Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    Никогаш не ги разбрав оние што брзаа да се мажат.
    Маж, дете уште од 20 и кусур.
    И после ми ѕмиздрат и ми велат што сум чекала до 28 без маж.
    :yawn:
     
    На Brinetka, Oxymoron, Dream-Girl и 15 други им се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.505
    Пол:
    Женски
    Вчера врнеше дури заспав.
    Слушаш како со полн ек истура надвор и некако спокојно те смирува.
    Ај и вечерва. :angel:
     
    На Brinetka, Purplelilac, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata Може да ја номинираме и за Дарвинова награда ако сака почитуваната.

    Се согласува, бидејќи нели што има работникот да пребира за плата, кога и повеќе од доволна е плата од 12.000 и притоа, на крај кога ќе ти ја дадат платата, македонскиот газда очекува да му речеш и фала...не оти си умрел од работа и малтретирања за истата.

    А тек па аплицирањата за работа, ма милион понуди, само ние ги одбиваме, а сигурно халуцинираме дека од 50 апликации 49 ќе те одбијат, и тој еден исто така, ама ќе се удостои па ќе врати на мејлот.

    Не го негирам постоењето на мрзеливоста кај индивидуи, ама страшно ме нервира ваквата генерализација, особено од човек што наводно би требало да биде еманципиран, кога веќе има позиција.
     
    На Purplelilac, Doozy, SwanMay и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Сите оние кои до срж ја хејтате технологијава, размислете за ситуацииве.
    - Одите по улица, во близина нема многу куќи, едвај 1-2 и се разминувате со некој познаник кој почнува да се гуши, има срцев удар, некаков напад итн. Треба веднаш да викнете брза помош, ама како? Ете знаете да му пружите прва помош, ама во меѓувреме да отидете до некоја куќа, да заѕвоните и да им кажете на луѓето да се јават од фиксен. А дали ќе се дома, тоа е друга работа. Истото важи и за итни случаи во кои треба да се викне полиција и пожарна.
    - Одите некаде првпат. Непознати улици, прашувате луѓе, ама дел не го знаат местото, дел ви објаснуваат нејасно. Така се шлаете ко изгубени Германци, дури на крај ајде ќе се снајдете, ама веќе сте закасниле.
    - Се договарате да се сретнете со некој надвор. Знаете дека тој веќе излегол од дома, ама вас ви излегува итна работа баш пред излегување и нема како да го известите другиот.
    - Или пак ваш(а) син/ ќерка/брат/сестра/роднина кои се 3000 километри оддалечени сакате да ги чуете без да платите енормна сума за сметка за телефон. (фиксен) Да не збориме кога ни фиксниве ги немало.

    Треба да се има граница, точно. Ама не и само негативни работи да покажуваш.

    И самиот факт што го читате ова, кажува дека сепак ви треба таа технологија:D
     
    Последна измена: 13 април 2019
    На JoanaS, Rama, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    41.013
    Пол:
    Машки
    Од небитните интерни убавини во друштвово за денес ги издвојувам лудите никови на месинџер како Иванка Трамп, Меркелица, Мехмед паша, Али Баба, Кољо Мејанџијата и се разбира мојот, Вратија се Шиме. 8)

    :D:D:D
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Кај си бе, кајјј сии :wasntme: :wasntme: :wasntme:
    Уфффф несреќо..се бркаме со телефониве место да сме сега заедно :@
    Едвај чекам да те видам вечер :inlove:
    Ццц стигнав и јас после доолги месеци да се затрескам и тоа за многу кратко.Ај со среќа :sweat:
     
  7. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    кога врне,истура.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.292
    Поштовање за мајката со сипаници што го прошета детето со сипаници, зошто да не бил сити мол цитирам - ќе се мрднеле дома овие две недели, и раскажа на другарка и у Зара.
    Јебала вас култура и осет и све.
    Може не се морбили, ама се сипаници, трудни жени шетаат, мали бебиња, луѓе со намален имунитет (особено па сега со алергии сите напуканк со антихистамини и кортико) она се релаксира во мол. После лутете се кога ќе ви кажат дека треба директно да се кажува некому дека е глуп, а не све да терате низ она - ама нејзино право, нејзин избор.
     
