ау незнајв дека има тема '' Психологија'' на фемина .сега ја најдов дури. и така ми треба психолог како што викаат многумина што ги знам се гледаме таму
Не ми е јасно, зошто е толку голема потребата да се озборува? Зошто е толку слатко кафенцето додека се дискутира за туѓите проблеми, најчесто во негативен контекст? До толку ли се поинтересни туѓите стории од сопствените? Никогаш не сум наоѓала лична сатисфакција во тоа да седнам и да коментирам нечии постапки. Бидејќи за сè има причина зошто е тоа така. Додека не искусиш на своја кожа, не знаеш како е и немаш право да коментираш. Цитирам: „Абе цел семестар се нема појавено на факултет, којзнае шо и е ма, се фолира не и се учи. Шо се запишала на факултет коа не доаѓа? А онаа ја виде, фатила дечко. Каква е ко утепана, грда, никаква. Ќе се убијам еј, она има дечко, ја неам. А ти зошто мислиш дека е со неа? Од старт му има дадено. Такви се цело друштво, сељандури. Па таа една другарка шо ја има, цело време исто е облечена. Цело време у тоа фустанот окапа. А слушна за онаа? Се омажила на 19 години. Е зошо? Па не беше трудна. Свашта.“ Е да ти се згади! Па уште и си даваат свои констатации, кои најчесто немаат врска со вистината, зошто и како се случило. Дај насмејте се луѓе, кажете шега и на своја сметка, нема да пропадне светот. Па понекогаш бидете и вие главна тема на разговорот, нема да боли толку многу. Може и ќе успеете да решите некој свој проблем наместо да се занимавате со туѓите. А сигурна сум дека ги имате, никој не е совршен. Но, би сакале ли некој нив да ги коментира без ваше присуство? Се сомневам.
Наполеон рекол: Убавата жена е мелем за очите, а добрата е мелем за срцето. Оваа мисла ме потикна да размислам за повеќето мои машки пријатели кои сеуште си ја бараат сродната душа. Колку и да се образовани, паметни, нашетани, и се што го прави еден човек целосен, пак и пак се залетуваат по навидум убави жени, кои имаат празни глави, а уз тоа се љубоморни, зајадливи, иритантни суштества. И си патат потоа. Си патат зошто со такви личности сфаќаат после 2 месеци дека не се среќни. Секоја жена умее да стави надградба на коса, шминка, тесни фармерки и високи штикли. Секоја жена умее да се преправи во убавица. А, мажите знаат да се залетаат. Се залетуваат во нешто маскирано и преправено. Таа женска да ја видат одутро во пижами не би ја ни препознале. Честопати ќе ме прашаат: абе, онаа нели имаше гради, дај види ја сега ! И секогаш им објаснуваме како постојат разни прслуци, лажни газови, и милион додатоци за да се направиме нешто што всушност не сме. И пак и пак се залетуваат во такви жени. Понекогаш ме разочаруваат машки кои сум ги сметала за интелигентни, а не знаат да проценат една жена. Жената е човек. Ако не знаеш да процениш еден човек каков е, каде е твојата интелигенција ? Добрината....ја цени ли некој денес ? Сите ја бараат, а скоро сите ја злоупотребуваат и не ја ценат.
Ау,луѓе,топло.А и главава ме боли. Не е потребно да кажувам дека сум на распуст,нели,веќе ве известија. Онака фино си почнав,ќе видиме натака. Вчера ми гледаа на кафе бе. Не верувам ја у такви глупости,ама 70% ми погодија,ебаго. Кај глеате бе црни жени,кај глеате трудници,кај глеате куфери,кај глеате коњи,магариња,делфини.Ја глеам само рецки,жими се.Некогаш некоја фигура ќе препознаам,ама кој ќе ја толкува бре.Нека си седи мирна И вчера убав ден.И завчера. И така ви викам.Поминете го летово најубаво што можете.Јас отидов да дрмнам едно јако кафе.
