Кулирам, не реков дека сум совршена. И ме реков дека ќе прљам доба откако ќе се роди дете. Само коментирам до каде стасавме со приватноста на својот живот. Жалам што пополека форумот станува бетар од државава ако искажеш свое мислење. Поздрав, совршени
Едвај чекате некој да има спротивно мислење од вашето, па да му се нафрлите ко хиени. Страшно, патетично.
не се чуди ако му кажат на бебето ајде мило цуцни малце од пивцето што ти го сипа тато... Сваштарија се очекува поготово од фб хах
Треба да има програма за развој на таленти, страшно е какви таленти се пропуштаат. Како доказ за талент, може да се смета учество на натпревари. Под услов да им се пружи шанса на децата да се натпреваруваат, за жал на некои наставници тоа им е оптоварување, па не праќаат никого нигде. Брат ми кога учеше средно, имаше само насочено и мислам дека тоа беше најдобра опција. Дури и гимназиите, ако воопшто се водеа како гимназии тогаш, имаа некаков фокус.
Срцки мои, како да ви кажам дека воопшто не ми е интересно да ме благословувате со мажачка што побрзо. Значи ако си се омажила не значи дека си успеала во животот. Или ако мислиш дека си, остај другите сами да си бираат кога и како ќе си го водат животот. Не секој сака бракови, деца, чуда. Глејте си ја својата работа, ќе си ги сочувате забите.
Јас не подржувам доење во јавност, освен ако е покриена. Сега бар има преубави марами кои не чинат нешто многу Нема поплеменита глетка, но и поинтимен чин кој треба да се сподели само меѓу мајка и бебе. Јас ни еднаш не извадив града освен пред маж и золва. Дај сеа 5 жени сме во друштво, да извадиме гради додека седиме, а тука кум, старосват... Јас се повлекував во спална, ми требаше мир и мене и на бебе. Плус тече млеко, нема сигурно да се бришам пред луѓе. И сега го хранам на потивко со шише, за да си јаде мирно, ни ја на трпеза неќам да ми мрчи некој над глава. На маж ми му е глупо кога друга дои, сирот врти глава .. И околу купувањето... Јас купував се х2, ни на крај памет дека ќе ме снајде тоа што ме снајде. Во болница реков се што е дупло да се даде кај што немаат, ем мене душа ме болеше да гледам дупли работи за само едно дете. Може да се купи се за еден ден. Не знам ни сама зошто се форсирав, ама ете пусти мерак... Брзав за креветче, ете го спие во корпа од количка што ја купи сестра ми додека бевме во болница. За второ не би се замарала ама баш за ништо. Не од страв, него ќе уживам до крај, ќе галам бебе, маж ќе купува. Имало-немало, перено-неперено, ама баш ми е гајле. На крај битно е да се здрави и живи само, а не во што е облечено и каде спие. А ова за стори, болна работа- толку ќе кажам.