    На coldbaby, Ivan4e04, JoanaS и 23 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.281
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Па дома ли да седи? Ќе треба да го анимира занимава а не може во градинка... Вака нек зјае тоа во излози а таа нека тера шопинг. Може и во игротека да го однесе шоимавезе. Шо ако и друго фати. И нејзиното од некое фатило.
     
    На flower30, SwanMay, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Премногу ретко искачам со Татко ми,и кога ке искочам искачаме со Внука ми,денеска имавме кратка прошетка,и кога го гледам како се грижи за нејзе,како ја пази,ја негува,се прашувам дали истото би го правел и јас кога би имал деца,али уште повеќе ме боли,тоа што Мајка ми ја нема,кој знае она колку би ги сакала,и чувала,децата од мене и нивното друго дете,за кое за мене незначи ништо,а би сакал да можев некогаш да ја наречам Сестра,ама за жал никогаш во животот тоа нема да се случи...
     
    На Rama, Peperutce1115, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Вие што чувате куче или сте вдомиле, џабе изигрувате многу хумани ако немате одговорност кон други луѓе и кучиња додека го шетате зашто до толку ќе ви падне га*от ако му купите маска на кучето. Па и од време на време ќе видиш некој и без ремче го шета.
    Знаете јас што предлагам? Некој надлежен за оваа работа, дел од работното време да поминува по паркови, улици и штом види како некој шета куче без маска, му застанува, вади она картичка дека е вработен таму и таму и дека има дозвола да го казни и на лице место му запишува име, презиме, адреса и парична казна. Или евентуално само му заведува податоци и предупредување дека ако следен пат нема кучето маска, да плати дебела казна. За без маска и без ремче, дупла казна. Да ве видам после. Всушност повеќе вакви луѓе да има низ различни региони.
    Јас лично едвај 5 пати во животов имам видено куче кое има маска.
    Или уште ќе се убедува ама мирно е, ама не напаѓа без да го испровоцираш. И јас знам да возам кола, ама сигурно нема да се убедувам така со некој полицаец дека знам да возам кога ќе ме фати без возачка дозвола
    Ќе притрча кучево кон некое дете, кон друго куче. Е, ако се случи па друг да настрада, казна и плус да му се одземе кучето.

    Да се разбереме, не мразам кучиња. Се случило некое мало со сопственик да се заигра околу мене и да го погалам. Ама не сите се такви.
     
    Последна измена: 13 април 2019
    На JoanaS, Feminka22, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.281
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Треба и за луѓето 'маски' за уста..
    Мож тогаш ќе им текне колку не е хумано тоа. А може ни тогаш. Ќе да второво.
     
    На Feminka22, Gosh, СуперДевојка и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @LiliBoz, а можеби законот за маски за миленици не е баш толку „нехуман“ :) Зошто сме крш од народ, и не смее баш се да се остави на свеста на сопственикот. Другарка ми има огромна кучка која сите дома ја обожаваат и за нив е најсупер пес на светот, ама во реалноста, збориме за многу агресивно куче кое гризе без провокација. Особено ја нервираат мали деца (твојата слаба точка). Дете да трчка, да вреви? Готова е, ќе го јаде. Сопствениците не ја шетаат со маска зошто им е жал за кучето. Ете, нехумано било. Малку невнимание фали па да се случи трагедија. Твое дете да чепне, дали и понатаму ќе ти биде нехумано? Зошто ете, има сопственици кои ЗНААТ дека кучето им е агресивно, дека напаѓа и пак кулираат.

    Познавам куп сопственици, кои не маски, туку ни каиш не користат. И што ако јас кажувам дека не треба така, дека има луѓе што се плашат? И дека, во краен случај, животно е, непредвидливо е, и кога веќе не им е гајле за останатите луѓе, нели им е жал дека може кучето ќе им истрча пред кола? Ете, тоа и се случи на друга другарка, среќа кучето преживеа. И пак на нејзините пак не им доаѓа паметот. Што ако јас, и она, и куп други вергламе како треба и како не треба, кога нормално дека не ни обрнуваат внимание, ама кога законот ќе ги удри по џеб, и тоа како ќе обрнат внимание нареден пат дали ќе стават ланец или не.

