Е, ај добро утро!! Ова ме потсети на една ситуација кога една колешка ми рече : Шефот не е расположен, прекини да се смееш. Мислам, WTF? Сериозно?? Ако тој не бил расположен или бил лут, јас треба да се покорам и да не бидам расположена ?? Боже, што нема. Сепак, добра поука на денот е.
И вчера така, од нигде никаде ми дојде на памет да преќинам другарство со личност која мисли дека сите и се љубоморни на она што постигнала во животот. Реалноста е дека таа нема успех постигнато туку се ќити со перјата на нејзиниот партнер и брат а сите останати ги навредува дека биле никои и ништо. По мојата одлука, личноста се изненади и ме навреди мене, после се што имам направено за нејзе. Запрепастена сум од човештвото. Се било од корист, а мислев дека има барем малку трошка човечност останато во некого.
Ќе ме полудиш, ЌЕ МЕ ПОЛУДИШ. Ама ако полудам ќе зажалиш што ме знаеш кретен еден скапан. Те мразам, понекогаш мнооогу те мразам. Од***и од мене!
Рака во оган ќе ставам за другарка. Боса по трње ќе одам за другарка.... Но...Доста беше. Ако не сум богата да шетам и исполнувам ваши замисли ,бев секогаш до Вас кога ви требав. Фала ви на разочарувањето. Посакувам насмевката од вашите лица никогаш да не се тргне.
Тешко е кога ќе прекинеш контакт со некој со кој си бил на телефон 24/7, а сеуште ти го дава најгоре кога праќаш нешто. Но, уште потешко е кога ќе го снема и од таму. Се се заборава. И телефоните забораваат со тек на време... За се треба време.
Модератори да размислат категориите "Секс" и "Насмевка" да ги спојат во една категорија - "Секс и насмевка". Пошто смеењето е пола здравје, секс уште пола, а цело е кога има сѐ
Пред две години ги откажав, фрлајќи пола кутија со цигари во корпа и пола цигара недопушена причина - борба со "штетниот" јас, со себеси. Не земај повторно, не ти требаат.
Да се проценат луѓе без да се знаат лично е исто како да се одреди вкусот на сладолед лижејќи го стаклото од фрижидерот. Лигуши!
И воопшто да не ти е галје. Гледај си го само својот пат. Утре,, задутре нив ќе ги нема..која ќе се омажи,, која странство ќе замини. Грижи се за себе повеќе. Не, да не се грижиш и за нив, прави го тоа,, но штеди енергија. Биди си сама на себе приортет, па дечкото, фамилијата. Тие се трите работи кои ти се најбитни во овој живот Од искуство ти кажувам. Кога сакам да проверам дали некој ми е пријател најчесто му барам услуга. Или на некој друг начин проверувам. Верувај, со тек на време, сами ќе си ги покажат лицата. Многу повеќе очекувај од себеси. Многу малку, да не речам ич, од другите.. Поздрав
Утринско "дојди" и душа мека како лепче за симитка. Цврста прегратка и буб во коса... И се распослав од солзи. Ми текна дека сонувам како ме дави некој и ме удри по главата со секира, почувствував крв по челото и знаев дека по следниот удар нема да сум жива и се разбудив. И ај сега... Недела. Се пие кафе на балкон, се ќути, со држење за рака. Многу работи се случија, ама се е така како што треба да биде, погледот му е сигурен, стисокот исто така. Да беа други, одамна ќе се распаднеа, но не и ние.