А ја најлудата работа шо ја праам сеа е шо работам 3та смена, а утре сум прва смена, на 50 километри од тука... И така...
Океј, современи граѓани, учени студенти, демек знаат многу (следеле се на интернет и за се се во тек), т.е. знаат само она што нив ги интересира. А да ве прашам мислите луѓето се под вас? Ако знаете една работа повеќе демек најголеми мислители сте? Кога ќе научите да мислите надвор од кутијата, не бидете ограничени со мислењата и воочете дека секој си живее во свој свет и знае многу работи за кои ти не си ги ни видел во тој "твој свет".
СДК многу ми се чудни луѓето кои не тепаат пајак дома, а посебно ако бил бел И што убаво дури си пиеме кафе, некој пајак се тегни нагоре-надолу, или си шетка по паркет а јас умирам од желба да го отепам, ама не смеам јер ќе им го расипам суеверието дека дома не се тепале пајаци Јас дома со голем ќеф ги тепам тие омразени мали гадинки, море и во двор ги тепам, само да ги начекам И мравите ги тепам со ќеф, посебно летно време кога знаат да бидат досадни Само пеперутки и буба мари не убивам #НесумПсихопатМајкеми.
Некогаш игнорантноста е луксуз достапен за оние кои живеат во свет со боите на виножитото. Нели, додека не те тресне нешто од земја, па не знаеш главата каде ти е.
СДК дека место да се делат совети како да се остане смирен во конфликтна ситуација, нели е подобро да се делат совети како да не се дојде до конфликт
Во исто време додека Македонецот фрла ѓубре насекаде, се жали дека никој ништо не презема за загадувањето, оди на митинзи да вее знамиња кај политиари кои со години лажат и крадат...туристи дошле од скандинавските земји и застанале на Матка да чистат ѓубре фрлено од домаќинот Македонец. Битно знаеме милиони броеви од бајачи и гатачи од сите села низ земјава, за во случај ако комшивката која седи лево од тебе и се вика на буквата О ти направила магија.
Сдк многу мразам мачки и не можам да ги поднесам поготово кога ми се парат под прозор ,кученца многу си сакам а мачки неможам да смислам ,вчера во 4 саат сабајле ми се пареа мачки под прозор ме разбудија многу се изнервирав и искочив да ги избркан кога тоа се качувам по скали пак си се вратиле уфф мислам дека сум единствена што хејта мачки!
Научниците успеале за првпат да одштампаат прво 3Д срце Браво за науката.....но и стравот од чудната иднина што ги чека наредниве генерации а како на тој некој човек со вакво 3д кога ке се караш, па му речеш - Абе ти немаш срце, што чоек си?? и јас одлепив готова сум
Копајќи по јутуП најдов едно постаро клипче и не можам да престанам да се смеам, значи ова србиве се луди скроз
Ако е фејк њуз треба да одговара директорот на училиштето. ТВ 24 се повикува на изјава која ја добиле лично од директорот. Во постоењето на митски игри не верувам, ама дека е можно некој локален психопат да таргетира мали деца од тоа школо, можно е. Исто како што е можно директорот да лаже дека имало деца кои се самоповредувале. Ама зошто би си ставал репутација со такви пријави? МВР е известена, ако е лажна пријавата, тогаш тој заработува пријава, нели? Не викам дека се игрите, ама епидемија на самоповредување е нешто што треба да се истражи