    Знам дека маските нема да се користат, ама барем да се почитуваат законите за користење на ланци.
     
    На *Ench@nted*, Purplelilac, JoanaS и 10 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Nausicaa ова во стил: "Ајде да ги кастрираме сите мажи затоа што некои од нив се педофили." ти доаѓа.
    За ланци, да. А ако е опасно, тогаш мора и маска. Законот стои, тоа што не се спроведува е друго. Ама не можеш да апелираш сите кучиња да носат маска. Еве, на пинч уште маска му фали.
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.281
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Кучињата не треба да носат маски сем на интервенција.
    Народот односно газдите се криви што за обична прошетка има потреба да се става маска зошто не си го воспитале милениците. Додуше форумов е сведок дека некои ни децата не си ги воспитале така да...

    Иначе не се ни вика маска. Се вика корпа. За тие што сакаат да паметуваат. Нека научат прво. Ама па добро. Не знаеме ни што има во ракавиците што ги користиме а медицински лица се сметаме нели


    Патем законот гласи не за сите кучиња. Туку за тие што се смета дека има простор да се агресивни. За нив е корпа.

    Едит. И доста со тоа луѓе се плашат. И јас од некои луѓе се плашам па без 'маски' шетаат. Светот не е само на луѓето. Заправо најголем штетник е човекот. Само од огорченост може некој против животни да збори.

    А еве тане нека стави маска на 2 саати и нека шета така па нека каже како се осеќа.
     
    На dayla, SwanMay, irrelevant и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    По логикава ни ремени да не им ставаме оти и со ремен јас не сакам да ме шета некој.
    Во врска со ракавиците можеше еден тат да мавнеш, да биде подиректно.
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.281
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Епа извини ама не е исто да ти е врзана устата и да имаш поводник и да одиш поред газдата.
    Ама ти како најгласни еве пробај па кажи.
    Превише си земате за право.
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @DAngel, ај те молам со споредбава.
    Не апелирам јас ништо, само се надоврзав на муабетот за хумано. Маски секако дека нема да се користат кај нас ни во блиска иднина. Ние уште учиме дека треба куче на поводник да се шета :)

    @LiliBoz, ама ете, совеста не работи кај сите исто. И како да постапиме, како да се заштитиме и себе си и своите миленици? Агресивно куче без корпа, на долг ланец а сопственикот многу добро знае какво му е миленичето. Не се контрам, дискутираме.
     
    На Purplelilac и Tan4ence им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.281
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Апсолутно дискутираме. Јас ко што разбрав погоре неа и смета што СЕКОЕ куче е без корпа.
    Мене исто ми е ко на детево штаки да му дадам да оди иако не му требаат. Знам дека е здраво и може односно знам дека кучево мое нема никого да касне и нема потреба од корпа.
    А за заштита лесно е. Јас кога ќе видам куче кое ми е сомнително без разлика дали има поводник или нема едноставно поминувам од другата страна со мојот пес.
    Не изигравам диктатор. Секој има право на живот. Само ние ја имаме таа 'среќа' нашата огорченост да ја лечиме врз животните кои реално некад не не ни приметуваат.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не се користат ни во странство. Јас уште не сум видела куче со маска освен ако не е видно агресивно.
    Да, споредбава е супер, оти има поопасни работи што не се средени, а до домашните кучиња стигнавме. Низ центар не ти е страв да поминеш од скитниците кај кафичите на кеј што скокаат по сите?
    Си видела билтен од МВР? Секој ден има по 3-4рица каснати од скитници, ретко кога од домашно.
    Многу почесто има тепачки отколку каснати од домашни кучиња.
    Кога излезам сама навечер не ми е страв некое куче да не ме нападне, повеќе ми е страв некој да не ме силува :?: ама ајде, за мажите не смееме да збориме лошо затоа што "ама не се сите мажи такви", а кучињата одма сите со маски да се стават.
     
    На Gosh и LiliBoz им се допаѓа ова.