толкава несреќа сум што ова ми е не знам веќе кој пат по ред да зезнам вака телефон, се си мислам и цигла да е од што сум толку баксуз ќе се скрши кога ќе е у мои раце...
"За добраа ерекција треба прво перверзна партнерка ама, нашиве партнерки се срамат да бидат тоа што ги пали на нивните ебачи" Еден ваков интелектуален пост и понатаму стои во темата 'Проблеми со ерекција ' , а јас сум избришана и банирана од темата, јер сум се изразувала навредливо према членот од кој доаѓа изјавата. Нема ни да прашам кој модератор е одговорен, исти сте сите, терајте. Нека знаат сите жени кои доаѓаат на форумов за совет за нивните партнери кои мачат маки со проблемот од погоре, дека уствари се е нивна кривица и одговорност И мажите кои исто ја посетуваат темата за чаре, нека им заржат малце на партнерките, може и малце повеќе, да се освестат и да почнат исправно да си ја вршат должноста за да не им пати машкоста. Тажна фемино.
Тебе да те банираат од тема?????? Тебе.... Па јас мислев дека тебе ни господ неможе да те банира овде, дека си феминско заштитно лице...ајјјј... Извини ама морам да се патосирам од смеење, така ми доаѓа нешто убо на душичката, ме скокотка
Полуде светов. Секој ден го гледам тоа и не можам да се помирам. Не можам да се помирам како современоста и актуелните социјални мрежи ни ги покосуваат убавините во нас, околу нас. Седам со другарка која беше една од ретките што не пипаше телефон додека разговараме, а сега отворила профил на Инстаграм и постојано е со телефонот во рака додека збориме. Патувам еден викенд со други другарки и ги гледам како очајно се трудат да го опфатат секој момент на телефоните. Седам со мајка ми и упорно куцка на телефон. Доаѓа другарка на кафе за да листа на Инстаграм и Фејсбук. Седнувам со друга после не знам колку време да се видиме, изразува сочувство за татко ми, јас почнувам да зборам дека ми е тешко, таа го зима телефонот за да се допишува со типот со кого си го изневерува дечкото!? Се договарам со луѓето околу мене да се видиме, да наполниме ранци и одиме некаде во природа, тие: "Не, ајде да седнеме на кафе таму и таму, многу интересно го прават, да го сликнеме!" Луѓе, каде движиме?! Нормално ли е ова? Јас ли не сум ИН? Ќе рече некој смени си го друштвото. А друштвото не е едно, едни со други допирна точка немаат. Деактивирав Инстаграм пред подолго време кога осетив како ми прави стеги во животот, како ми го преокупира секојдневието и ми поставува пат по кој треба да се оди. Го мразам тоа чувство. Зошто некој мора да ни го знае секој чекор, зошто убавината пред мене очајно да се трудам да ја покажам на секој што ме "следи"? Зошто да ми е гајле дали некој седнал да јаде сендвич со пршута, или отишол во лозјено во Велес да се напие чаша вино? Зошто да водиме натпревар кој повеќе ќе прошета и ќе направи подобра слика? Дали за 10 години ќе се сетиме колку лајкови сме добиле на сликата или ќе се сетиме на убавината која била околу нас и искрената насмевка и енергија од луѓето кои биле таму во моментот? Колку време во денот трошиме на телефон. Па и ова додека го пишувам... Колку потенцијални љубовни погледи се пропуштени затоа што главите ни биле надоле додека сме оделе. Колку убави нешта пропуштаме секојдневно. Како животот ќе биде исполнет ако половина ден е преокупиран со што прават другите... Може ли на момент да ја почувствуваме реалноста? Излегувам надвор, вдишувам длабоко и мирисот на пролетни цветови се меша со воздухот. Го гледам зеленилото, шаренилото, жолти диви цветови има насекаде и пчелки на истите. Го шетам градот со велосипед. Денот го користам со активности кои јас ги сакам. Жива сум и сакам тоа вистински да го чувствувам. Мојот живот и исполнетоста во душата додека сум на овој свет е мојата грижа. Да преземам контрола над својата среќа. Се надевам секој е свесен како го "троши" животот.