Tell me when will you be mine Tell me quando quando quando We can share a love divine Please don't make me wait again Every moment is a day Every day seems a lifetime Let me show you the way To a joy beyond compare
Си седам ја замаена у екранов и ми текна: А бе ја јајца варам! Триесет и пет минути јајцата се вареле, алал ми вера. Кога видов дека на суво се праеле, цела вода испарила, ме удри една смеа... Па ништо не ми се слушна, ни клокотење, ни ништо.
^ summerlover ах со овие коктеливе, само не стрвиш Се замислив за тоа колку работи имаме премолчено.. Колку „те сакам“ не сте ги кажале на време? Колку „ми недостигаш“ сте ги премолчиле? Сфаќаме нешто на крај, но веќе е предоцна. Кажи тоа што чувствуваш, подобро е да знаеш на што си, отколку да се надеваш. Имајте убав ден.
Ги обожувам деновите во кои единствена преокупација ми била да станам од кревет, да ја наполнам кадата да и турам некое етерично масленце и купка, да уживам 1 час во неа, па уште некој час да се средувам, и да заминам на кафе или ручек со пријателите, па макар и да останам дома да уживам во добар филм или книга. Прајслесс... П.с. Ако некој ми го подари ова ќе му бидам доживотно благодарна
Моментот кога се бричиш со жилет, па одеднаш случајно се вртиш и во кадата гледаш неколку црвени локви како крв. Па во паника се вртиш во круг како мачка која голтнала реп за да сфатиш кај си се заклал...На крај сфаќаш дека тоа е уствари од лосионот за капење на кој течноста му е црвена. Tурурурур 3xLoL
Можеби сите твои машки пријатели имале лоши искуства со жените, па си инспирирана да го напишеш ова... Но, дали тоа значи дека секоја девојка која е средена од глава до пети, згодна и убава, со еден збор кажано, привлечна е за око, нужно значи дека е злобна и има IQ далеку под просекот? Вака со твојата генерализација, доаѓаме до заклучок дека: секоја интелигентна девојка, треба во јавност да излезе несредена, во најлошата модна комбинација, без прслук, со домаќинска гаќа со раб кој се познава (или пак и нема да може, оти фармерките не треба да се тесни, еве може неколку броја поголеми), да не става шминка, и да се здебели или пак, да ослабне до тој степен да е непријатна за гледање, така? Не за друго, да остави впечаток дека е добра девојка. Во врска со болдираниот дел. Доколку твоите пријатели се доволно возрасни, нашетани и паметни, тогаш кај им одлетува паметот во моментот кога бираат девојки? Доколку една личност е "целосна", во тој случај би требало, без никаков проблем да забележи каква личност всушност се крие под целиот тој костум на девојката. Е тука доаѓа и подвлечениот дел. Можеби и истата ја немаат. Не значи дека образованието и поминатите километри се мерило за нечиј интелект.
Покрај љубовните тинејџерски кокодакања при крајот, многу ми фали и времето во средно кога додека сите собираа пари за да се опијат викендот, јас тргав пари на страна за ... козметика и џиџи-миџи глупости. И се лутеше мајка ми кога ќе ми заприметеше нов кармин или маскара, многу пати се случило и да ме искара така асално, наводно за да ми дојде умот и да му кажам на дечкото да не ми купува глупости затоа што нели, поарно од нејзе да побарам пари, него ли вака да глумам плитка девојка. Кој црн дечко мајче, all by myself подароци беа тоа, ама оди докажи ако можеш. Мислам, изразот на лицето ѝ беше прајслес кога ја откривме Америка на крај, ама битен е моментот нели, кога си ја полниме главата со разни глупости и си правиме некои теории кои најчесто немаат врска со реалната ситуација. Колку ли пати ми се случило да си замерам со некој баш заради ова ... И ај нека каже некој дека она „каква мајка, таква ќерка“ не држи вода.
