Сакам да кажам ! Среќен роденден принцезичке моја . Најсреќна да бидеш . Секако , опет са закашнење на 18-ти и е инаку
Не дека ми беше другар,пријател,долго го познавав,и имавме супер дружба,али беше предобар,културен дечко,но ете за жал го снајде најлошото и најтешката болест,не успеавме како народ да собереме пари,иако имаше многу донации но ете џабе. Не го сакам оној Македонски менталитет,нели од кога човек ке почине,бил најдобар,најфин и итн,али искрено беше добар дечко,и јас ке го паметам целиот целиот живот.
Ми се смачи веќе од тебе, не сакам да слушам веќе за тебе, не сакам да те гледам. Не сакам да знам за тебе! Доста ми е од тебе! Разбираш ли? Сотри се, нека те снема, земја нека те голтне, оди си од нас. Помоќна си признавам, поголема си, понапредна си од нас луѓето, признавам сè само оди си. Прв пат за тебе слушнав уште како малечка, имав само неколку години кога ми кажуваа колку била убава баба ми. Дека на неа личам, нејзините очи, нејзината коса, нејзиниот лик. И нејзиното име. Ама не дочекала да се родам. А за тоа, ти си виновна! Слушнав: Да, преубава жена, таму почина во таа соба, беше болна од РАК! Плачев и плачев, ги гледав фотографиите и ѝ велев на тетка ми: Зошто ти не ја чуваше баба, зошто ја остави сама ракот да ја лапне?! -„Ах , дете мое, не е тоа таков рак, ќе пораснеш еден ден, ќе разбереш“. Ах, зошто пораснав, зошто разбрав? Ми си смачи веќе да слушам за тебе! Секој ден, секој божји ден ти победуваш некого во туркање со рака! Секој ден ти рушиш нечиј живот. Секој ден ти оставаш некои дечиња без мајка. Секој ден зацрнуваш некое семејство. Секој ден на некого му ја цедиш радоста. Секој ден на некого му ја земаш надежта. Секој ден, оставаш некого без татко, без сестра, без брат, без дете! Престани веќе! Не можам веќе да гледам. Како да ти вратам за сите детски солзи, за сите болки во душата на нечии мајки, сестри и жени? Доста секој ден слушам за тебе. Доста секој преглед на гинеколог, на мајка ми, сестра ми, тетка ми, другарка ми, одвај го преживувам. Доста веќе секое мое легнување на гинеколошки стол одвај го преживувам од страв да не ми кажат нешто. Доста веќе дознавам за тебе, на секој ќоше слушам за тебе. Во автобус, во комшии, на работа, на улица, во кафуле, пред зграда, во парк, на плажа! Па луѓе мои, чуда направивте! Зошто не можеме една болест да победиме? Можете да направите боеви глави, но не можете да пронајдете лек за ракот? Во каков свет живееме ние, каде растат нашите деца и каде умираат нашите мајки? Јас не сакам веќе да знам за ниедно детенце кое вечер ќе спие без мама. За ниедно момче кое утре ќе оди во школо без тато. За ниедна жена која ќе си легне без својот сопруг. За ниедна сестра која ќе облече црно за својот брат. За ниедна мајка која ќе живее без своето чедо од утре. Не сакам да знам за ничии солзи, за ничие срце распарано, за ничија душа оцрнета. Не сакам да знам за ничиј дом без огниште, за ничија свадба без сватови, за ничие легло со празна перница.. Да имаш раце и нозе би ти ги пресекла, да имаш врат би те задавила, да имаш очи би ти ги ископала! Да имаш душа би ти ја земала. Затоа што ти секој ден ни ја земаш душата на сите нас. Направете нешто, редно време е! Измислете, создадете, нешто направете. Доста војувате меѓу себе. Држава против држава, вера против вера, име против име, брат против брат! Доста е! Има само една војна. Ние луѓето од една страна и само еден зол противник - Ракот! Доста е! Кој ќе биде јунак чумата да ја победи? (Посветено на сите оние кои изгубиле во борбата против ракот и на оние кои сведочеле за тоа...)
