До моето работно место има деловна зграда со неколку фирми во неа, едно 10тина канцеларии. СЕКОЈ ЕБАН ДЕН собирам од кај мене пред врата 200 пикавци,зошто господата со костумчињата и госпоѓите со штиклите не слушнале за КОРПА. Џабе ви се факултетите и фенси облеката КОГА НЕМАТЕ ОСНОВНА КУЛТУРА,. Ми се повраќа од Вас!
Ебати простор за живеење во кој ратни злочинци и политички арамии, кои имаат одземено милиони животи, се сметаат за херои, а хомосексуалците кои ни на мравка не газат, се прогласуваат за непријатели на Бог ( според нив ), општеството и човековиот род во целина. Гадост.
Ако сакаш да живееш вечно, живеј во исчекување, а исчекувањето е пекол, даклем вечноста е пекол. Колку да кажам нешто...
Овие од фемина инстаграм секој ден ми прават лиги да ми течат по некое јадење. А, јас скоро пак ништо не смеам да јадам сега постоперативно. Душа би дал за еден четврт со јогурт. Море нека бидат два.
Сакам да кажам дека немам веќе каде да кажувам, дека нема веќе кој ќе ме сослуша, дека нема веќе човечност, искреност....за хуманост нејќам да зборам..луѓето станаа зомби со искривени норми за вредност, вреќи полни коски...Колку вреди нашиот живот..ништо ..нула... Повторно денес се соочив со смртта на нашето здравство, со мизеријата од услови, кадар, стручност и немање осет дека се работи за човек..повторно денес сфатив дека животот нема ама баш никаква смисла
Имам еден чадор кој е така малку фенси, жолт е со бели точки, и нели деновиве дека постојано врни и цело време ми е изваден во ходник, и што мерак и прави на внука ми, постојано го отвора, се пика под него како да и е куќичка, се врти со се него, а тој поголем е од неа, и ми го бара да и сум го дадела за неа, и велам дека е поголем од неа, и и светна во глава, аа ќе ми го чуваш за кога ќе бидам поголема Абе како да не ја обожавам, заедно со брат и ми го прават сончев животот и тогаш кога истура дожд не само надвор, туку и во мене
Понекогаш се чувствуваш како да сакаш да исчезнеш, но она што вистински го посакуваш е да бидеш пронајден.
Во исчекување на летот W6 7739 кој треба да слета во Берлин во 15:15 часот а со него да пристигне и една битна личност Едвај чекам да слеташ Надвор е тмурно, депресивно, ладно , добро е што ќе дојдеш да ме стоплиш Ајде нека побрза времево , едвај чекам
Денес имав преубав ден со мојата внука (за разлика од вчера). Првин сабаљево кога ја донесоа, дојде кај мене у кревет и си легна и заедно спиевме докај 11. Станавме, доручкувавме заедно. После тоа, таа ме лакираше, па ме шминкаше, па јас неа, правевме селфиња и пробувавме разни гардероби. За прв пат малата среќна и заинтересирана а не немирна како што знае. Излеговме да прошетаме, бевме во шопинг и цело време ме држеше за рака. После тоа дури јас правев ручек за сите, таа гледаше цртан филм и јадеше киндер јајце. Па легна и заспа и спиеше докај 6. Моите дојдоа , и полегнаа малце. Со малата излеговме набрзина до Џамбо и таму и купив кукла. Сега дојде да ја земе брат ми пред малку, ми заспа в скут и така заспана ја предадов. Шо убав ден поминав
Сдк што е со машките членови на форумов (чест на исклучоци) можам да ги опишам со 3 збора примитивни ,искомплексирани, сексисти ! Нека си одат таму на кајгана не ни треба тука шовинисти !
Сдк.. душава ќе ми прерипа од радост...толку бев задремана, по пижами, сеедно за се..и одеднаш ќе ти се деси изненадување..фала му на универзумот шо ме спои со мојот партнер..едноставно ја обожавам неговата енергија..за момент ме направи да се осеќам најпрекрасно на светот и да заборавам на сите проблеми што ми се случуваат во последно.. На овој мој роденден денес најзаблагодарна сум за ваквата љубов што ја имам. Не би можела ништо друго да посакам освен здравје и само љубов нека има во секое срце па и во нашите до бескрај
На крајот од денот, ме пречекуваат твоите уморни очи. Тоа што го направи за мене, што се бореше за мене нема да ти го заборавам. Никогаш нема повеќе да те земам здраво за готово. Ти си мојата сестра, те сакам цецуш
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, на денешната прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање потврди дека се согласува со ставот на Светска банка дека македонското население ниту сака да работи, ниту пак бара работа. Па уште и пребирале дали им одговара работата, платата, штотијазнам SKD браво за директорката, еве јас ќе ја номинирам одма за работна позиција во Светската банка. Одличен пример... Ма немам зборови
СДК јас сум од луѓето кои често пешачат, ама успат и ѓеврек мора да се јаде, без разлика дали е сабајле или на вечер Е како така да се губат калории за џабе