...и додека велам колку убаво си го пишала ова, толку осеќам грутка во душава и дупка во мозоков...залепен ми е телефонов за рака, неможе без него...зависник сум тежок станала..е сега знам дека болестите на зависност тешко се лечат
По 10 пат го пишуваш ова божее *смајли што се крсти* АКО НЕ САКАШ ДА ТЕ ЦИТИРААТ НЕ ПИШУВАЈ ВО ОВАА ТЕМА ПИШУВАЈ ВО СДК БЕЗ ЦИТИРАЊЕ ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО.
По 2321424 пат се докажа дека јас сум за секаде, освен за во фуром. Не можам со луѓево и не можам, нервите ми попуштија. Смачено ми е од толерирање на секакви глуперди, затоа што така ми налага работата, ти им збориш едно, јок како со дрво да збориш. Смачено ми е да гледам како млади луѓе се преразочарани, секој ден се повеќе и повеќе гледаат како да го фатат патот за надвор. А и што нема да размислуваат, смачено им е на сите да бидат робови на газди што ништо не знаат да ценат, да живеат во држава во која работата им ја земаат малоумници со никакво образование, да плаќаат даноци само за некое препотентно копито да може у фаца да ни се смее дека не се чувствува безвеза оти вози бесна кола со наши пари. Смачено ми е од глупи муабети, од глуп и прост народ, од непочитувачи на интима, од безобразници што ги интересира мој живот, а мене не може помалце да ми е гајле за нивниот. Денеска ми се споија жиците, еден локален шериф директно ме нападна вербално, ми кажа еден толку прост и безобразен муабет, цревата ми се превртија. Одоколу сите вработени си ќутат, ме оставаат сама да се расправам со него, а типот е манијак со досие во полиција. Не дека не знам да се снајдам сама, ама како бре може сеир да си терате од страна додека некој ваша колешка ја малтретира? Па уште ми викаат остави го, таков е будала. А му прават муабет половина час. Едната дури после ми вика не доликува на женско да се расправа онака со мажи. Молам? Што треба да направам? Да дозволам вулгарни муабети да ми тропа и да се смешкам кисело со надеж дека ќе си замине? Море ебете си мајката сите, од прв до последен. Уште малку капитал и информации да соберам, ќе бегам подалеку колку што ме држат нозете, да ви се плукнам во говедата.
Се нервирам кога ми е срам некого да одбијам кога ми продава нешто. Денес, ми беше непријатно да го одбијам човекот што продава книги..... Реков, мора и тој некако да преживува, греота ми е да го одбијам. Не знам дали сум толку, наивна,, глупа, срамежлива. ......
Читам една статија, сопственичка на ланец фаст фуд ресторани вика дека миленијалците биле вообразени и разгалени оти не сакаат бесплатно да работат (за неа и општо). Excuse me, WTF?! Ај штом така, нека престанат прво многу луѓе во системот да бидат вообразени, па нека им дадат на младите бесплатно да студираат, бесплатно место на живеење, основни услови како вода, струја итн. Кој нонсенс и безобразие. Па и кај нас тука кога ќе слушнам секој втор што макар и цел живот сите врати му се отворени, како плука по други што не сакале работа за малку, али озбилно понижувачки малку пари, или oти рекле дека по макотрпно образование не би сакале да работат физичка работа, или па со ставот оти сите им се оди во странство оти сакаат *мнооогу* пари - ми се блуе. Полесно е зад грб да се нарекуваат обични луѓе од секојдневието мрзливи, вообразени, разгалени и не знам какви, отколку да се увиди за сериозна експлоатација на труд наоколу. Умислени мудреци, а всушност плитки и прости ко грав. Мех...
Аххх не издржа другар,не издржа тоа срце јуначко,се бореше како лав во дивина,рековме ке победиме,ке се бориме до крај,но крајот вака не го замислувавме,денес да треба да се испратиме со тебе,нели бевме Хуман народ,нели се гордееше со овој народ Хуман.Извини другар,прости ни,што не успеавме да победиме,почивај во мир,и прости ни
Се сеќавам кога бевме на ескурзија во Србија трчав јас по скали и се сопнав и се спружив пред цела генерација. Сите почнаа да се смеат, а јас ногата си ја превиткав, само тој дојде ме крена и ми рече добро си убаво девојче? После тоа го видов чат пат на голем одмор неколку пати и на некои свирки, ама тоа не го заборавив. После години кога прочитав дека се бара помош за него ептен ме погоди. Сега кога те прочитав тебе знаев дека е за него пишано. За жал никој не се излечил од таа чума... Нека почива во мир, јас ќе го паметам како добро, мило и симпатично момче.