http://www.youtube.com/watch?v=y87J7u65R6c во комбинација со ладно пиво после добар ручек со семејството - непроценливо. Летото одамна започна бар за мене. Прва година на факултет - успешно завршена. Излегувања, дружење, по некое ново познанство...битно само убаво работи се случуваат. Слободното време сведено на минимум колку за одмор и тоа е тоа. Have a nice day
Прошетав нив темава и сум премногу среќна заради тоа што многу од мислењата се позитивни,позитивни луѓе,смеa,поучни мисли,насмевки насекаде.. Навистина ме израдува тоа бидејќи имаше еден период каде што мислењата беа од негативни по негативни...Тажни бевте/бев,со проблеми,нервози. И јас имав ете,некој тежок период но сега некако среќата повторно ми се појави. На основците,средношколците им посакувам среќно завршување на учебната година а на нас студентите со лесно учењето и полагањето на испити.. Времево некако не зафркава, де сонце,де дожд. Битно пред да почне да врне(сега почна да грме,врне) го метев дворот.Си сплетив плетенка и баба ми ми вика што вака со плетенка? Јас-Епа бабо да изгледам како селските моми. Ви посакувам убаво попладне! А а а а а..Да не заборавам да се пофалам,денес почнав повторно со вежбање. Ах,жива да не сум ако не се пофалам.
Денес да си добар те сметаат за глуп, но тоа пред другите луѓе а длабоко во себе ти се восхитуваат, но ете не го покажуваат тоа. Се си мислам дека речиси се што прават луѓето ,го прават за другите.Што ќе речат другите? Затоа и толку грашат.Речиси во се, па и во изборот на сродна душа. Живејте за себе, а не за тоа што ќе речат другите , на другите и онака не им е гајле. Колку и да сме совршени секогаш ќе бидеме оговарани, од личности кои ни завидуваат. Бидете добри со другите. Кој знае може и другите ќе бидат добри со вас еден ден. Машките пак , ете и тие почнаа да се шминкаат , да носат обетки,да си депилираат нозе,... Па мислам дека конечно ќе се свестат и ќе почнат да ја ценат природната убавина, посебно онаа која доаѓа од внатре.
Денот ми започна со прекрасни стари хитови. Некоја носталгија ми ја копка душава, и ме тера да воздивнувам за времето каде најголем проблем стрес ми беше тестот по математика. Ве оставам во добро расположение.. http://www.youtube.com/watch?v=_egs4VXHLYY
Гледам слики што постирале на ФБ од полуматура.. Абе да се збрка чоек, да не знаеш дали осмо завршила или четврта!! Ко торти во фаците, тенка штикла 15+ и фустани шо едвај г’зот им го сокрива
Сакам да кажам... Гледам денеска еден пар.Додуше често ги сретнувам,во град,на шетање по кеј,..Тој е слеп,таа е слабовидна.Имаат 2 деца.Двајцата работат кај некој газда кој го користи нивниот инвадилитет.Заедно одат и се враќаат од работа.Не знам дали имаат несогласувања и караници.Не знам како функицонираат.На шетање пак се заедно,децата со нив.И денес ги сретнав на горештинава,најверојатно се враќаа од работа. А јас здрава колку толку,едвај се довлеков дома по извршените обврски . Ме натера на размислување-што е тоа што нив ги придвижува-љубовта,слогата,семејството , желбата за опстанок,или настојувањето да бидеш како другите?! Или што е тоа што мене не ме придвижува да бидам подобра,насмеана,благодарна на тоа што го имам?! Животот е чудо.
И така си почнува летото,почнува и распустот. Денес направив генералка на целиот стан за убав почеток. Сакам да ми е чисто и пријатно за да можам понатака да си уживам деновиве,една обврска помалку. Почнаа и жештини оффф,ама ако подобро така отколку да се мрзнам. Ви посакувам на сите да имате прекрасен ден,и да имате прекрасно и незаборавно лето! Ве поздравувам со песничкава. http://www.youtube.com/watch?v=-q8vWbS2aqE