Ајде нека дојде четврток и ќе се видиме пак ебачу мој од фемина форумот . Уште само 4 дена, јухуууу Овој пат не е Мк, далеку од сите бе мило , странЦија како ти што сакаше. ШшшшШШшшшш ќе го посетиме местото за кое си имал желба уште како мал, знам дека ќе ме прочиташ на форумот и самиот си свесен дека сум максимално нервозна периодов, не од ПМС, од нервоза без причина. Искрено, се надевам ќе се опуштам кога ќе си присутен тука и дека 7 дена ќе ни бидат доволни да смирам живци. Ебачиште мое шармантно , медал заслушуваш како ме трпиш еј , душа една мила, искрена , трпелива П.С. Извини што не ти најдов женска од форумов, ти не сакаш такви кои се прават светици, затоа остануваме на нашето , отворена врска - отворен брак, милина бејби
Е не си нормална... луда си 100%....ама такви лудачи како тебе сите ги обожаваме а посебно машките...неодоливо луда како би сакала модератор да бидеш на форумов па да им скресаш на сите што имаат по две три лица скроени во едно
Сакам да кажам, случката со Билјана, ме натера да се запрашам.. Дали доволно им посветуваме внимание на луѓето околу нас? Секој ден гледам луѓе кои некаде брзаат, бледи насмевки на нивните лица, секој со своите демони се бори тивко во себе.. Некои ќе успеат , некои за жал не.. Ќе потпаднат на притисокот од ова брзо темпо на живот , секојдневните обврски и проблеми и тивко ќе згаснат како свеќи .. Ве молам , не потпаднувајте на притисокот, не подлегнувајте на повредите кои ви ги нанесуваат секој ден . Будете се со насмевка, спремни за нова борба. Животот е убав, колку и да е тежок и непредвидлив. Прегрнете ги луѓето околу вас , дадете им поддршка дури иако знаете дека не носат исправна одлука. Бидете сламката за која ќе се фатат кога животот ќе ги турне во провалија... Имајте човечност во вас.
Колку е само се неправедно... Вистинскиот талент ќе го скријат, а друг ќе лажираат како најдобар на натпреварот... Не можам веќе да поднесам секогаш исто, дури и губам верба за се...
Соновите се чудна "справа". Ми кажуваат: колку пораснав, и колку уште треба и не треба , и дека стравот и очекувањата кон други стално си виреат. Ама се будам во МОЈАТА реалност, не во нечија туѓа. И тоа е супер.
Кажи ми кој е да го качам на рамена и да го носам од царство во царство, за вакво мислење од женско, секоја му чест на мажиштето! Симнувам капа!
Абе оти се замараш за лајкови ? Нека си ги луѓето, така си се поддржуваат, ете придружи им се и ти во тие теми со слики, со бош муабети и ќе бидеш наградена со лајкови. Тууу не знам како може со тоа да се замарате, па и да спомнувате небитни работи. Нека си ги луѓето , нека си се лајкнуваат. Мене ако ме прашуваш јас сеуште стојам на она што сум го кажала , во случај да дојде до проблем со мојот фаворит @WildMk , мене да ме банираат. Слободно цел мој профил го жртвувам за таа жена, брутално искрена, бетер од мене е , ма пример ми е, ја обожавам жими се најмило. Битна ми е таа , има нешто во нејзините мислења што допира длабоко во мене. Еве ти лајк од мене да ти го разубавам денот и пушти мозокот на пасење
Некако ми ја утна поентата.... Што се однесува на мене, други работи ми го хранат егото, лајковите не.
Те цитирав бидејќи твојот коментар ме асоцираше на сите оние форумџики кои си постираат слики, добиваат комплименти, пофалби, се трупат со лајкови за безвезе коментари онака по навика. Затоа одма ти реагирав да не им се замараш за тоа. Штом погрешно сум те сфатила, извини. Воопшто не беше кажано со лоша намера. Еве уште еден лајк добиваш за извинување
Воопшто не бев инспирирана од форумов, од некоја форумџика што објавува слики или песни и добива комплименти. Еве ќе ти кажам за мене. Ставам тоа што сакам и кога сакам, а дали ќе имало еден, сто или ниту еден лајк сеедно ми е. Еден обичен палец не ја дефинира вредноста и карактерот на човекот. Извинувањето ти е прифатено, поздрав и секое добро.
Досега сум имала многу караници и неправди во животот, некои сум ги решила карајќи се, некои со игнорирање и бришење на луѓето што ги предизвикале.Но, сега кога му направија неправда на татко ми, денес кога му земаа мн пари за грешка што е минимална е тогаш нешто внатре во мене се кинеше,болеше и крвавеше, е ова било болка.Луѓето без совест-не се луѓе(а уште помалку животни) не знам како да ги наречам.Се обидов да вразумам таков и уште ми вика не драматизирај.Молам? Тебе нека ти ги земат парите и нека те остават без леб- чудовиште, кога починаа тројца луѓе за негова грешка ништо, кога татко ми направи мала грешка му зема 100пати повеќе пари.Да јас сум млада девојка како што кажа тој, но правдата може да ја бараат и младите, а исто и женските, а што ако бев машко ќе имав поголема моќ за правдата?Јас правдата ќе ја барам до крај, никој нема да си игра со мојот леб.Мојата совест е чиста и ќе остане без пари или со, јас и татко ми ќе спиеме мирно.А тоа чудовиште?