани.И не се откажувајте од љубовта, откажете се од личноста која не знае да сака.
Дека 10 Јуни не ми значи ништо точно но затоа пак некогаш овој ден премногу ми значел како и на сите што денеска им значи. Луѓе со право се радувате , конечно одмор и за вас ... Поминете си го најубаво и незаборавно ви посакувам од срце , а на Септември со нови успехи..... Имајте преубав одмор
Како вчера да беше кога бев прваче, целата таква исплашена,незнаев што ме очекува. А сега дојде време да се разделам од сите. Овие 8 години минаа многу брзо. Но времето не се враќа, нема веќе ништо да биде исто. Најтешко ми паѓа тоа што личностите со кои си поминал прекрасни моменти, поголемиот дел од денот со нив си го поминувал, сте правеле секакви глупости.. ќе те заборават ќе те видат на улица и нема ни Здраво да ти кажат.. Ама па 8 години не се забораваат така лесно. Со нив поминав многу убави,прекрасни моменти кои засекогаш ќе ми останат врежани во сеќавањето и во срцево. Знаевме некогаш за ситници да се скараме, често знаеше некој да ме изнервира, па да ми дојде да фатам да го задавам. Ама какви се- такви се, сепак јас највише си ги сакам и нема никогаш да ги заборавам. Се надевам дека сум оставила и јас белег во нивните срца и дека нема да ме заборават. Што се донесува до летово. После уписиве Ауф Видерзен Скопје,ојдов јас на село. Неможам да дочекам, до детал сум си ги испланирала деновите. И така.. Имајте убава вечер. Јас решив оваа да ја поминам на тараса со јагоди и цреши.
Заврши и оваа учебна година...а како вчера да беше први септември. И така ова лето не' очекува со нови авантури ,нови спомени.А ние ќе го пречекаме со насмевка! А јас да си се пофалам дека за скоро ќе уживам покрај море со добра книга во рака...Ќе си собирам спомени и ќе си уживам! А има ли нешто поубаво од денови поминати со друштвото ,мозокот пуштен на пасење и излежување по цел ден ?
Моментот кога пред тебе гледаш две дечиња,на возраст од 5-6год.како вљубено се држат за рака и се гушкаат. Моментот кога ќе се зацрвенат од твојот симпатичен поглед. Моментот кога срцето ти се полни и ништо на овој свет не може да ти го одземе тоа. Е тој момент,е таа исполнетост,е таа надеж,е таа слатка љубов. Да сe живи и здрави ми го продолжија животот. За крај еден цитат: Mogu ti samo obecati da ces mi se i kao starica sede kose svidjati bas jednako kao i sada kada si devojka.Jer znam te, i tada ces biti ista devojcica u dusi koja ce se ljutiti na mene zbog pogleda drugih zena.I tada ce mi trebati sedmica dana i tona cokolade da se odljutis.
И шо јас ти личам на будала??? Не сега во 9,туку во 9 и5...е ај....лел не немам клуч треба да си дојдат моиве,ај 9 и пол...е ај... Знаеш,,сега за 15минути ќе можи? Е НЕ МОЖИ! Ф**К ЈА! ЈАс разбирам ај болна,епилепсија,маки,не можела да учи,не знам шо...тешко и било на факултет (остана зад мене 2 години) Ова не е прв пат Господе прости им,не знаат шо прават,јас разбирам болни.ама ова ги претера сите можни граници. СДК 2..Е нема другарки....е оди излези мовие дома...е а со кого? Не можела,на работа,не знам шо,за возење-точако не ми чини,па ти кажав нели...А јас шо сум ти тебе?Менаџер?Да знам шо имаш шо немаш...Божее За ИНАЕТ ќе се вработам и ќе си фатам дечко и се ќе газам пред мене ( освен за оние домашните и 2-3 личности)... PEACE WORLD !
Не дека е моја мамичка, но најубави кифлични прави на цел свет. Како сум гладна, како волк кифлите во релна полека се печат, а мене лиги ми течат. Па ке ми се одјаде додека се испечат Уф, како е напорно ова чекање....
Денес пречуден ден, во кој милион чудни работи ми се случија. Конечно си најдов една прекрасна песна и сите околу мене ги заразив со песнава, зараза е стварно, ама прекрасна е. Конечно почнав и со гледање на една серија, што еден период ја гледав, но ја прекинаа на тв, па сега сакам да ја догледам. У некои моменти како се бунам значи, чудна работа. И така денес одиме во маркет, другарка ми има еден млад таму работи и и` се допаѓа, па по 5 пати дневно одиме таму да го гледаме, воајери сме, ама интересно ни е, детски работи. :geek: Така Дримка цела си се избуни и само низ цел маркет се дерам, наредна година ако продолжам со вакво учење во КОМУНИКАЛЕЦ ќе се вработам, абе сите околу мене се чудат што зборам одеднаш центар пажња станав и само ми вика другарка ми каков комуникалец ма, КОМУНАЛЕЦ ќе си работите таму заедно со другар ти и јас ќе ви дојдам на кафенце. Додека сфатија сите што сакав да кажам ехе... Друга работа моите книги сега ги зема мојот симпатија од пред 2 години и надвор после го сретнав и ме гледа така чудно, а мене срам ме фати дека книгите цели ми се ишкртани, а и големи тајни има таму... И врв на се пред 10 минути ми прати на фб за една игра живот. Како е можно вакви глупости да ми се случуваат, ама па овие глупости го прават животот поинтересен. Отидов да си гледам втората епизода од серијата што ја спомнав погоре. Аа да секако да ви ја пратам заразната песна. Aх бе Juliet што им направи на сите и на мене ме зарази со песнава за ќотек си. Имајте убава пролетно-летна вечер феминки! Nobody does it like Juliet Juliet, what you do to me The way she does it is criminal Physical and it's killing me http://www.youtube.com/watch?v=1V18P7JkAuA
Aјде да ви ја разубавм ноќта,со неколку фрази " Никој никогаш не осиромашил од давање " Од Дневникот на Ана Франк " Што е топлината на летото, без студот на зимата " Џон Стаинбек, Патувањата со Чарли: Во потрага по Африка " Не плачете затоа што завршува, смејте се затоа што се случило " Теодор С. Гаизел " Љубезните зборови се кратки и лесни за кажување, но нивното ехо е навистина бескрајно " Мајка Тереза " Љубовта за убавина е вкус. Создавањето на убавина е уметност " Ралф. В. Емерсон " Некои луѓе, без оглед колку се стари, никогаш не ја губат убавината – тие само ја поместуваат од нивните лица во нивните срца" Мартин Буксбаум ИМАЈТЕ УБАВА НОЌ,ИСПОЛНЕТА СО ЉУБОВ И СРЕЌА!!!
Знасчиу овој 10ти јунио може дас се забелемнжи какок завршенм!!!! http://www.youtube.com/watch?v=a_tfq0qTDDE У бејбе,аааааааааааа.а.а.а.а!!!!!!
Ако е ова точно тогаш нашата Македонија е полна со интелигентни луѓе... или поточно со невработени, бидејќи секоја вечер чатот ми е полн. Ах Македончиња!
Биба .Додева парите од Макфест ќе ги искористела за семејствотот се згазив од смеење го прочитав ами секако дека за смејеството нема мене да ми ги дај