Сакам да кажам дека Фолтин имаат нов албум, осми по ред радости „Момóма“ : експеримент за нив, уживање за нас Доколку не сте ги чуле, не знам што чекате. Бујрум на фантазирање >> https://www.youtube.com/playlist?list=PLGF0aTpbLWF1XUg7WAKMSnt3YeDrhr6RU <<
Пред некој ден гледав филм, Beautiful boy. Се работеше за момче кое пробува дрога, станува зависник, при неколку обиди да се одвикне и продолжи со нормален живот, повторно посегнува по неа, за на крајот, во лоша состојба, да отиде на рехабилитација. Па си мислам, колку добар наслов му дале на филмот. Додека момчето било мало дете, татко му пред спиење му пеел песничка со тие зборови, но всушност, она што ме замисли е, колку навистина луѓето еден таков човек би опишале како beautiful? Многу често, луѓето посегнуваат по дрога и стануваат зависници за да потиснат некој проблем. За да избегаат од некоја реалност. Сериозно треба да има повеќе разбирање меѓу луѓето и подадена рака наместо двоење, отфрлање, исмевање, етикетирање...
За жал, некои сеуште марихуаната не ја сметаат за дрога и ја користат за забава. Лажејќи се дека нема да посегнат по нешто посилно, а често посегнуваат.
Тој парфем е само обичен парфем, сѐ додека не го осетиш мирисот кога се гушкаш со него. Таа боја е само обична боја, сѐ додека не дознаеш дека е негова омилена и дека често носи облека во таа боја. Таа песна е само обична песна, сѐ додека не ја слушнете заедно, за после тоа, секогаш да остане потсетник на убав момент. Тоа место е само обично место, на кое претходно многу пати си поминала, сѐ додека не сте го обележале држејќи се за рака или спојувајќи ги усните. Сѐ е обично, додека не е обележано со љубов. Тоа е таа моќ која раздвижува, оживува, дава душа.
Ми фали љубов, ми фали среќа, ми фали мир. Ми фалат долгите прошетки покрај езеро со тебе, ми фалиш ти. Ми фали се она што мислев дека не ми е толку значајно. Ми фали искрен другар, ми фали искрена љубов, ми фали мир. Ми фалиш ти и старата јас ❣️
Денес ми е роденден. Прв пат во животот го прославив далеку од дома и од најблиските, далеку од пријателите и кучињата и ќе излажам ако речам дека не ми е тешко, синоќа на секој повик и честитка си ги голтав солзите. Маж ми денес работи цел ден и јас сум сама ама решив дека нема да тагувам туку ќе си го прославам денот сама, сменив перспектива и сфатив дека уствари убаво е денот да си го посветиш целосно на себе зошто сепак е твој ден, заразлика од предходно кога се потресував за спремање, забави, храна, торти и се растрчував за на крај јас да бидам преморена, а сите други да бидат погодени, денес си зедов храна, пиење и книга и си отидов на пикник. Цел ден лежев на тревата, читав, се релаксирав, немате поим колку се одморив. Инаку почнав да се прилагодувам на животот тука, со маж ми сме колеги, најдовме пријатна работа, физичка е и тешко е на телово, ама сепак стекнавме нови пријателства, работиме во многу познат бар, со многу богата клиентела, со одлични бакшижи, со одлични менаџери и барем сме заедно. Иако сум новата таму, трета недела, вчера ги поканив сите на прослава после затворање надвор и се изненадив што дојдоа повеќето, повеќе од кога седиме во обичен ден после работа. Имав џин и пиво од менаџерот, јас зедов нешто дополнително и грицки и да ви кажам убаво си поминав, ме испочитваа и направија да се осетам посебно, не дував свеќа ама сепак си замислив желба. Два месеци сум овде, уште два и ќе ги видам сите...бројам денови.