Околу 2 ипол билиони луѓе веруваат во зачеток на живот преку светиот дух, а на форумов им се смееме на девојчиња кои мислат дека можат да забременат ако им се заврши на стомакот. Колку погрешно од наша страна..
Си помислив, како минуваат денови. Месеци, години. Знаеш, си мислам сам во себеси, она чувство кога ќе ти заѕвони во главата некој аларм и ти вика, еј, момче...престануваш да бидеш момче. Преминуваш во фаза на чичко. Децата те викаат чичко. И тие кои се родија на твојата полуматура. И тие кои ги добија врсниците со кои правеше матура. Скоро деценија од тогаш, да... Долго време. За некого не. За мене да. Што чекаш? Зошто застана? Каде застана? Уште колку ќе чекаш? Уште колку ќе се плашиш пи*до? Стани! Тргни! Избери...избери....(??)..избери некоја. Избери, било која! Но не можам било која.. Можеш! Како избраа другите? Да ама... ...нема ама! Колку брчки доби овие месеци? Колку денови поминаа откако се роди? До кога ќе чекаш? ....дооо кооггааа ќеее чекаааашш.... ...и оп, некој звук како гонг во главата. Свеста било тоа. Или подсвеста, не ги разбирам тие работи. Што и да е.... (ќе помине) ми вели гласот. Страв....страв.. Остана стравот. Раните. Тежината. Вешто ги кријам, вешто ги контролирам.
Како што вели еден супер цитат: Кога поединец верува во заблуда - тоа се вика лудило, или игнорантност во најмала рака. Кога милиони веруваат, истото се вика религија...
Пф, тоа ванила е. Веруваат во змајеви, претворање вода во вино, разделување на вода со стап, херувими, змии што зборат, претворање на луѓе во сол, ангели, летачки луѓе, вие за едно плодење сте се фатиле.
Би сакал да се прогугла нешто за RAEL и за вонземјански мешаници во минатото кои ги има во светите книги ама да не одам оф топик тука.
Се сеќавам на една девојка каде и да поминеше реа ширеше. Буквално. Еднаш свртена нанапред осеќам нешо закопува така јако и се вртам, девојкава дига рака да се поздрави со мм. Ми беше гроз да го гушнам после. Греота, имаше отприлика 19. Мислам греота до толку да се нема лична хигиена. Џабе да се бањаш ако не переш облека. Џабе переш облека ако не се бањаш. Еееј цел кафич да го затруеш со влагање, колку било јако чим ми текнува и после толку време. Фуј
Едно од чувствата кои ги мразам, е кога сум причина за нечија болка. Сакам да го променам тоа, но што е со моите чувства тогаш. Секогаш ги ставав другите пред себе, ама сега колку и да ми е тешко и колку и да не ми е сеедно што баш сум причина за нечија тага, мислам дека е време да сум си најголем приоритет. Премногу се запоставив, премногу станав несигурна во себе. Се надевам дека нема да се каам поради оваа одлука.
Некогаш најлошите мигови доаѓаат многу брзо. Некој на кого си му верувал, излегува друго. И тоа не е страшно ако се каже некој збор, ама хистерија. Подоцна само сетив дека имам рана на раката, среќа не е ништо страшно. Ама таа личност, нема да ја погледнам веќе. Сум видела омраза, ама онаков излив на омраза, не. Не заслужува ни тоа што некогаш имала место во мојот живот. Само и благодарам на мојата пријателка што ме исслуша. Ми олесна, без неа ќе бев многу полошо. Чувајте се од оние околу вас.
Остаревме изгледа и ние, па почнавме со споделување на слики од флипери и како тогаш со пет денари сме биле најсреќни. Ништо не сме научиле од плукањето по нашата генерација.
Сакав да ти пишам дај не заебаај ваљда никој сериозно не верува во тоа после го прочитав коментарот под твојот... Па ми текна дека јас верувам во папагали што зборат.
Којзнае колку е тежок животот на оние што се огорчиле поради полови, национални, верски и не знам уште какви "неправди" и нееднаквост. Кутрите...