Драга, јас само ти реков да се надеваш не те осудив зошто пиша, да не ме сфатиш погрешно. Се надевам ќе успееш во секоја твоја замисла. Жално, што се караме за спротивставени ставови. Ова не важи за тебе. Општо велам.
Значи јас машко сум Катерин, мило ми е А не личам на машко, мајке ми. Am, wat? Рече текстот полн со стереотипи
(Се разбира, како мајка, знаеш дека сите овие нешта можат да бидат точни и за ќерки.) Оти не си мајка не знаеш дека може и за женски да важат тие работи. Кога ќе родиш ќе видиш.
Не знам јас кога вака наеднаш станавме модерно општество, сите свесни и совесни. Од толку што сте "модерни" дури човек не го оставате мислење да си кажи. Во модерно општество не се сите истомисленици колку само да знаете.
Е, дојдов за истото да го цитирам и како @KateKane да го искоментирам. Во првата половина од реченицата храни таков стереотип, а во втората вика дека стереотипите се глупости Всушност целиот текст е базиран на поделбата момчиња-девојчиња, ама шо има веза, народ се пали на наслови „Кога ќе станеш мајка на момче“, ќе лајка, само „Кога ќе станеш мајка“ не звучи доволно атрактивно и специјално. Затоа не читам статии на Фемина, со години го немам отворено сајтот. Единствена работа што ја читам (за забава) е хороскопот
Вчера случајно стиснав на хоум и прва беше објавата. Насловот ме натера да прочитам, оти очекував вакво нешто. Не можам да си опростам што ова е "најженскиот" форум и сајт што го имаме. Уште статија дека на жените им е место во кујна не напишале.
Иста сум. Се радувам кога колешката од X причини не доаѓа на работа, така одмарам од муабети и си работам сама и во мир, а она е скроз поинаква и криво и' е кога не сме иста смена, многу е енергична и многу збори, а мене тоа страшно ме умара... После само сакам да спијам, а не можам, ПРИБИДЕЈЧИ од нејзините муабети тапан ми е главата.
Сакам да кажам дека дур потенцијалната претседателка кажи реченица на дебатава, му поминва времето. Од друга страна во истото време потенцијалниот претседател е празна водејнца. Џизс. Ниваму нитаму.
Пред шест години имав другар кој ни раскажа една случка додека бевме кај него во викендица. Случка која мислам дека заслужува да биде и тука пренесена. Запозна батката девојка во која многу се заљуби, ама дека различни релации, тој Скопје, а таа Охрид, не можеше често да оди кај неа преку викенди. Типкава па, цело време се вадела со фори демек живее со цимерка - Марија, па затоа не може секогаш да прима гости дома. Поминаа девет месеци од врската и овој еден ден и покрај нејзините одбивања да се состануваат кај неа, решил да ја изненади. После шетање на плоштад конечно се решила да го прими, и прво отварање на вратата од станот оваа го предупредила со зборовите, парафразирам ,,Абе, да знаеш, да не се исплашиш, тука е цимерката". И овој срце јуначко рекол океј бе, ќе се упознаеме не е проблем. Влегол и првин му било чудно зошто нема никој. Таман да праша каде е, случајно се свртел накај креденецот во дневна и што ќе види, бела, долга, бабачко змија. Сфаќате? Тоа уствари била Марија. Го ругавме цело друштво извесен период. Оваа намерно од старт не му кажала зошто знаеше за неговиот страв од инсекти и змии. После тоа кратко одеа и раскинаа од непознати причини. Ми беше незгодно да прашам зошто, ама претпоставувавме дека е ради фактот што повеќе ја задоволува Марија. You get the joke, right? Денес ми текна на дешавкава зошто истиов лик чув си фатил женска - спонзорка од Њујорк, 20 години постара од него со која извесен период среќно живее. Секој со своето, не е сѐ во љубовта нели? Барем се надевам оваа нема дома една "Maрија". Ај да ве поздравам, и бегам. Spoiler
Некои имаат понекогаш слободно време а некои секогаш им е слободно време од немање живот. Ретардираноста таква ти е.
Среќен ден на лезбејската видливост Лезбејка: хомосексуална личност од женски пол, т.е. жена која сака жени.
Завршив со работа и одам брзам накај регионалниот воз имам само една станица и да се прекачам во нормален воз и да продолжам со патувањето. Нормалниот воз не работи од станицата на која сум моментално,а ако го испуштам регионалот ќе чекам уште пола саат и да си дојдам во никое време дома.Морам да бирам карта или да се шверцувам.Се качувам и вратите се затвараат... викам тоа е изборот. До мене стои млад дечко и почнувам муабет.Му кажав дека немам карта викам ако сум толкава среќа нека пишат 80 еу за една станица.Ми вика па убаво ама еве иде контола.Сега ќе контролира.Му викам епа сега тоа ми е среќата.Вика не се секирај имам јас карта.Ние се познаваме и заедно патуваме. После 20 часот до 3 сабајле, цел ден за викенди и празници смееш со годишната карта уште еден воздрасен да водиш со тебе бесплатно. Што да кажам, ме спаси од казна Му се заблагодарив многу и на претоварањето си купив карта. Мм ми ја зеде мојата годишна карта претходната недела,дека неговото градилиште е далеку и често пати и заборавам дека воопшто немам карта,па така се возам.Дури кога стасам дома ми текне дека не купила. Денеска ќе разговарам ако му треба добро нека си купи месечна тој или јас да си купам.Вака поединечно ем поскапо,а и што е лошо многу пати во брзање заборавам да купам
Не знам зошто некои луѓе толку трагично го сфаќаат немањето односи кога се работи за други личности кои се во врска. Па за туршија ли ги чувале, па биле само другари, па сигурно нешто им фали итн итн до коментари како да зборат за некои мрднати со умот, ненормални. На некои им се битни односите, на други не. Не знам што е толку тешко да се разбере. Не мора да значи дека врската им е лоша или дека нема љубов и кај тие што воопшто немаат.