СДК дека природно е себе си/фамилијата да се ставиш на прво место...ама... ...се додека личниот интерес е пред општествениот ( посебно кај луѓето од власта) од нас нема да биде народ и од Земјава нема да биде Држава.
За скитници имам зборено во друга тема, дури и кажано како цела глутница ме опколија во Гази Баба и малку фалеше да ми се нафрлат. Колку што знам, за напад од улично куче одговара општината. За овие со сопственик, сопственикот. И кога веќе тој сопственик земал куче, има и одредени одговорности како негов сопственик. Spoiler Сите мажи се сексисти, у реду е. Еве дури јас сум била силувана дури без да знам, пази.
@LiliBoz, основно бев, носев високи патики до глужд, прилично подебели. Зад мене помина човек со чивава и кучево директно ме загриза за пета. Среќа што носев таков модел на патики, инаку...Кучето не беше на каиш. Сопственикот реакција „Леле, Цуци ама си безобразен, срам да ти е хехехе“, онака најмилно на свет. Тоа куче никогаш не го видов на поводник. Пред две години со другарка бевме да ја шетаме нејзината кучка што беше во период за парење. Ја утепав од галење па веројатно мирисот нејзин останал на мене (Појма немам како одат тие работи, се обидувам да рационализирам). Се разделивме и да поминам по едно патче (единствено е тоа, нема друго) куче милениче почнува да ме лае, `рже и да тргнува накај мене со издадени заби. Газдата гледа и ќути. Го замолив човекот да го повика да поминам, овој уште се смее, ништо немало да ми направи кучето, мирно било. Кучево `ржи и ми покажува заби... Едвај се накани господинот сопственик да си го повика кучето, да можам да поминам. Секако дека кучето немаше ни маска, ни каиш. Е затоа немам доверба во совеста на народов.
Да, и според закон и одговорност не е задолжен да му стави маска, освен ако не е опасно кучето. Сите кучиња се убијци, у реду е.
Не е одговорност да стави корпа зашто ти се плашиш. Утре може и на лево што му е на комшијата да ти е страв. Тоа не значи дека треба на десно да го стави. Гет овер ит. @Nausicaa друго ми е мене поентата од сам старт. А не на којшто му се случило. На сите нешто ни се случило. И да сите кучиња имаат корпа ќе има силувачи крадци и сл. Светот не е совршен. Ама ние за кучињата се фативме. И пак едит. Народот е најкрив во твојот случај. Но не може ние стравот на другите да го лечиме со жртва на нашите мирни песови.
Седиме денес утрото со другарка, разговараме на некои сосем општи, банални теми и одеднаш ми вели..,,Абе Одор, размислував нешто.." Штом ги кажа тие четири магични зборови, веднаш се запали црвениот аларм за опасност во мојата глава. Зошто, прв пат пред десет години кога ми го кажа ова, приказната немаше баш најсаен епилог. И секојпат кога ќе заглави во мелодраматична ситуација ја користи истата реченица. Зошто после нејзиното размислување за било што стандард, настанува ха-ос! Long story short.. поминавме фази составени од паника за несакана бременост, до заглавување пијана во непознат објект, па се до инцидент со заглавен тампон.. Spoiler (Последново е не толку пријатно сеќавање, зошто глумев гинеколог не по своја желба). Што значи инстантно, штом ми кажа дека ги употребила своите резервни атоми и честички од мозокот за размислување, морав да изголтам неколку чаши вода. Искрено, да ми се најдеше шеќер при рака во моментот, и него ќе го смучкав во чашата. Да не должам, знаете што ми кажа? Дека го пронашла својот идеален партнер. Некој кој секогаш ја слуша, почитува, никогаш не ѝ го заборава роденденот, не ѝ откажува излез.. - ,,Е, кој е тој бре?" Ја прашувам, видно зачудена зошто одамна не ми спомнала дека дејта некого. Одговорот што ми го даде? - Ти! Не можам да го доловам моментот во потполност, затоа можеби не звучи интригантно. Требаше да бидете присутни на лице место. Онаква мртва сериозна, го цуцка кафето и ми одговара. Абе мадафака.. А, денов општо? Хаос. Пропаднат договор, неодговорен мејл, работа која виси под огромен знак прашалник. Ама ќе се среди наскоро ваљда. Не знам што да кажам друго. Морам да се тешам, зошто не сум баш океј што се тиче каријере и посао у задње време.
Дали овие што ставаат 2361863817 сториња на Инстаграм кога се излезени на музика со прелош квалитет на звукот мислат дека некој им ги прегледува сите? #прашањакоимемачат
Во последно време се прашувам дали на крај ќе остане некој без дијагноза за психичко растројство. За секоја реакција, душевна состојба, слушам некој нов термин, некоја нова болест. Дали навистина психичките болести земат замав или реалноста е премногу сурова, па сме принудени да реагираме на некој чуден, досега непознат, одбрамбен начин.
Господ да те пази од жени со ку@иња. Оти бетер се и од мажите со мали ку@иња) Ова да се стави во дијагнозите на форумски и нефорумски 1.000 зошто, 1.000 затоа.)) Дисиснотабауттрансџендерпипол.лгбтенадерс.јоркуреисокејивенноукуреисокеј
Сакам да кажам дека вчера праевме торта со другарките. Со едната не треба да прајме веќе заедно, ова е трет пат и никако да се опаметиме. Касни од смесата, голтни шеќер, касни карфиол, касни колбас, касни туршија, напиј се кафе, напиј се млеко, касни јаготка, касни манго, касни од филот, касни од смесата, голтни какао, касни кисело крастајче, касни колбас, напиј се кафе, напиј се сок, касни манго, касни чоколадо, пробај од остатоците на тортата. Како на се ова измешано, и не, не додавам работи, не ни се слоши на двете -- не знам.
Колку треба да си до коска гнил и психички пореметен до неповратен степен за да земеш мали непрогледани мачиња, да ги врзеш во кеса и да ги фрлиш? Најискрено, со цело срце и душа посакувам да ги стигне кармата еден ден. Не можам да поверувам кој сѐ се нарекува себеси човек.
@Anabelle.Amorette Баш татко ми истото го коментираше пред некое време. Некој негов колега му рекол демек не било грев да ги фрлиш ако уште непрогледале. Што вели татко ми, што ќе да беше тоа, демек не можат тогаш гревот на неандерталците да им го видат?
Сериозно ли? Не можам да поверувам. Поголем грев за човештвово и цела природа сосе сите животинки е што постојат вакви монструми. Ќе беше супер ако повеќето сфатеа дека животниве не се инфериорни. Секој има свое место на планетава и не гледам кој кому дава право да одлучува за туѓ живот. Или животно е, не знае да зборува, па кај ќе се жали? Мизерија. Ми се гади.
@Anabelle.Amorette еден старец што беше на слава дојден лани кај нас се фалеше како ја фатил мачката што му направила "белја" (мислам дека од пилињата му фатила некое или слична причина) и ја обесил во двор со јаже. Како можат олку гадни суштества да постојат. Му посакав само тој така да се обеси. Гадови.
Послушноста во својата срж не е квалитет, не е особина која ќе ѝ послужи на една личност, посебно на подолги стази т.е. кога едно дете ќе порасне. Особено патетично е кога заедно со скромноста се врзуваат како доблести неопходни за женска особа. Ама, кој и кога веќе да сфати...